Дали парите носат слобода?

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Нема врска, со самото тоа шо ќе прецизираме сума е дури тогаш ќе оди поентата на темава по ѓаволите. Значи зборуваме општо за голема сума на пари или милијарди ако сакаш. Онолку многу колку шо е потребно некому да го направат да се чувствува слободен. И со самото тоа доаѓаш до заклучок, носат или не парите слобода ?
Да но правиме муабет конкретно за кај нас овдека во државава или за останатиот свет(на пр. за на запад) .......... бидејќи кај нас милијардерите(оние кои имаат 1 милијарда или се блиску до неа) се бројат на прсти од само една рака, а и тие што се мулти-милионери не се баш којзнае колку, така да кај нас и нема богаташи(во некој голем %) па да можеме да го тераме муабетов за кај нас, а ако збориме за на запад, тоа е друго ............. кај нас и нема вистински богаташи у прав смисол на збор, кај нас имаш шминка, на пр. кај нас имаш голем % на лица кои се онака нормално ситуирани(имот, кола/коли, некоја пара плус...) кои ние нормално ги рачунаме за богаташи(спрема нас), но да отидат на запад ваквите ќе бидат само најобични просечни граѓани ............ така да муабетов е гола вода, кај нас доколку средната и ниската класа ги ставиме во едно, тогаш оние вистинските богаташи(мулти-милионери) ќе бидат во ептен мал незначителен процент, е сега тоа што кај нас и средната класа се става во богати е погрешно, човек кој е нормално ситуиран мислам дека и не треба да се става во класата на богати, во класа на богати рачунам лица кои имаат повеќе милиони(зборам за кај нас во државава) што имаат компании, фабрики... возен парк од неколку стотици илјади евра, огромен мулти-милионски имот, повеќе милиони по банки и.т.н. а таквите кај нас се мал незначителен процент, така да ако парите(збориме значи за огромни суми) навистина носат слобода, тогаш кај нас во државава неслободно е преку 90% од населението !
 
/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
^ Да точно тоа шо го велиш, ама не беше темата на муабетот колку во македонија се милионери, а колку на запад. Значи збориме субјективно, т.е си фантазираме дека ете на пример ја имаме таа можност да имаме огромно богатство и дали во таа ситуација би се осеќале послободно или напротив тоа ништо нема да ни значи.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
^ Да точно тоа шо го велиш, ама не беше темата на муабетот колку во македонија се милионери, а колку на запад. Значи збориме субјективно, т.е си фантазираме дека ете на пример ја имаме таа можност да имаме огромно богатство и дали во таа ситуација би се осеќале послободно или напротив тоа ништо нема да ни значи.
Абе види сега ............. ако имаш да речеме навистина огромна сума на пари, да, ќе живееш послободно, НО под услов многу да не се фалиш и да не се експонираш во јавност(ко Холивудска ѕвезда:icon_mrgr:), да не се курчиш премногу, да не се расфрлаш премногу, да живееш во нормална куќа/стан, да имаш да речеме просек кола, бидејќи ако живееш во некоја огромна палата со базени и триста чуда и ако возиш Ламборџини на пр. нормално дека сите ќе те приметат(цел град) и по автоматизам нема да имаш слобода, ако си богат и ако си скромен тогаш ОК, но ако ептен се фалиш и курчиш неверувам дека ќе имаш слобода, а и покрај парите обавезно мораш да имаш и солидно здравје ............ бидејќи ако немаш здравје џабе ти се парите, па ако сакаат нека бидат и милијарди !
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.682
Поени од реакции
1.021
А зашто мажот мој е тој што мора да има добра работа? И зашто од моја страна би се појавиле караници или развод? Не знам како не сфаќаш - јас зборувам за рамноправност меѓу брачните партнери - во секој поглед.
И не, нема ЈАС да се карам, ситуацијата која ти е наментната сама по себе ќе придонесе за тензии и фрустрации - две ствари кои први се јавуваат при недостаток на основни средства за живот.
Баш ме интресира кој степен на слобода би го доживеал ти, ако ти си мажот од примерот што го даде
Епа гледам според твоето сваќање мора да има добра работа мора да е од добра фамилија. Затоа и те прашав а што би било по 10 год од брак ја губи работата и ред др не посакувани работи што би било тогаш ? Јас сум за рамноправност не е битно кој ќе има поголеми финансии машкото или женското за мене е исто али мојата жена да остане без работа во никој случај нема да биде омаловажувана или оставана како 13то прасе . Сме се решиле на заеднички живот и мора да биде така
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Абе види сега ............. ако имаш да речеме навистина огромна сума на пари, да, ќе живееш послободно, НО под услов многу да не се фалиш и да не се експонираш во јавност(ко Холивудска ѕвезда:icon_mrgr:), да не се курчиш премногу, да не се расфрлаш премногу, да живееш во нормална куќа/стан, да имаш да речеме просек кола, бидејќи ако живееш во некоја огромна палата со базени и триста чуда и ако возиш Ламборџини на пр. нормално дека сите ќе те приметат(цел град) и по автоматизам нема да имаш слобода, ако си богат и ако си скромен тогаш ОК, но ако ептен се фалиш и курчиш неверувам дека ќе имаш слобода, а и покрај парите обавезно мораш да имаш и солидно здравје ............ бидејќи ако немаш здравје џабе ти се парите, па ако сакаат нека бидат и милијарди !
А која е поентата да си богат и да си скромен? Парите за што ке ги чувам, за внуци?
Ако веќе имам, ке гледам максимум да го изживеам животот, да го видам најубавото од целиот свет, да јадам и пијам најубаво јадење и пиење, да имам најскапа облека, да се забавувам со најубавите жени, да пробам се што ке посакам, затоа што тоа што го сакам ке можам да го имам, бидејки имам многу пари. Времето брзо си иде, така да тешко дека некој со мнооогу пари ке сака да ги чува под перница.
А и не чини да се чуваат парите, знаете како викаат, ако водата од бунарот не ја пиеш, ке се загади. Исто и со парите, ако не ги вртиш, вложуваш, трошиш, како сакате кажете го тоа, ке ги снемаш за брзо време, или може да изгубат вредност, да девалвираат, и нема да ја осетиш убавината на богатството кое го поседуваш.
Сите ние сакаме да имаме многу пари, ама не затоа што сакаме да си ги броиме дома секој ден за да се ситиме на купчето пари кое сме го заработиле, туку затоа што со парите можеме да си приуштиме многу задоволства. За некој Ламборџини е задоволство, за некој јахта, за некој куќа од шпанска серија, за некој трошење на пари по жени и кафани и сл.
Глупо е тоа што дел од луѓето кои имаат пари, купуваат некои скапи работи со идејата за другите да го видат. Јас ако купувам, купувам за себе затоа што, тоа јас сакам да го имам или да го направам ради мое задоволство, не ради инат на комшијата, за да бидам над него со богатството. Тоа веќе е сељачки менталитет.
Секој кој има пари, сака да ги потроши за некое свое задоволство.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
А која е поентата да си богат и да си скромен? Парите за што ке ги чувам, за внуци?
Ако веќе имам, ке гледам максимум да го изживеам животот, да го видам најубавото од целиот свет, да јадам и пијам најубаво јадење и пиење, да имам најскапа облека, да се забавувам со најубавите жени, да пробам се што ке посакам, затоа што го сакам и ке ми се може да го имам, бидејки имам многу пари. Времето брзо си иде, така да тешко дека некој со мнооогу пари ке сака да ги чува под перница.
А и не чини да се чуваат парите, знаете како викаат, ако водата од бунарот не ја пиеш, ке се загади. Исто и со парите, ако не ги вртиш, вложуваш, трошиш, како сакате кажете го тоа, ке ги снемаш за брзо време, или може да изгубат вредност, да девалвираат.
Сите ние сакаме да имаме многу пари, ама не затоа што сакаме да си ги броиме дома секој ден за да се ситиме на купчето пари кое сме го заработиле, туку затоа што со парите можеме да си приуштиме многу задоволства. За некој Ламборџини е задоволство, за некој јахта, за некој куќа од шпанска серија, за некој трошење на пари по жени и кафани и сл.
Глупо е тоа што дел од луѓето кои имаат пари, купуваат некои скапи работи со идејата за другите да го видат. Јас ако купувам, купувам за себе заоа што тоа јас сакам да го имам или да го направам, не ради инат на комшијата, за да бидам над него со богатството. Тоа веќе е сељачки менталитет.
Секој кој има пари, сака да ги потроши за некое свое задоволство.
Да но доколку имаш навистина многу пари, а притоа премногу се експонираш во јавноста(со тоа што ти го напиша: палати, скапи автомобили, жени и.т.н.) тогаш друже по автоматизам ја губиш слободата .... тоа е тоа ........... сите ќе те знаат, цел град, ќе бидеш како Холивудска ѕвезда за средината околу тебе, тоа ми беше поентата на постот !
Самите пари ти приуштуваат многу, повеќе пари=поголеми задоволства да, меѓутоа ја губиш слободата, бидејќи сите ќе те знаат, секако доколку претерано се експонираш т.е. курчиш со тие работи што ги спомна(задоволствата) !
Значи не е финтата да имаш многу пари, а да мизеруваш, не да мизеруваш и штедиш претерано, туку да бидеш на некоја средина/оптимум, да не се експонираш и курчиш претерано ........... бидејќи на тој начин ќе ја изгубиш слободата !
 
Ок, сите ке ме знаат, а искрено мене и би ми одговарало сите да ме знаат. Што им фали на глумциве од холивуд. Ги следат папараци постојано, да, постојано се на тв, ама за тоа не се тие виновни, што си уживаат во животот, туку новинарите што премногу ги експонираат, трчкаат по нив како некои шпиунчиња. Ако некој отиде у вц, новинариве ке го бапнат тоа на насловна, па крај краева, што мене како читател ме заболе, кој од тие глумци, со која жена бил, или каде јадел, или дали се начукал или издрогирал.
Проблемот со тоа што ке бидеш познат и слободата ти е ускратена, ти го создаваат медиумите, што значи дека тие се криви за тоа, и нив треба да ги тужиме. Што има лошо во тоа човек да има пари и сака животот да си го изживее максимално најубаво што може?
Замислете сите кога би имале се што ке посакаме, односно финансиите да не се битни, колку убаво би ни било, колку задоволни и среќни би биле?
Ама медиумите све тоа го извитоперуваат и си играат со менталитетот на луѓето.
Мене на пример од глумците, пример ми е Чарли Шин. Тој човек е толку слободен, и толку искрен, што кажува каде се дрогирал, со кои жени бил што правеле, ама до детаљ, и баш му е гајле што народот ке каже бидејки на него му е битно тој самиот што мисли а не народот. Некои негови дела не ги сметам за добри, ама слбодата и искреноста која тој ја има и те како ги сметам за позитивни. Меќутоа тоа си е негов живот и што сака може да си прави, јас можам само да кажам дали ми се допаѓа тоа или не, а да наметнам на некој друг мое мислење не можам а не ни сакам, исто како што не сакам некој друг да ми наметне нешто што јас не го сакам.
Тоа сакам да го кажам, дека ние треба за себе да си мислиме, а не што ке каже народот ако премногу се експонираме.
Што сака нека каже, се додека на тебе ти е убаво, народот не е битен, тие нека си го губат времето во трачарење а ти живеј си го животот. Секако, не е битен народот доколку не му нанесуваш некаква штета.
 
L

Luki Junior

Гостин
darmon, најубавото јадејне и пиејне е до тебе дома, ама не си го осознајал оште
Не си сонувал чушки пржени со домашни јајца, заедно со френки салата и една чашка 20годишна лозова, па стави и свежо изваден печен леб од фурната, корката крца, пука...
Или па некоја баница пресна пресна извадена од шпоре на дрва, па сиренце од канта, и домашно овчо кисело млеко.... Или заколеш свинчето, месото оште топло го сечеш, редеш на скара, домашно вино се лее со литри, радио со расипан звучник ѕрнка некаква музика, некој спрема салата од пресно стасана туршија, а некој друг па грее ракија... Или идеш у 5 сабајле одбереш си лубеница од нивата, ладна, пресна, мириса на земја, пука коа ја сечеш, топе ти се уста... Искатераш се на црешата, зобаш како ненормален.... Или гонеш петело у недела да го фатеш да има месо за манџа и ориз ...:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Плаќај по евро кило од супермаркет дека и да си у свето и замислувај си колку ти е убаво... еее размечтајах се.... стига толку.... За некој филм, за мен животна приказна...

Тие работи са релативни за секој човек, не можеш да се расправаш за вкусове. А за ако мислеш оти ти шо ке ги купуваш тија работи само за тебе, и лично само за тебе, се некој ќе се најде да јаде трици за тебе, каков си дигнан, апашиште и не ги заслужуваш парите шо ги имаш... Убавините и слободата на живото у повеќето случаи не вредат ни 5 пари... Ама ако имаш у тиквата малку самосвест и самопочит.

Фаците од холивуд си имаат сите до еден по неколку психолози, терапевти, лични тренери, доктори, дилери, советници, свештеници од најразлични религии, за да ги одржуват колку толку нормална психофизичка состојба и си живеат у сопственио балон на “популарноста“. За слобода тука и не станува никаков збор... Повеќето намерно се фрцкат кај папараците за да праат пари, и да са у центаро на вниманието..
 
Тоа е твое мислење, твојата вистина за погледот кон животот. Ти си сакаш да си живееш скромно, да си одгледуваш животни и да се бавиш со земјоделие, значи нешто скромно, затоа што таму си ја гледаш среќата.Ок го почитувам тоа, ако те прави тебе среќен зошто па јас да ти наметнувам мислење дека тоа не е добро. Јас сакам сите да бидат среќни и да го во животот да го постигнат она што го сакаат.
Мојата вистина мојот поглед кон животот, е дека материјалното и духовното се подеднакво важни. Што повеќе ги имаш и двете тоа побогат човек си и во двата погледа, побогат духовно, и побогат материјално.
Подеднакво е важен градот со целата таа галама, и подеднакво се важни планините, езерата и сите убавини на природата. Сите места и се што постои материјално и духовно е важно за мене, нема нешто што не е важно.
Јас сметам дека во мојот живот имам дисбаланс на овие две работи, дека имам повеќе духовно а помалку материјално и затоа тежнеам кон тоа да му ставам поголем акцент на материјалното за да го израмнам со духовното. Некои ке ме наречат материјалист, ама кој како сака нека ме нарече јас си знам што сум и што сакам, мислењата на другите си се само нивни мислења, а не мои, и никој не може да ми наметне мислење, освен ако јас не се согласам со тоа.
Парите се многу важни иако во исто време јас ги гледам како обоени хартивчиња кои немаат реална вредност, само куповна, но свесен сум дека со тие хартивчиња човекот може да искуси и научи многу убави работи, да си направи животот да му биде многу удобен за живеење. Секако и со парите може да се стекнат и лоши искуства но сепак тоа е до изборот односно свеста на оној кој ги поседува.
Значи пак, за да живееш убаво мораш да имаш пари ама па ако не знаеш свесно да ги искористиш нема да изживееш убаво. Поврзани се работите и треба и двете да ги поседуваш за да бидеш вистински задоволен и среќен.
Исто така сум свесен за тоа дека сега луѓето го прават светот, грдо место за живеење, со целата таа омраза лицемерие, криминал и тн, кој што воглавно доаѓа од врвот на нашето пирамидално општествено уредување, бидејки врвот, ја има моќта а оној кој има моќ има тенденција да биде егоист и да има желба за контрола врз другите, односно наметнување на мислења со својата надмоќ, и досега тоа им успева, и ке им успева се додека не се освестиме, а мислам дека полека се освестуваме и во блиска иднина ке има една револуција на тој план.
Затоа и ние се чувствуваме како да сме робови на парите, и затоа сме гневни на парите, и на материјалното, бидејки ја сакаме слободата. Затоа и оваа тема е отворена. Но ако сакаме да бидеме слободни во секој поглед не треба да им се лутиме на материјалните нешта што постојат, тие си се само предмети, објекти, туку треба да сме лути кон оние кои владеат со нас односно со светот. Тоа се луѓе, не се предмети, значи ние треба да сме гневни на тие луѓе, бидејки тие го контролираат начинот на функционирање на светот, не на парите. Но секогаш за да се направи промена на подобро, мора да се зачува идејата дека може светот да биде убаво место за живеење.
Денес не е лесно да имаш се, и пари и среќа, тоа ние го нарекуваме совршенство, но за да си олесниме мораме да мислиме како да стигнеме до тоа ниво, а тоа ќе го постигнеме само со оптимизам. Со кукање како се е тешко ништо нема да промениме.
Јас посакувам секој човек во светот да може да живее луксузно и да има се што ке посака, затоа што кога секој е задоволен и среќен во животот никој не може да го натера нешто лошо да направи, да го контролира. Нас владетелите не држат во мизерија, намерно, за да можат да не контролираат затоа што мизерен народ е многу лесно да го контролираш, само вети му дека ке му дадеш многу пари, и се што ке посака, ама под услов да иде во некоја земја и да убива други луѓе и тој одма иде затоа што тој е мизерен, некој му понудил решение за излез од мизеријата и овој нема избор иде и ке направи се.
Затоа јас посакувам сите да сме среќни и материјално богати затоа што на среќен и богат народ не можеш да му ветуваш среќа и богатство, бидејки тој веќе ги има, и не можеш да го однесеш во војна затоа што среќниот и богат човек не сака да мизерува, да биде несреќен, и да гладува.
Среќата доаѓа со многу добро разбирање и чувствување на духовното во секој поединец а тоа е љубовта и со поседување на многу материјално односно пари или предмети.
Тогаш ке имаме се, ке бидеме повеќе слободни отколку што сме сега.
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Да бевме богата земја, немаше да молиме по светот и да прифаќаме секакви услови за да се задолжиме, да се прилагодуваме и да се тртиме на триста „спонзори“, туку тие ќе не канеа и молеа да им се придружиме.
Да беше просечното семејство во РМ финансиски средно обезбедено, ќе можеше да размислува и избира каде ќе летува, каков фрижидер или плазма ТВ да купи. Студентите слободно ќе одеа да се школуваат каде сакаат, младите двојки слободно ќе планираа каква свадба ќе прават, каде ќе живеат. Пензионерите ќе можеа да патуваат или да си овозможат полесна и порелаксирана старост, а не да седат дома со купчето лекови на кое им отишла пола пензија а другата половина веќе е таксана на внуците оти татковците и мајките одвај крпат крај со крај.
Најпосле, да имавме повеќе пари, многу пропаднати бракови ќе се разрешеа и бившите партнери ќе имаа слобода да ги градат своите посебни животи со помалку трауми за сите засегнати од дисфункционалната заедница.
Парите носат слобода.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
И парите и слободата секој си ги толкува на свој посебен начин !
Некој има пари, ама скромен човек е ........... некој па има помалку пари али сака повеќе да се покаже .......... некој има афинитети и го прават среќен и слободен едни работи, а друг човек па си има сосема поинакви афинитети и слободен и среќен го прават сосема други работи ........... значи се е релативно од човек до човек сепак да признаеме дека постојат разлики !
За некого слобода и среќа е вечер да отиде да седне негде, да има свирка и да се направи дрво пијан и да се бапне на патос !
За некого среќа и слобода е да влезе во некоја кладилница или казино и да бапне толку и толку пари, со намера дека ќе добие многу повеќе и среќен е поради тоа, не дека ќе добие пари, туку среќно и слободно се чувствува што го прави тоа, се надева и верува дека ќе направи пара од коцката ........... а уствари само си прави штета самиот на себеси и на своето семејство !
За некого среќа и слобода е да има пари и да си купи БМВ и да го видат сите цел град дека имал БМВ, тоа го прави среќен и ужива во тоа, си мисли дека е над сите !
За некого среќа и слобода е на изгради уште една куќа, или пак уште еден спрат на куќа, или пак да купи стан и сл. ....... едноставно има и такви луѓе кои уживаат на тоа !
Некој па ужива и се осеќа слободен и среќен ако нонстоп шета по светов, има и такви луѓе кои и последната пара ја даваат за да шетаат по цел свет, едноставно такви се луѓето авантуристи и тоа ги прави среќни и слободни !
Некој друг па е среќен и слободен ако е нонстоп со луѓе, појди ми-дојди ми ......... комшии, роднини, пријатели, колеги... други па сакаат и уживаат повеќе во самотијата т.е. во мирот, раатот и тишината, несакаат премногу друштва, галами, гужви... некој го прави среќен и слободен искачањето навечер во кафич/диско, друг па не ужива многу на тие работи и.т.н. значи слободата секој си ја толкува на свој начин, без разлика дали има повеќе или помалку пари, секој човек си има различни задоволства и афинитети кои го исполнуваат, го прават среќен и слободен ........... но сепак секое задоволство(било кое) ЧИНИ ПАРИ !
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Дефинитивно дека парите се еден од условите кои носат слобода,секако дека среќата ја надополнуваат и други важни работи,меѓутоа за да функционира едно семејство нормално ,среќно и слободно потребни се пари .
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
До одредена мера да.. во поглед на висината на куповната моќ...

Но, онака философски, не.... Не се работи овде за морал и етика, него чисто гледано од аспект на физичка ствар - парите и апстрактна ствар (душевна состојба) - слободата..
 
Член од
6 август 2012
Мислења
123
Поени од реакции
39
naprotiv ,megutoa se sredstvo za egzistencija,a slobodata e nesto drugo nema vrska so parite
 
Член од
10 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
54
Ако пробуваме да ги анализираме така работите,
чисто гледано од аспект на физичка ствар - парите и апстрактна ствар (душевна состојба) - слободата..
тогаш мешаме баби и жаби. А и не само парите, туку ништо на светот неможе тебе да ти ја одземе “апстрактната слобода“. А и незнам зошто некој би посакувал таква состојба за која би требало да се откажеш од се.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom