Ментална слобода. Потврдувам со две раце. Оти? Ако имаш точно пари или вишок во џеб, нема да си врзуваш филмчиња во глава како и од каде да платиш кредит, сметки, јадење односно да претураш од шупливо во празно. Надвор луѓето не се замаени, туку се зафатени психички со размислувања од што да скрати за да купи нешто што е од егзистенцијално/елементарно значење.
Парите ја отвараат менталната слобода, дозволуваат виугите во мозокот да се занимаваат со префинети работи - уметност, историја, философија, психологија итн.
Не се философира на празен стомак или со извршители на врата.