Да, порано постојано. И тоа најискрено, највистински, најпосветено. Многу опушта, исполнува, облагородува...те прави да се чувствуваш дел од светов, како да не си сам и има кој да се грижи за тебе и како да ќе најдеш решение на проблемите...Можеби и зошто бев дете и во најнаивната страна со која ми беше покажана религијата и ја консумирав...
Денес изгубив верба во буквално СЕ околу мене - религијата, луѓето (пријателите), системот, вредностите и сосема имам изгубено волја и желба и енергија да се молам...Можеби и зошто не сум се нашла во ситуација да ми е некој тешко болен, со што би се осетила беспомошна, за повеќето проблеми кои настануваат свесна сум дека сама си ги креирам и сама ќе си ги решам (ова зошто најчесто молењето го поврзуваме со проблемите).
Сепак не можам да порекнам дека и денес ми се случува иако МНООООГУ, мнооогу ретко да го почувствувам тоа возвишено чувство кога ќе влезам во црква, некоја чудна смиреност и обединетост и светост, ако ништо друго...