А, дотичната/от не размислува до тој степен, па да ги брише пораките?
Кога веќе имате еден таков однос на проверување пораки еден со друг, сигурно не би бил/а до толку глуп/а да ги чува пораките во инбоксот.
Ако не сака вие да дознаете нема.
И повиците(и пораките сеедно) кои влегуваат во таа категорија одстрана, односно вонвашата врска, оние на кои сигурно не би сакале да налетате во телефонот при проверката, доколку партнерот барем малку се потруди да не дознаете, нема, пошто нормално дека ќе ги брише и ќе врши регулатива постојано.
Иако, никогаш не може да се изостават и исклучоците, како на пример,упорноста на другиот да провери, мало невнимание од партнерот, заборавање да се избришат повици/пораки итн. од кои партнерот(доколку сте приврзани и прилично долго време заедно) би завршил на тахикардија.
Сепак, тука веќе доаѓа до израз и друга проблематика, така да тоа настрана, конкретизирав за дискусијата од погорните постови.