Дали е успех или е неуспех да се замине во странство?

Член од
14 мај 2010
Мислења
109
Поени од реакции
18
Некое време размислувам на оваа тема, и никако да си дадам одговор. Околу ова имам разговарано со повеќе луѓе, ама никој не ми дава доволно убедливи аргументи. Јас на пример, мислам дека имам доволно добри аргументи и за двете размислувања. И во тоа е проблемот. Поради тоа не можам да се одлучам. Мислам дека тука подобар совет би дале луѓе кои се повозрасни и кои имаат живеено и тука и во странство.

Еве на пример да речеме дека е успех: па да, би можело да биде успех - најдобрите македонски спортисти играат во странство. Целата македонска јавност се гордееше кога излезе информацијата дека Перо Антиќ ќе игра во НБА. Тоа е успех. Дарко Панчев исто играл во странство - и тоа е успех. Кире Лазаров, Горан Пандев, Пепи Манасков и др., најдобрите сите играле во странство. Тие прво тука успеале, па затоа што се докажале како професионалци, продолжиле во странство. Па како и за нив, и за вас би било успех ако како дипломиран инженер, правник, економист и др. работите за некоја реномирана компанија во Европа или САД. Секако дека во таков случај многу повеќе ќе напреднете како професионалец отколку ако работите тука за некоја фирма која е далеку поназад во секој поглед (факт е дека секој новитет доаѓа од странство). Ќе имате поубава кола, а не да ја возите од родителите, ќе уживате во убави ресторани, ќе можете да патувате на подобри места, ќе имате поубава куќа и подобра иднина за вашите деца. Со еден збор ќе имате подобар живот. Па и во тоа е суштината - како добар професионалец и интелектуалец да имате подобар живот. Вие за тоа сте учеле и за тоа сте се труделе во животот, за тоа сте се влечеле по студенските домови - за да имате подобар живот. Па каков е тој интелектуалец ви се молам кој едвај може работа да најде, или едвај врзува крај со крај?! Џабе се тука коментарите од луѓето дека сте баш вредни и паметни!

Но имам и добри аргументи околу тоа дека е неуспех да се отиде во странство, односно дека е успех да се остане овде, и тука да се успее. На пример, пред некое време гледав интервју на Червар на ТВ. Меѓу другото, новинарот го прашува: па добро бе Червар, ти си тренер од најголем калибар во Европа и светот, за тебе се интересираат најголемите и со најголеми буџети клубови во Европа. Големи пари би дале за да те донесат кај нив. Зошто го одбра токму Металург? Не дека Металург е за потценување, меѓутоа не можеме да го споредуваме со клубови кои се пореномирани од него и имаат и по 10 пати поголеми буџети од него. Червар вика: па да, точно е тоа дека можев да бидам дел од најголемите клубови во Европа. Меѓутоа не сакав. Јас како професионалец многу повеќе би се докажал ако успеам со помал клуб да победам поголем. Во тоа е суштината. Јас ако отидев во некој голем клуб, знам што ќе се случи - ќе им кажам на управата кои играчи треба да ми ги донесат, тие се богати, ќе ги платат играчите, овие ќе дојдат, ќе тренираме некое време за да се усогласат и после кога ќе почне сезоната ќе ги растуриме останативе клубови оти никој не е доволно силен да ни се спротивстави. Тоа е тоа. И така, ако една Барселона на пример го победи Металург, нема да се крене многу прашина - тоа е нормално. Меѓутоа, кога јас со Металург би успеал да победам некој клуб од таков калибар, е тогаш ќе се крене многу прашина. Во овој случај радоста за мене би била многу поголема отколку радоста на Барселона кога би го победила Металург.

Го слушам ова и си викам: „па да, во право е човекот“. Па така, нели е поголем успех да успеете во општество кое е далеку поуназадено од некое друго? Ако отидете во странство, ќе си најдете убава работа кога - тогаш, и нема да имате проблеми. Меѓутоа, ако размислуваме според филозофијава на Червар (што според мене е во право), поголем успех би било да се остане тука, и тука да се успее. Како што за него е поголем успех со Металург да ја победи Барселона, така и за вас ќе биде поголем успех да успеете во поуназадено општество. Арно ама, ете не назад на стариот проблем - ако останете тука, факт е дека многу повеќе ќе се мачите во животот. Секој денар со многу поголем труд ќе го заработувате. Дури и да имате добра идеја и да основате своја компанија. Тоа ќе го платите и со здравјето. Ќе се најдете во ситуација кога онаа категорија на луѓе (што јас ја викам лигуши во буквална смисла на зборот, оти во суштина друго и не се) кои не знаат носот да си го избришат, и во средно секогаш ви се потсмевале зошто сте биле најдобар ученик во класот, и кои едноставно не знаат уште да читаат, да едноставно си заминат во странство и без поголем напор да си го средат животот. А вие кои отсекогаш ве воспитувале дека треба да учите и да бидете одличен ученик, и дете за пример, бидејќи подоцна во животот ќе се гордеете со тоа, ќе си останете тука и ќе си се мачите цел живот. И (освен ако не сте во Скопје) ќе нема каде еден филм да погледнете, бидејќи во вашиот град едноставно НЕМА КИНО!

Многу луѓе (меѓу кои и јас) ќе кажат: „па што, тука нема работа“, и одат во странство. Да, нема работа, ама таму каде што сакаме да одиме ние, луѓето не размислуваат во која држава да отидат, туку со што да се занимаваат во животот. Тука има еден куп луѓе кои или по кладилници дремат, или по facebook дремат, а немам сретнато сеуште некој кој размислува за нешто. Па така не можеме да успееме. Ако нашите предци направиле нешто добро, сега ние немаше да размислуваме за ова, немаше да имаме вакви проблеми. Ако сега ние размислуваме дека треба да направиме нешто што ќе остане, идните генерации би ни биле благодарни. Така расте едно општество. Меѓутоа, пак се соочуваме со проблемот што го опишав претходно. Мислам дека проблемот е непочитување на вредностите.

Едно ми е повеќе од јасно - не е фер нашево општество да не третира на ваков начин.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Немој не се лажи со овие теории, ќе згрешиш. Гледај го видеото на Трифун Костовски за тоа дали згрешил што инвестирал во Македонија ќе ти стане јасно за многу работи.

Второ, фудбал во Македонија? Знаеш како функционираат овие работи кај нас? Имам другари од мали нозе се со топката,ама за жал тие што немаат врски и пари сеуште играат за ништо, во странство тоа не се дозволува. Како што кажа сам,сите што заминаа во странство станаа успешни луѓе- зошто кај нас не се?

За човек што е мрзлив, неќе да се образува НИКОЈ НЕ МУ Е КРИВ ! Ама тука да пробуваш да ја намалиш невработеноста ќе згрешиш и тоа многу , барем ако сакаш чесно да работиш.

Совет: Ако имате доволно капитал овде за комотен живот,не одете странство. Ама 90% од народот е на нула такада друг избор не преостанува. Сите сакаме нашето да успее, ама животот овде вика неможе баш така лесно.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
‘Во овој случај радоста за мене би била многу поголема отколку радоста на Барселона кога би го победила Металург.‘
Зар не важи ова за секој аутсајдер без разлика од која држава е и без разлика на стандардот на државата?
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Добро прашање, лоша аналогија. Ракометот и спортот генерално не се отслика на тоа зошто и како луѓето заминале и дали е тоа правилен чекор или не. Прашајте го Червар дали би останал во Металург ако му доцни платата 3 месеци или го казни инспекција со 3 000 евра поради лоша ротација на играчи.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Баш ме интересира колку ние имаме електро инжињери од УКИМ,
запослени во странство,кој се овде прославиле,па отишле во Сименс или Филипс, а кутрите се знае незнаат ни сијалица да променат.
Или пак Машински инжињери кој се наши,ама барани по светов и секоја јака светска фирма,би фрлила огромна пара да ги донесе во својте компании, има ли такви стручњаци каде нас,а се знае со шублер не знаат да мерат.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Баш ме интересира колку ние имаме електро инжињери од УКИМ,
запослени во странство,кој се овде прославиле,па отишле во Сименс или Филипс, а кутрите се знае незнаат ни сијалица да променат.
јас знам за електроижинер од УКИМ кој одма после дипломирање се вработи во Филипс (овде нема ни ден работено) ...

не разбрав како овде се прославиле, а не знаат основни работи?
 
Член од
14 мај 2010
Мислења
109
Поени од реакции
18
‘Во овој случај радоста за мене би била многу поголема отколку радоста на Барселона кога би го победила Металург.‘
Зар не важи ова за секој аутсајдер без разлика од која држава е и без разлика на стандардот на државата?

Па секако дека важи, колку е поголем аутсајдер, толку поголема ќе му биде радоста.
--- надополнето: 5 октомври 2013 во 10:29 ---
Баш ме интересира колку ние имаме електро инжињери од УКИМ,
запослени во странство,кој се овде прославиле,па отишле во Сименс или Филипс, а кутрите се знае незнаат ни сијалица да променат.
Или пак Машински инжињери кој се наши,ама барани по светов и секоја јака светска фирма,би фрлила огромна пара да ги донесе во својте компании, има ли такви стручњаци каде нас,а се знае со шублер не знаат да мерат.

Ха, па секако дека имаме. Јас лично познавам неколку луѓе кои тука по 5 години работа земале 50 000 плата, а откако отидоа само на едно интервју за работа во странство земаат и по 7 000 евра плата!
 
S

Sagan

Гостин
Ваква дилема може да има само човек кој се плаши да замине.

Во карикатурата од држава во која живееме, нема услови за преживување, не па за нормален живот. Биди колку сакаш наобразован, интелегентен, амбициозен, работлив... државата те сече од корен со востановените валкани правила на игра.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Ваква дилема може да има само човек кој се плаши да замине.
Во карикатурата од држава во која живееме, нема услови за преживување, не па за нормален живот. Биди колку сакаш наобразован, интелегентен, амбициозен, работлив... државата те сече од корен со востановените валкани правила на игра.
Прав си!
Оваа земја е рај за богаташи, а веќе екс-средната (сега сиромашна) класа преживува ко последниот створ во синџирот на исхрана. Приказните за успешни претприемачи, бизнисмени и милијардери кои што од питачи добиле на лото или случајно излетало некое наследство од далечна баба роднина и сл., се приказни за тешење - како да продолжиш да се лажеш себе дека еден ден и ти ќе можеш да живееш нормален живот.
Не се почнува од 0, мора некој да те турне, факт.
Ако разгледаме реално кои опции ги имаме овде ние како младина, како генерација која треба да направи нешто а е тотално неспособна и нема моќ ниту пак воља за такво нешто, странство и не е така лоша опција. Прифаќајки го фактот дека таму исто ќе бидеш третиран ко гомно, со тоа што единствената позитива е што ќе можеш да ги пцуеш на својот јазик и да не те разбираат. Како бонус се зема тоа што можеби ќе успееш и да ебнеш нешто странско (иако се води како редок случај).
Фрустрации и комплекси ни набија од сите страни, нема бегање. Дури и тие со најјака психа почнуваат да паѓаат. Но, ако се соочиш дека си лузер и дека твоето инвестирање во образованието мислејќи дека еден ден ќе измислиш топла вода или ќе имаш можности за многу бенефиции е сосема обична бајка и тапкање во место, или додека чекаш на една од милионите апликации од формално дадени огласи да биде прифатена е виша сила - ќе ти биде подобро, верувај.
Земи работи било што, сфати дека ни татко ти ни мајка ти не можат да ти помогнат, зошто и нивните "пријатели" ги дупат на суво со лажги и празни ветувања. Овде така се преживува - ти наметнуваат да бидеш роб и мораш да се соочиш и да потклекнеш кога немаш никакви средства за егзистенција.
Животот е мачење, бајките се за деца, затоа и траат само одреден период. Зависи колку ти си спремен да се соочиш и да тргнеш да се бориш против предизвиците. Да станеш богат, шансите се минимални, но барем да се осамостоиш колку да имаш една мочана соба и работа со која ќе ја плаќаш истата и сметките што одат со животот, тогаш си навистина еден од ретките членови на сиромашната класа на кого му е ок во оваа мочана држава.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
NEUSPEH, PREDASTVO I DEZERTIRAJNE. SEVISHNIOT REKOL DEKA SUM SE RODIL ZA OVAA GRUTKA I VERNO KJE I' SLUZAM DO GROBA. NEKOI CEDA NA OVAA GRUTKA ODAT SAMO PRIVREMENO JABANA PA SE VRAKJAAT AMA I TOA NE CINI. KAJ I DA SI SO FAMILIJATA VO SVETATA RODNA KUKJA DA SI I PATRIOT SEKOGASH DA SI.
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Баш ме интересира колку ние имаме електро инжињери од УКИМ,
запослени во странство,кој се овде прославиле,па отишле во Сименс или Филипс, а кутрите се знае незнаат ни сијалица да променат.
Или пак Машински инжињери кој се наши,ама барани по светов и секоја јака светска фирма,би фрлила огромна пара да ги донесе во својте компании, има ли такви стручњаци каде нас,а се знае со шублер не знаат да мерат.

Да, имаме. И тоа мој близок роднина, во преговори е со Сименс во моментот. Во моментот е на работа во Холандија и тоа на еден од најдобрите универзитети таму, ТУ Делфт. Може да прогуглаш малку за него ако те интересира повеќе за него.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Споредбата со Червар не држи вода ... тој и овде сигурно зема добра пара (можда не како во голем европски клуб) ама доволно за да си дозволи многу работи ... така да и јас овде да земам 1000 еур месечно (не мора 3-4000 како во Германија) би останал овде, ама со 2-3-400 па и 500 еур не се преживува (посебно само 1 вработен во фамилија) ... не барам луксузи, само нормален живот без стегање дали ќе стигне платата за ова или она ...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Во услови во кои што денес живееме, да се замине од државава не е ниту успех - ниту пак неуспех. Заминувањето од овде е нужно зло, борба за опстанок и затоа бегај додека можеш. Јас со кој и да правам муабет во последниве година ипол, секој еден збори да побегне од овде, не е на арно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom