karan
бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
- Член од
- 31 мај 2006
- Мислења
- 3.595
- Поени од реакции
- 2.718
Тоа е реалност и факт. Доколку не беше така и луѓето од развиениот свет во голем процент ќе се отселуваа и ќе живееја на други места, но тие создале услови да успеваат во своите родни места.Секогаш ми се присерува кога ќе прочитам вакви татковинско-патриотски реченици
Еден просечно богат и успешен Американец или Европјанин би можел било каде на Балканот и во останатиот "трет свет" да биде натпросечно "успешен" (вообичаено се однесува за материјално богатство), но тие избираат да живеат и работат во своите земји - бидејќи таму условите ги има и се зависи само од него.
Ајде глупости. Не реков дека е неуспех тоа што таму ќе го постигнеш туку самата миграција (заминувањето во странство) е доказ за неможноста да успееш во својата држава, доказ дека си успеал овде. Притоа не велам дека вината е кај оние коишто се отселуваат.Да ете јас сум пример дека не се чувствувам најдобро да сум Македонија иако сум пораснал таму.Многу подобро се чувствувам ако работам тоа што ми се допаѓа и можам да го изберам тоа без да се грижам дека нема да заработувам доволно да го поминам месецот.
Кажи им на многуте иселеници кои си го живеат пример Американскиот сон. Куќа со 4 спални и базен во предградие , децата на добри универзитети и менаџерски позиции во најголемите корпорации, не тие се неуспех за тебе оти избегале од кај нас. Миграцијата ја имало од секогаш и секогаш ќе ја има, и не е само кај нас на глобално ниво е.
И ти ни кажуваш дека тоа е неуспех и како што кажа Strenght , за тебе е успех да си Македонија и да поминиш 60 години во сиромаштија и ќе ти дадат орден на храброста![]()
Доколку она што го имаат таму имаат можност да го постигнат овде верувај ми далеку подобро и позадоволно ќе се чувствуваат во животот. Бидејќи кој што сака нека каже само дома си е дома. И најбогатите луѓе во светот после сите патувања се враќаат дома.
А така како што опишуваш живеат помал дел од македонските иселеници-гастербајтери. Повеќето се задоволни со тоа што можат да си приуштат побогата и пообилна кркачка и пијачка и посалам покрив над глава.