- Член од
- 14 мај 2010
- Мислења
- 108
- Поени од реакции
- 18
Некое време размислувам на оваа тема, и никако да си дадам одговор. Околу ова имам разговарано со повеќе луѓе, ама никој не ми дава доволно убедливи аргументи. Јас на пример, мислам дека имам доволно добри аргументи и за двете размислувања. И во тоа е проблемот. Поради тоа не можам да се одлучам. Мислам дека тука подобар совет би дале луѓе кои се повозрасни и кои имаат живеено и тука и во странство.
Еве на пример да речеме дека е успех: па да, би можело да биде успех - најдобрите македонски спортисти играат во странство. Целата македонска јавност се гордееше кога излезе информацијата дека Перо Антиќ ќе игра во НБА. Тоа е успех. Дарко Панчев исто играл во странство - и тоа е успех. Кире Лазаров, Горан Пандев, Пепи Манасков и др., најдобрите сите играле во странство. Тие прво тука успеале, па затоа што се докажале како професионалци, продолжиле во странство. Па како и за нив, и за вас би било успех ако како дипломиран инженер, правник, економист и др. работите за некоја реномирана компанија во Европа или САД. Секако дека во таков случај многу повеќе ќе напреднете како професионалец отколку ако работите тука за некоја фирма која е далеку поназад во секој поглед (факт е дека секој новитет доаѓа од странство). Ќе имате поубава кола, а не да ја возите од родителите, ќе уживате во убави ресторани, ќе можете да патувате на подобри места, ќе имате поубава куќа и подобра иднина за вашите деца. Со еден збор ќе имате подобар живот. Па и во тоа е суштината - како добар професионалец и интелектуалец да имате подобар живот. Вие за тоа сте учеле и за тоа сте се труделе во животот, за тоа сте се влечеле по студенските домови - за да имате подобар живот. Па каков е тој интелектуалец ви се молам кој едвај може работа да најде, или едвај врзува крај со крај?! Џабе се тука коментарите од луѓето дека сте баш вредни и паметни!
Но имам и добри аргументи околу тоа дека е неуспех да се отиде во странство, односно дека е успех да се остане овде, и тука да се успее. На пример, пред некое време гледав интервју на Червар на ТВ. Меѓу другото, новинарот го прашува: па добро бе Червар, ти си тренер од најголем калибар во Европа и светот, за тебе се интересираат најголемите и со најголеми буџети клубови во Европа. Големи пари би дале за да те донесат кај нив. Зошто го одбра токму Металург? Не дека Металург е за потценување, меѓутоа не можеме да го споредуваме со клубови кои се пореномирани од него и имаат и по 10 пати поголеми буџети од него. Червар вика: па да, точно е тоа дека можев да бидам дел од најголемите клубови во Европа. Меѓутоа не сакав. Јас како професионалец многу повеќе би се докажал ако успеам со помал клуб да победам поголем. Во тоа е суштината. Јас ако отидев во некој голем клуб, знам што ќе се случи - ќе им кажам на управата кои играчи треба да ми ги донесат, тие се богати, ќе ги платат играчите, овие ќе дојдат, ќе тренираме некое време за да се усогласат и после кога ќе почне сезоната ќе ги растуриме останативе клубови оти никој не е доволно силен да ни се спротивстави. Тоа е тоа. И така, ако една Барселона на пример го победи Металург, нема да се крене многу прашина - тоа е нормално. Меѓутоа, кога јас со Металург би успеал да победам некој клуб од таков калибар, е тогаш ќе се крене многу прашина. Во овој случај радоста за мене би била многу поголема отколку радоста на Барселона кога би го победила Металург.
Го слушам ова и си викам: „па да, во право е човекот“. Па така, нели е поголем успех да успеете во општество кое е далеку поуназадено од некое друго? Ако отидете во странство, ќе си најдете убава работа кога - тогаш, и нема да имате проблеми. Меѓутоа, ако размислуваме според филозофијава на Червар (што според мене е во право), поголем успех би било да се остане тука, и тука да се успее. Како што за него е поголем успех со Металург да ја победи Барселона, така и за вас ќе биде поголем успех да успеете во поуназадено општество. Арно ама, ете не назад на стариот проблем - ако останете тука, факт е дека многу повеќе ќе се мачите во животот. Секој денар со многу поголем труд ќе го заработувате. Дури и да имате добра идеја и да основате своја компанија. Тоа ќе го платите и со здравјето. Ќе се најдете во ситуација кога онаа категорија на луѓе (што јас ја викам лигуши во буквална смисла на зборот, оти во суштина друго и не се) кои не знаат носот да си го избришат, и во средно секогаш ви се потсмевале зошто сте биле најдобар ученик во класот, и кои едноставно не знаат уште да читаат, да едноставно си заминат во странство и без поголем напор да си го средат животот. А вие кои отсекогаш ве воспитувале дека треба да учите и да бидете одличен ученик, и дете за пример, бидејќи подоцна во животот ќе се гордеете со тоа, ќе си останете тука и ќе си се мачите цел живот. И (освен ако не сте во Скопје) ќе нема каде еден филм да погледнете, бидејќи во вашиот град едноставно НЕМА КИНО!
Многу луѓе (меѓу кои и јас) ќе кажат: „па што, тука нема работа“, и одат во странство. Да, нема работа, ама таму каде што сакаме да одиме ние, луѓето не размислуваат во која држава да отидат, туку со што да се занимаваат во животот. Тука има еден куп луѓе кои или по кладилници дремат, или по facebook дремат, а немам сретнато сеуште некој кој размислува за нешто. Па така не можеме да успееме. Ако нашите предци направиле нешто добро, сега ние немаше да размислуваме за ова, немаше да имаме вакви проблеми. Ако сега ние размислуваме дека треба да направиме нешто што ќе остане, идните генерации би ни биле благодарни. Така расте едно општество. Меѓутоа, пак се соочуваме со проблемот што го опишав претходно. Мислам дека проблемот е непочитување на вредностите.
Едно ми е повеќе од јасно - не е фер нашево општество да не третира на ваков начин.