иначе прашањето беше.. дали ДОЛГОТО МУВАЊЕ (месеци, години) со истата личност, без да се цели кон нешто повеќе е понижување..
а не обичното, краткотрајно мување
таквото долго мување всушност е врска без обврска..
самиот збор ВРСКА, значи дека меѓу вас има некоја поврзаност..
тоа не било само мување.. толку долго време поминато со една особа (па иако тука можеби се мешале и други играчи)
СЕПАК Е ВРСКА! само како што веќе кажав, имаш право да се муваш и со други без грижа на совест.
е сега да се навратам..
дали ДОЛГОТО МУВАЊЕ (месеци, години) со истата личност, без да се цели кон нешто повеќе е понижување?
ако ти го гледаш него како нешто повеќе, а он тебе НЕ, и упорно чекаш да превземе он нешто и чекаш и чекаш (плашејќи се дека ако го прашаш, ќе го изгубиш) тогаш на некој начин сама се понижуваш.. сама дозволуваш да дојде до тој степен..
тој ако се мувал толку долго со тебе, гарант си му значела колку-толку. Ако несакал врска, тоа можеби било пошо се знае себеси, знае дека не е тип за врски и ако ти понуди врска И стапите во врска И утре неговата безгрижна природа го наведе да се смува со некоја друга.. тебе ќе те повреди многу и на тој начин ќе те изгуби засекогаш..
или па можеби не му значиш толку многу, само си се води по фразата: "ако сум можел еднаш, зашо не ПАК? зашо не ПАК и ПАК и ПАК?"
не го знам типот..
уште нешто..
ftopic:
пошо неможе врска да се почне директно.. без мување, онака се гледате и ОДМА ај се фатиме, знам дека ти си таа/тој правиот/ата за мене.
почнувате да се мувате и се лажете дека се сакате (или можеби стварно се сакате) АМА сеуште сте само на мување.. и решавате да стапите во врска и одеднаш едниот од вас се мува со друг/а!
да, не сте во врска, имате право да се мувате со други ама болката кај тој другиот е присутна!
што сакав да кажам..
ако сте се засакале стварно еден со друг, веќе не е битно дали тоа што го имате го нарекувате мување или врска..
ако сте го/ја засакале, тогаш сте во опасност да бидете повредени..
и тука нема правила, нема називи мувања-врски..
шансите се големи некој да остане со скршено срце.
но ако ја сакате личноста вашата совест (срце можеби) несмее да ви дозволи да ја повредите, иако имате шанса за тоа.
хух. се остаив xD