Дали е етички да живеете удобен и луксузен живот, додека добар дел од човештвото живее во огромна сиромаштија?

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.344
Поени од реакции
10.223
Пред некоја недела налетав на статус на фејсбук и тоа е инспирација за темава.
Имено, авторот има отворено барање до поимотните луѓе да закочат малку со животот, да стават прст на чело и да размислат за сиромаштијата и бедата која моментално владее во светот. Некој нема што да јаде и пие, живее во скривница, на ладно и темно, а некој си го планира своето следно патување, го обновува гардероберот, бира што да јаде, итн итн. And it made me think...

Мислам дека напишаното има двојно значење. Од една страна се упатува една убава порака дека сиромаштијата е нешто што не треба да се игнорира никако и е реален проблем со кој се соочува човештвото. Но од друга страна, се фрла сенка на моралот на оние кои безгрижно живеат пристоен и удобен живот. Хм... Не е едноставно за ниту еден поединец да помогне да се поправи ситуацијата и да се избрише неправдата и нееднаквоста, но има нешто што секој од нас може да го направи, преку ситни и едноставни чеокри во рамките на сопствените можности (се она што се нареува хуманитарна работа). Сепак, на крајот на краиштата, класите се составен дел од општеството и нешто што не може да се игнорира. Уште во античко време постоеле истите и јасно е дека човек треба да го прифати светот таков каков што е, тежок, несовршен, нефер. Не можеме да очекуваме секој човек да ги жртвува своите животни стандарди, но можеме само да се надеваме дека секој човек може да развие доволно самосвест и емпатија.

Во време на голема нееднаквост, мислам дека темава е скроз легитимна. Само да нагласам, темава не се однесува на оние кои преку ноќ се богатат на грбот на народот, туку за луѓето кои напорно и вредно работат, па со својот труд, со својата работа и своето знаење постигнале нешто во животот.

Дали е неопходно да се чувствувате виновни затоа што заработувате доволно пари и може да си приуштите малку повеќе од пристоен живот, додека некој нема покрив над глава, храна и вода?! Дали е погрешно да уживате во тоа што сте го заработиле? Дали е етички да спиете мирно навечер, кога толку многу луѓе спијат под отворено небо? Дали е етички да одите во ресторан, да имате пристоен ручек, кога толку многу луѓе немаат за парче леб и паштета? Каков став треба да се завземе денес кон луксузното трошење?
Да, нормално..и не гледам никаква причина да не е етички...без безе...се додека јас со мојот луксуз и удобен живот не повредувам некого физички ( за психички тука веќе знаеме дека работи зависта, злобата и др.лоши карактеристики на човекот) ..така да, мој живот. мое право, ако сакам ке бидам хумана, а ако нејќам, неморам ништо да правам против себе.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.957
Поени од реакции
8.606
Каков став треба да се завземе денес кон луксузното трошење?
Практиката покажа дека на крај и тој што троши луксузно и тој што јаде паштета, на крајот од деценијата ќе останат со исти средства.

Тој луксузниот барем ќе биде "ограбен" од "луксузните" рабоќе.

Тој што штедел со паштетата ќе биде ограбен од инфлацијата.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.344
Поени од реакции
10.223
Практиката покажа дека на крај и тој што троши луксузно и тој што јаде паштета, на крајот од деценијата ќе останат со исти средства.

Тој луксузниот барем ќе биде "ограбен" од "луксузните" рабоќе.

Тој што штедел со паштетата ќе биде ограбен од инфлацијата.
..и наравоучение што ќе биде?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
:icon_lol:
Или со други зборови "dane filozofira nego nek mrdne gz dasi najde zet ehehe".
Добро бе, до кога со овој мајндсет? Ако тоа тебе ти е замарање и арчење мозок, на некој не му е. Има милион интересни феномени по светот па и универзумот и сеа ајде ќе се ограничуваме.
Зошто имаме најголема интелигенција, највисок просек на тежина на мозок вс. тежина на тело од сите створови на планетава, зошто милиони години еволуција, за да "ne filozofiraj zivejgo zivoto ebago"
Како вакви муабети бе, интелектуалната љубопитност е златна особина, особено кај женско, нешто кое треба да се цени и негува и подржува на секаков начин.

Инаку проблемот кај сиромаштијата е комплексен но се сведува на немање доволно пари:icon_lol: , крајно банална и вистинита состојба.
Мал процент од светската сиротиња се мрзеливи и затоа сиромашни. Најголем дел се мизерно платени, работат од јутра до сутра за да се прехранат. Живото им се сведува на тоа да можат да бидат профитабилни и ништо повеќе од тоа. Живеат за да работат. Hence, poverty.
Ти можеби си филозоф, јас сум практичар, и тоа не значи дека не се надградувам интелектуално, туку дека сум решил дека нема да трошам време на работи врз кои немам влијание.
Од практична гледна точка помагам кога имам можност, повеќе од тоа не гледам како може да влијаам на целата ситуација.

Ти и манекенките може да го спасите светот, да нема војни, да нема глад, да нема сиромаштија.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.292
Работата е што Безос створил нешто во кое што вработува илјадници луѓе. Нему не му се наредиле работите, него работел да му се наредат. Затоа многу луѓе им се восхитуваат на успешните. Пошто оние имале визија која ја оствариле.
Делот за незамарање скроз поддржувам, делот околу наредување на коцки што знам. Мислам дека ако работиш доволно паметно и упорно сам ќе си ги наместиш коцките, само ако пример произведуваш тастатури, не треба да земеш да правиш по 100 тастатури дневно, него земи прави 20 а ресто време потроши го на вмрежување, контакти и слично за да имаш на кого да му ги продадеш на крај, џабе паметот и напорот ако ти стојат у гаража продуктите (ова со тастатурата фиктивно, приспособете си спрема ваши размислувања друг продукт/знаење)
Да не ширам многу,изгледајте го видеото од постот, многу подобро ќе го илустрира она што јас тука ќе го пишувам. Безос имал потенцијал и го искористил, браво за него. Работата е што некој роден во Шутка или Танзанија го нема ни приближно истиот потенцијал за успех, без разлика колку е интелегентен и работлив.
Друга работа е таканаречениот survivorship bias, односно ние ги гледаме и дознаваме само за оние кои успеале, ама на 1 Безос има илјадници други што имале ист потенцијал ама животот им тргнал во друга насока и не по нивна вина не успеале да постигнат ништо. Не значи дека се мрзливи, не ги бива и дека заслужуваат да бидат сиромашни.

Сепак, во општество и систем во кое што е возможно да има богати или екстремно богати, апсолутно сигурно е дека ќе има и сиромашни и екстремно сиромашни. За да нема сиромашни не треба да има ни богати, а тоа е некој утописки комунизам и оди против моменталната човекова природа.
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Јас мислам дека е недозволиво на денешниот степен на технолошки развој на човештвото, да постојат луѓе кои немаат доволно храна, вода и покрив над главата. Барем тие потреби мора секому да му бидат задоволени. Потребно е да се создаде органзиација на светско ниво (не ми ги спомнувајте Обединетите Нации, затоа што понефункционална и побескорисна организиација од нив не постои) која ќе врши распределба на капиталот на тој начин што од најбогатите луѓе на светско ниво ќе зема порез кој ќе оди за купување храна и задоволување на најосновните потреби на најсиромашните.

Роналдо заработува 500 000 фунти (петстотини илјади фунти) НЕДЕЛАТА. Нема зборови да се опише бесмислата на тој факт. Џабе ќе ми кажувате за капитализам, за пазар, се е џабе пред убиствената бесмисленост на тој факт.

Значи неприфатливо е некоја спонзоруша со силиконски цицки која се омажила за милионер да троши 10 000 долари на парче дизајнирана облека, а некои да немаат чиста вода да се напијат. Не знам дали сте свесни во какви услови некои луѓе живеат. Се работи за потресна беда која ја убива душата, не само нивната, туку на сите кои ќе ја погледнат барем за момент.

И не серете дека секој си е ковач на сопствената судбина. Биди ти ковач на сопствената судбина во некоја недојдија во Африка каде што некоја локална милиција на 10-12 години ќе те регрутира да пукаш во други луѓе.
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Јас мислам дека е недозволиво на денешниот степен на технолошки развој на човештвото, да постојат луѓе кои немаат доволно храна, вода и покрив над главата. Барем тие потреби мора секому да му бидат задоволени. Потребно е да се создаде органзиација на светско ниво (не ми ги спомнувајте Обединетите Нации, затоа што понефункционална и побескорисна организиација од нив не постои) која ќе врши распределба на капиталот на тој начин што од најбогатите луѓе на светско ниво ќе зема порез кој ќе оди за купување храна и задоволување на најосновните потреби на најсиромашните.

Роналдо заработува 500 000 фунбти (петстотини илјади фунти) НЕДЕЛАТА. Нема зборови да се опише бесмислата на тој факт. Џабе ќе ми кажувате за капитализам, за пазар, се е џабе пред убиствената бесмисленост на тој факт.

Значи неприфатливо е некоја спонзоруша со силиконски цицки која се омажила за милионер да троши 10 000 долари на парче дизајнирана облека, а некои да немаат чиста вода да се напијат. Не знам дали сте свесни во какви услови некои луѓе живеат. Се работи за потресна беда која ја убива душата, не само нивната, туку на сите кои ќе ја погледнат барем за момент.

И не серете дека секој си е ковач на сопствената судбина. Биди ти ковач на сопствената судбина во некоја недојдија во Африка каде што некоја локална милиција на 10-12 години ќе те регрутира да пукаш во други луѓе.
Барем системот може да ги израмни стартните позиции и да пружи вистинско бесплатно образование и квалитетно здравство, интересно е како најлибералните тоа го сметаат за популистички и социјалистички и го ставаатт своето младо население во големи долгови во старт.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.102
Поени од реакции
9.538
Практиката покажа дека на крај и тој што троши луксузно и тој што јаде паштета, на крајот од деценијата ќе останат со исти средства.

Тој луксузниот барем ќе биде "ограбен" од "луксузните" рабоќе.

Тој што штедел со паштетата ќе биде ограбен од инфлацијата.
Затоа штеди во злато.
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Барем системот може да ги израмни стартните позиции и да пружи вистинско бесплатно образование и квалитетно здравство, интересно е како најлибералните тоа го сметаат за популистички и социјалистички и го ставаатт своето младо население во големи долгови во старт.
Никогаш нема да има еднакви стартни позиции, дури и во рамките на едно исто општество. Кога пополнуваш аликација за прием на Харвард (ова не е рекла казала, имам пополнувано, очигледно неуспешно :D ) на крајот од апликацијата стојат наредени извесен број на презимиња, и таму пишува дека ако сте член на едно од овие семејства наведете во аплиацијата. Значи на најдобриот Универзитет во светот отворено се врши некоја врста на непотизам.

Единствен начин да се добие еднаква стартна позиција е она што го предлагаше Платон, кинење на врската помеѓу детето и родителите на одредена возраст, и заедничко воспитување на сите деца. Од тоа сме бескрајно далеку, и се работи за тешка утопија, или можеби дистопија.

Концептот на кредити и долгови за студирање е типично американски, во Европа образованието (со исклучок на Велика Британија) е воглавно бесплатно.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
почетна точка во животот - географската, семејната, временската во голема мера диктира како се развива животот.
некои се раѓаат со големи можности за „удобен“ живот, а некои од самиот почеток се осудени на сиромаштија.
Немањето можности, образование и финансии го ограничуваат развојот на голем дел од населението.
Долга е листата на прашања кои може да се надополнат во низата. Дали раѓањето во добро ситуирано семејство е предност? Да, но ако ти немаш капацитет, желба и амбиција, да го продолжиш фамилијарниот бизнис, џабе е. Има многу примери на поединци од имотни семејства кои скренуваат по погрешен пат. И обратна ситуација, многу поединци од сиромашна средина, кои почнале од ништо, а изградиле империја.

Чисто процедурално, кое е тоа време во историјата, каде што немало голема нееднаквост, за да можеш да кажеш дека баш денешното време е такво ... Притоа да напоменам, секоја борба за еднаквост, започнувала со крв до колена и завршувала пак со социјална диференцијација.

Јас мислам дека човековата цивилизација, мора да ја прифати човековата егоистична природа, која сама по себе не дозволува да се изгради општество базирано на еднаквост. Секогаш во цивилизацијата ќе има доминантни нации-држави и секогаш во една држава ќе има доминанта класа.
Токму тоа и го кажав. Класите се составен дел од општеството и уште во антички времиња постоеле истите. Класата е она што го придвижува и одржува општеството.

Би рекла дека и тука може да се најде скриена можност за сиромавиот. Парите циркулираат. Кога богатите трошат се создаваат пазари кои им овозможуваат на давателите на стоки услови да дојдат и да се натпреваруваат едни со други, па и да вработуваат луѓе. Значи, она што изгледа како луксузно трошење, всушност може да обезбеди вработување за некој, па на тој начин да работи и заработува за себе и своето семејство.
Теоретски е исто како да прашаш дали е етички додека некој се бори за својот живот со некоја болест, е нормално останатите да живеат здрави и прави.

Премногу е краток животот за да си го арчиш мозокот со вакви работи.
Моја филозофија е да се помогне секогаш кога можеш, без разлика дали финансиски или на друг начин, но да не си земаш „при срце“ оти си имал повеќе среќа да се родиш: на подобро место, во подобро семејство, со поголема интелигенција.
Детски е да се мисли дека еден ден сите ќе бидат еднакви, или дека сите среќно ќе живеат. Секогаш ќе постојат сиромашни, секогаш ќе постојат болни, секогаш ќе постојат војни, секогаш ќе постојат општества каде човечкиот живот не вреди ни пет пари.
Навистина е така. Добра паралела имаш направено, само се прашувам зошто не ја согледаш суровоста на напишаното?

Темата е отворена за дискусија. Сакам да слушнам како другите размислуваат и ги перцепираат нештата. Ако ти на тоа гледаш како на ''арчење на мозокот'', слободно може да ја прескокниш темава. Секој си бира на што и како да си го арчи мозокот. :D

Без разлика на сè, не сме надвор од реалноста која не опкружува.

Да, нормално..и не гледам никаква причина да не е етички...без безе...се додека јас со мојот луксуз и удобен живот не повредувам некого физички ( за психички тука веќе знаеме дека работи зависта, злобата и др.лоши карактеристики на човекот) ..така да, мој живот. мое право, ако сакам ке бидам хумана, а ако нејќам, неморам ништо да правам против себе.
Дали можеме да кажиме дека рамнодушноста = неетичност? Не мора. Рамнодушноста значи дека некој едноставно бира да не се грижи по тоа прашање. Како што веќе реков, не е во ред секој поединец да ги жртвува своите животни стандарди заради доброто на општеството.
Рамнодушноста е неутрална, и се додека те прави среќна и исполнета е во ред.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.437
Поени од реакции
5.485
Јас не сум ниту причинител ниту имам некакво влијание за тоа што некаде некој војува гладува и живее во беда и сиромаштија.
Друго ако 3 миљарди луѓе се под мене тогаш уште 4 миљарди се над мене. Значи и јас сум во подредена позиција спрема некого.
Етички е да не се богатиш на грбот на сиромашните а се додека го вреднуваш трудот и чесно заработиш тоа е твој профит. Твој квалитет на живот и нема тука никаква неетичност да возиш Ферари или да живееш во елитен апартман и да одиш на Малдиви.
Инаку незнам како тоа ручек во ресторант и одење на одмор претставува "луксузирање"
Се работи за квалитет на живот.
Ајде да го преформулираме вака.
Дали јас треба да го жртвувам квалитетот на живот и да паднам на ниво на некоj кој поради сплет на околности се уништува самиот себеси само за да бидам солидарен?
Тоа ти е исто кога ќе видите некој инвалид наместо да го сожалувате да ја скршите кичмата и намерно да станете и вие инвалиди ради солидарност во смисла "Еве не си сам!"
 
Ф

Флеш

Гостин
Краток пост .

Ми се може ... имам пари ... затоа ли ве плаќам за услуга ?!!

Пишано од член од работничката средно ниска класа ,кој слуша секој ден вакви реченици .
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Навистина е така. Добра паралела имаш направено, само се прашувам зошто не ја согледаш суровоста на напишаното?

Темата е отворена за дискусија. Сакам да слушнам како другите размислуваат и ги перцепираат нештата. Ако ти на тоа гледаш како на ''арчење на мозокот'', слободно може да ја прескокниш темава. Секој си бира на што и како да си го арчи мозокот. :D

Без разлика на сè, не сме надвор од реалноста која не опкружува.
Да не ти објаснувам на долго и на широко, симни ја Сопранови, и гледај таму во последните сезони како се однесува синот на Тони, и што му се случува во главата кога влегува во овие филмови.

Ниту е здраво, ниту е нормално да размислуваш на долго и широко за овие теми. Ти си барем во медицина, ако сакаш да те удри депресија тркни до онкологија.

Поентата ми е дека џабе се размислувања и филозофирања, потребна е акција онолку колку што можете, со муабети нема да се средат проблемите.

Еве јас сум дел од open source community, придонесувам врз надградба на open source апликации, реплики на овие што се продаваат за илјадници евра. Ете на некој начин го нудиме нашето знаење да им овозможиме бесплатен пристап до корисни алатки, на луѓе кои немаат пари за лиценци.
Ти како доктор може да се обратиш во Црвен Крст, или не знам кој е задолжен за такви работи, и да направиш бесплатни прегледи, или нешто каде може да го понудиш своето време за доброто на тие што немаат...
 
Во ред е Лестер. Не побарав инструкции за тоа што да правам за доброто на општеството. Ако тркнам да пишувам за тоа мислам дека во скроз погрешен правец ќе ја насочиме темава и нема да се развие никаква дискусија.

Размислувањето никогаш не е џабе. Посебно па за вакви теми. Се согласувам дека треба акција, но од ваквите дискусии често пати се раѓаат сјајни идеи.

Повторувам, јас бирам на што да си го арчам мозокот, ако не ти се допаѓа, те молам немој да коментираш.
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Тоа ти е исто кога ќе видите некој инвалид наместо да го сожалувате да ја скршите кичмата и намерно да станете и вие инвалиди ради солидарност во смисла "Еве не си сам!"
Генијална споредба. Значи ако некој милијардер одвои 1% од своето богатство за луѓе кои се тотално унесреќени, и тој ќе стане сиромав како нив?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom