deXterche
тадаммм
- Член од
- 12 февруари 2006
- Мислења
- 4.920
- Поени од реакции
- 941
По последното поскапување на дизелот цените изгледаат вака
Дали ќе дојде дизелот во цена еднаков со бензините? Сега се разлика околу 7 денариДизел горивото од ноќеска на полноќ ќе поскапи за половина денар, а цените на бензините остануваат непроменети, реши Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на МБ-96, БМБ-91, Еуросупер-95, Еуросупер-98 остануваат исти. Цената на МБ-96 изнесува 66,50 ден/лит, на БМБ-91 е 63,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР -95 е 63,50 ден/лит и на Еуросупер-98 е 64,50 ден/лит.
Цената на ДИЗЕЛ-Е (III) од 55,50 ден/лит се зголемува на 56,00 ден/лит и на ЕЛ (екстра лесното) од 45,00 ден/лит се зголемува на 45,50 ден/лит.
Малопродажните цени на М-1 и М-2 се зголемуваат за 0,027 ден/кг, односно за 0,029 ден/кг ден/кг, така цената на мазутот М-1 од 24,027 ден/кг се зголемува на 24,054 ден/кг и цената на М-2 од 24,001 ден/кг се зголемува на 24,030 ден/кг.
Ова е второ поскапување на дизел горивата во рок од 4 недели.