Дали дизелот ќе се изедначи со бензинот?

10101

@*I am Nuts!*#
Член од
27 ноември 2007
Мислења
349
Поени од реакции
0
Дечки ...имате списанија, направете си есап, кога купувате ново возило.

Пример не ви се исплаќа да купувате Форд Фиеста од новите (бензинец) бидејки дизелот е многу малку поскап. Се исплаќа одма.

Како и да е...

Ако купувате возило на старо, строго препорачувам бензин. Моторите се поевтини за одржување, се става плин, ако добра инсталацијата нема што да мириса.

Lovato системчињата кај нас се добри (за наши џебови). Ако возите на бензин, одете во соседна Грција таму полнете го резервоарот. Извадете виза и така од Нова Година ќе имате сите зелен картон со регистрација и полнете ги таму резервоарите, тука на плинче возите.

Јас исклучиво ставам бензин од Грција во моето BMW и тоа во Shell или BP. Поевтин е од кај нас бензинот за МНОГУ, некои 5 денари (зависи од пумпата каде се наоѓа), а како што ставам полн резервоар со секое полнење (20л/100км ми троши градска :), со онај од Макпетрол 25 со Лукоил 22-23 ) има голема разлика.
 
BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33

кој ти дава виза бе сега за грчка :)
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Ако возите на бензин, одете во соседна Грција таму полнете го резервоарот.
:tapp: Да, и јас сум чул дека ако идеш Скопје - Солун колите не трошат ништо. Дизелот може на граница дур чекаш да потроши 200-300 грама, али толку. Бензинците ни тогаш. Научниците сеуште го немаат разјаснето овој феномен. Се претпоставува дека има нешто со клетвата што ја фрлил Филип II ... :tapp:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
10101 ти другар да не си од Битола? Пошто ако си тука некаде (или си блиску до грчка граница) ти се исплаќа да скокниш и да направиш 20-тина км за да туриш поефтино гориво. Но ако живееш Скопје... неисплатливо е.
 
BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
10101 ти другар да не си од Битола? Пошто ако си тука некаде (или си блиску до грчка граница) ти се исплаќа да скокниш и да направиш 20-тина км за да туриш поефтино гориво. Но ако живееш Скопје... неисплатливо е.
:) изнајми стан ќе ти биде блиску :pos2::pos2::pos2:
шега брат
 
10101

@*I am Nuts!*#
Член од
27 ноември 2007
Мислења
349
Поени од реакции
0
Dzish биди паметен како гувернерот и купи си имот покрај граница и оп трк до Грчка и купи си бензин.

ИЛИ

Замоли си човек што има цистерна да ти донеси бензин или евентуално некој со голем резервоар од 50-60 литри. Ама некој близок оти сигурно нема да доаѓа секогаш само тебе да ти носи бензин:)
 
10101

@*I am Nuts!*#
Член од
27 ноември 2007
Мислења
349
Поени од реакции
0
:tapp: Да, и јас сум чул дека ако идеш Скопје - Солун колите не трошат ништо. Дизелот може на граница дур чекаш да потроши 200-300 грама, али толку. Бензинците ни тогаш. Научниците сеуште го немаат разјаснето овој феномен. Се претпоставува дека има нешто со клетвата што ја фрлил Филип II ... :tapp:
Јас ти кажувам што кажува Board компјутерот. Секогаш исто покажува, во зависност од бензинот.

Па сега дали е Фичото Други...или Ацко Големиот тоа е друга работа...:tapp:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Ако си од Скопје, треба некој салам пријател да имаш што ке оди Грција барем еднаш во месецот за да може да ти носи бензин во резервоар. Но, и тоа е гњаважа, па вади со цревце и туба, а новиве имаат и капаче за заштита кое се притиска само со цревото од бензинзка... Имам видено 1000 сценариа, а најновото беше што на еден уметник му пропадна дрво во резервоарот на Опел корса, па тоа дрво ја заеба бензинската пумпа која за се наоѓа во резервоарот. Ќарот од 3.000 денари за нова пумпа убаво го извади, а богами и доби нешто што не се купува со пари...

(за оние што не знаат, убава лекција :))
 
Г

Гоццццце

Гостин
Кои опасности можат да настанат на бош пумпата од црвената нафта?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Еве да речам дека имам искуство со дизели па ке пробам да ти објаснам вака. Сум имал до сега 5 возила различни кои имале дизел мотор. Ако троши 6 литри бела нафта, црвена троши 8. Ако земиш да пресметаш иди еднакво на бела и црвена. Барем тоа е мое искуство.(настрана чадот што се создава од црвената)

Инаку за делувањето на црвената... Црвената нафта е далеку понерафинирана од белата и во неа нема никакви адитиви, а во неа се наоѓаат големи примеси на сулфур и парафин кои штетно влијаат и ги абат деловите на пумпата. Исто така на ниски температури (околу 0) примесите на парафин знаат да се згустат, па да се направи нешто слично на восок (баш онај за свеќи). Од таму иде изразот дека нафтата мрзне. Уствари не мрзне туку се згустува парафинот и не дозволува нафтата да протече низ цевките.
Поради тоа што не е доволно рафинирана (наменета е за домаќинсво) се наоѓаат еден куп честички кои за брзо време го затнуваат филтерот на нафта, а и неретко се дешава да филтерот неможе да ги додржи ѓубрињата, па да одат директ во пумпата и дизните. Е тоа е веќе сериозен проблем. Незнам дали има некој видено отворена пумпа за висок притисок. Јас имам кај мајстор, и никако неможев да сватам од каде протекува нафтата. Во неа има еден куп ситни ќелии низ кои протекува горивото, а најмало ѓубре може сериозно да ги оштети.

Инаку во белата нафта, со еуро4 стандардот има адитиви кои се грижат за подмачкување на пумпата, и дизните (бризгалките), а и гарантирано е дека нема да се сталожи парафинот до -40 степени. Исто така нивото на сулфур и парафин е минимално. Но, сето ова нашата бела нафта го нема, особено она со сулфурот. Затоа повеќето произведувачи на возила не даваат гаранции на пумпата за висок притисок на дизел моторите.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Јас мислам дека ако праиш до 15,000 километри годишно не се исплати дизел.Ако праиш повеќе тогаш ОК
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
на локалната бензинска тука на Shell (која е малку поскапичка)цените беа следниве (во евра):
Бензин 90: 1,30
Супер 95: 1,30
Супер плус: 1,36
Дизел: 1,28
 
Никсън

бамбуча
Член од
12 октомври 2007
Мислења
283
Поени од реакции
0
За укинување далеку од тоа, 80% од горивата што се трошат во Македонија потпаѓа под дизел. Затоа и го поскапуваат!
Taka e. В Б'лгарија вече дизела е по ск'п от обикновенија бензин (А-95 2.02.лв; Дизел 2.09 лв.) и това е световна тенденција. Всички си накупиха дизелови коли и дизела се т'рси, а като има т'рсене, цените в'рвјат нагоре. Аз като горд собственик на 9 годишна Опел Вектра на бензин, с'м си много доволен, не карам много, зашто ми е дизелова кола.:helou:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Не е муабетот за колите, туку тука спаѓа целата индустрија а и камионите. Знаеш колку фабрики ја користат нафтата како основа? Тука им е ќарот голем, а не во возилата.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
И така дизелот е ѓубре, погоден само за нафтена печка, та и го поскапуваат...
И по јубилеен 1000000 пат ќе кажам:
Нашиот дизел е добар само за возила од рангот на Голф 1 и 2, Мерцедес W114, W123 и сето она што се вози од тој период по нашите патишта и што пие се што само и мириса на нафта.
Донекаде, со мали последици и возилата од `90-те години го поднесуваат, а современите се претвораат во нафтени печки, и за да ги вратиш во нормала ќе потрошиш пари како да си купиш кола...и тоа сосем солидна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom