емотивност не мора да значи дека само треба да плачеш, зошто има луѓе што плачат, а емотивно се студени, т.е, само се лигават за да добијат она што сакаат, додека јас за себе мислам дека сум емотивна но не и плачка, само ме нервира тоа што кога мене ми е тешко, не успевам до крај да си ја исчистам таа тага и нервоза, а сум приметила дека на други луѓе им служам како успешно рамо за плачење, што од една страна ми е ок, ама од друга ми е тапа бидејќи не можам и јас така лесно да се отворам и да се ослободам од насобраните гадости.емотивна сум кога се во прашање деца, мир во себе, многу пати ме боли длабоко, но не давам да видат, а во себе кипам... но тоа е тоа, лавовската суета не ми дава да се предадам, затоа многу луѓе мислат дека сум силна и незнам каква, а јас сум исто како и сите луѓе, чувствителна...