Мистичен напиша:
Дали ги криете емоциите и зошто?
Дали е подобро да ги потиснуваме во себе за да не бидеме повредени, да ги искажуваме искрено па "што биде нека биде". Дали е полесно да се одглуми или пак да се крене "границата на отпорност на болка"?
Претерано сум емотивна, некогаш тоа и ми смета, бидејќи некогаш негативната енергија на другите се пренесува целосно на мене и го чувствувам она кое го чувствуваат тие.
Дали е мана или доблест тоа што не ги кријам емоциите, не знам. Но, секогаш зборувам отворено за нив и не се срамам од нив. Кога сум била повредена малку ми било криво што сум им дала отворен израз на емоциите, но се чувствувам одлично кога гледам дека мојата отвореност не е злоупотребена. Секогаш сум ЗА убавото чувство, па она што се вика претпазливост некогаш го занемарувам и им се отворам на луѓе кои сметам дека заслужуваат да знаат што чувствувам (било среќа, било тага). Стравот од болка е поголем и од самата болка, па најчесто луѓето ставаат некакви прегради за да се заштитат од непријатни изненадувања од одредена личност.
Не знам да глумам, а кога ќе заклучам дека некој заслужува да му се отворам, ме има целосно или како пријател, или како партнер, или двете заедно.
Во моменти кога сакам да споделам некои емоции (или на некој начин се извадени на површина кои претходно биле скриени или не сум била свесна за нив), бирам личност на која можам да и ги доверам, а ако некој ја добие мојата доверба до тој степен да се отворам, ќе ме има на таков начин се додека не го злоупотреби тоа.