Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?

  • Вкупно гласачи
    585

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.791
Поени од реакции
4.451
1. ако отидеш у странство за да се вратиш - ќе изгубиш години и пријатели и кога ќе се вратиш сите ќе те гледаат ко ќеш а не ко човек, ама па ќе бидеш битен фраер со колиште и со стотици приказни од типот „кај нас у ѓерманија....“
2. ако отидеш во странство и не се вратиш, ќе треба животот одново да си го почнеше, без семејство, без пријатели - ќе изгубиш многу години од животот додека почнеш нормално да живееш (најчесто се тоа најубавите години од животот)
3. ако останеш тука имаш можност цел живот да си останеш клошар
4. ако останеш тука и ги засукаш ракавите и си ја чукнеш малце главата можеби ќе го добиеш тоа што би го добил и во странство без да губиш нешто посебно
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Би ја напуштил земјава само на некој одреден период (читај неколку месеци), колку да отидам в странство и да спечалам некоја пара. Иначе за стално дали би ја напиштил.........., дефинитивно не. Во Македонија сум се родил, тоа е мојата татковина, тука и ќе живеам.

:)
 
Член од
22 февруари 2014
Мислења
188
Поени од реакции
123
Овде е убаво,никогаш не ми паднало идеа да заминам:)
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Да зошто да не од продавања бубрезите за гаќи и како тука е се е супер веќе мене ми е смачено пред се најмногу за платата која е мизерија каде што да сакаш во животот да купиш стан ќе треба да дилаш дрога или да биде мангуп и да правиш лоши работ. Факт е дека со чесна работа тука не може да се живее туку само да се преживува... За разлика во странство сп три години работа можеш да си купиш овде стан или таму да си живееш. Јас би ја напуштил кога би ми се пружило шанса така да девојката под рака и од тука адиос.
 
B

Beck's

Гостин
Знаејќи дека имаме само 1 живот и знаејќи дека никој нејќе да и биде беден, вреди.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
5.209
Би ја напуштил земјава само на некој одреден период (читај неколку месеци), колку да отидам в странство и да спечалам некоја пара. Иначе за стално дали би ја напиштил.........., дефинитивно не. Во Македонија сум се родил, тоа е мојата татковина, тука и ќе живеам.

:)
Речиси сите рекле така, но поминале години и децении и сеуште не се вратени. :)

Кај ќе се вратиш кога кај нас ништо кон добро не се менува, од истите причини што си побегнале луѓето пред 20 години, од истите причини не можат да се вратат денес, односно од истите сеуште луѓе си бегаат.

Ако не ти се сака во странство, подобро воопшто не излези, пошто нема враќање потоа.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Речиси сите рекле така, но поминале години и децении и сеуште не се вратени. :)

Кај ќе се вратиш кога кај нас ништо кон добро не се менува, од истите причини што си побегнале луѓето пред 20 години, од истите причини не можат да се вратат денес, односно од истите сеуште луѓе си бегаат.

Ако не ти се сака во странство, подобро воопшто не излези, пошто нема враќање потоа.
Грешиш. Едноставно срцето не ти дава засекогаш да си заминеш од родната земја:)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.077
Поени од реакции
6.699
Грешиш. Едноставно срцето не ти дава засекогаш да си заминеш од родната земја:)
тоа е срце на плашливец, храбриот и одлучниот ќе замине за подобро утре за него и неговата фамилија, како не ви се смачи оваа игра на “патриоти и предавници“ не ми е јасно..........
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
тоа е срце на плашливец, храбриот и одлучниот ќе замине за подобро утре за него и неговата фамилија, како не ви се смачи оваа игра на “патриоти и предавници“ не ми е јасно..........
Може да биде и обратно.
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Вреди и те како најдобра дестинација Канада

Sent from my Galaxy Note 4 [SM-N910F]
 
V

viktora

Гостин
Грешиш. Едноставно срцето не ти дава засекогаш да си заминеш од родната земја:)
Има многу кои немаат срце.Само штета за нашите предци кои живееле под туѓо ропство и сонувале за своја држава.Да имале исто мислење како денешниве шљајм генерации и да фатиле фитиљ џенем,99.99℅ од овие не би постоеле.Сите сакаат на готово никој неќе да се избори или изгради здрава држава.Тоа пички народ сме.Пак ќе повторам штета за предците кои бог знае низ какви маки поминале за да ја задржат родната грутка за еден ден нивните потомци наместо да продолжат по нивни стапки,сон им е туѓина.
 
Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
И покрај тоа што сум страшен оптимист, овие лајненици и гнасоти што политиката и ги направи на нашата мила се посилни од мене. Ми се плаче, незнам дали да бидам среќен што ќе се спасам од тука, или да плачам тоа што нашата мила ја напуштам.
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Треба прво да останеме и да ја одбраниме земјава од овие тешки крадци и лопови.Да го сместиме пастирот каде што му е местото или уште подобро по примерот на Чаушеску.Е после може да мислиме за надвор.

Ја би му пукнал и едно 3-4 бокса на Заев што воопшто преговара со овој.Со лопови нема преговори.Директно пред влада добива масовна поддршка и незнам што повеќе му е потребно кога народот е на негова страна.
 
за тебе овие се лопови а господин Заев што беше амнестиран од Црвенковски (коа беше Претседател на РМ) НЕ Е......колку е кратко памтењето на народецов,ништо чудно што сме на ова дереџе
 
Kajgana Shop

На врв Bottom