Дали вреди да се биде добар?

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.422
Поени од реакции
4.251
Во основа на трговијата е нерамномерност. Даваш нешто што помалку ти вреди за нешто што повеќе вреди. Имаш 100 кози некој ти дава мобилен ти му даваш 5 кози. На еден не му вредат козите на другиот мобилниот.
Ако двете особи сметаат едка еден телефон вреди колку 5 кози, тогаш е еднаква размена....
Друго е ако општеството гледа така, трето е ако се гледа апсолутно на работите....
Ако двајцата имаат 1 телефон и 100 кози, дали би било еднаква размена?
Би имало резона ли да тргуваат тогаш?
Или можда не им било доволно и тогаш?
Целосно оф топик, и не знам каде идеш со овоа...
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974

Трговијата се базира на себичност. Сметаш дека 1 мобиле или 5 кози ќе ти го направат животот подобар. Поената ми е дека себичност е во основа на многу човечки односи. Повеќе е во прашање начинот на кој таа се изразува. Себичноста во рационални и конструктивни форми е човекова доблест и води кон напредок за сите.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.422
Поени од реакции
4.251
Трговијата се базира на себичност. Сметаш дека 1 мобиле или 5 кози ќе ти го направат животот подобар. Поената ми е дека себичност е во основа на многу човечки односи. Повеќе е во прашање начинот на кој таа се изразува. Себичноста во рационални и конструктивни форми е човекова доблест и води кон напредок за сите.
Само оти ти (или двајацата од примерот) сметаш(ат) дека 1 мобилени или пет кози ќе го подобрат животот, не мора да значи дека другите сметаат така, или дека реално е. А дека себичноста го унапреднува човештвото...
Па. Цивилизации се креваат, и паѓаат. Религии се формират, шират и де догматизираат... вредност на некои добра се крева, расте добива врв и пати инфлација и губи вредност....
Во кратки црти дека себичноста е чисто добро, и резултира со напредок е делумно точно, и делумно грешно. Човештвото пати од една огромна заблуда што емоциите ја предизвикуваат. Некоаш влече во позитива , некогаш во негатива...
Во кратки црти...има да цитирам шапковски(типот што ја пишувал вичер и срање)
"Evil is evil, lesser, greater, middling - makes no difference. The degree is arbitrary, the definition blurred. "
Исто важи и за добрината. Згора на тоа, лимитирани сме со 3.4 димензионална перцепција да асално пресудиме што е навистина добро, а што е зло, и филозовски недоразвиени дури и да интерпретираме тоа што веќе го гледаме...
 
И јас мислам дека нема некоја прифатлива и целосна дефиниција на добро или зло...има градација и релативност.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.422
Поени од реакции
4.251
* Релативноста е контрадикторна на градацијата
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.346
Поени од реакции
4.983
Колку е тажно кога:
Имаш дете кое го одгледуваш по сите прописи, никогаш не си го истепал, секогаш со укор, со едукација, го учиш на правите вредности, не си му дозволил да гледа насилство, колење, не видел како се караат родители. Секогаш љубов, љубов, љубов и безгрижно детство. Цртани. Родендени, Зоолошки, Подароци, Радости.

И тоа дете го пушташ НАДВОР!!!!

И тоа се соочува со насилство! "Сакаш Да ти ја пикнам оваа цевкава в газ?""Ти знаеш бе да пцуеш?!?" "Пичкати материна" "Мајкати в газ да ја ебам"

Го пушташ надвор да се соочи со деца кои растеле во беда и очај! Каде што гледале како таткото ја помодрува од ќотек мајка му додека ова стои настрана цмиздри липа и вика "Татоооо немој! Не ја тепај мама" Деца за кои никој не водел сметка. Кои на 8 годишна возраст го знаат значењето на зборот КУРВО!!! и мислат дека е нормално некому да му речеш ЌЕ ТЕ УБИЈАМ! Фрлени на цела декаденција, пијанства, коцкање, растени без љубов.

Ги соочиш тие две деца, кое ќе се справи а кое ќе страда?

Најстрашното е што општеството е така поставено да надмоќта се смета како добра вештина и придобивка за успешно градење на себеси.
Декаденцијата инфликтирана врз детето ќе биде добар пример за тоа како треба да чекориш низ животот затоа што кога ќе се изградат во зрели личности ќе се соочат со сите препреки а тие не се нималку лесни и баснословни.

Доброто дете ќе оствари половични резултати на едукативен план. Никогаш нема да успее на професионален план затоа што системот бара индивидуии кои газат други пред себе. Никогаш нема да се оствари на личен и љубовен план затоа што животот не е Дизни цртан и поставеноста е таква да се фаворизира моќта и успехот која сама по себе не може да ја оствари ради вредностите со кои бил граден.

Детето растено со трауми секогаш ќе биде појако, ќе се изгради во ѓубре личност која ќе доминира. Пазарот на труд ќе го цени тоа, ќе напредува врз грбот на останатите. Моќта ќе му отвори многу врати. Ќе се реализира на сите полиња.

На крајот од денот колку и да се трудиш да бидеш добра личност едноставно нема да можеш да се вклопиш во системот кој е спротивно граден од тебе/себеси.
Затоа што моментот кога ќе излезеш од меурот и ќе зачекориш надвор ќе сватиш дека си МАЛЦИНСТВО!
На 3 добро градени личности имаш 15 лоши!
Добрите личности секогаш ќе имаат сомнеж, секогаш ќе ги реевалуираат своите постапки, самодовербата која мислеле дека ја имаат ќе им биде поткопана кога ќе се соочат со спротивниот табор а за таквите нема место напред.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.723
Поени од реакции
1.480
Воопшто не вреди сите те користат и потоа не си им интересен и потребен. Сум го осетил 10000 пати на сопствена кожа и пак не се менувам бадијала е цело искуство сите го забораваат доброто што си го направил бидете лоши повеќе ќе ве ценат и сакаат...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...кога правиш добро и размислуваш за тоа што си го направил одкажи се од таквите "херојства"
...тоа воопшто не е добро
...научи се да правиш добро и да не размислуваш за тоа,тогаш ја обогатуваш својата душа :)
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Зависи што е тоа добар. Ако е некој наивен тоа не го прави добар. Ако некој се држи слепо на правила и закони тоа не го прави добар. Моралот е делумно субјективен. Така релативно е што е тоа добар. Ако правиш нешто по правила не те прави секогаш добар зошто вложуваш труд за погрешни работи. Тоа во основа те прави страшнлив и глупав. Така да. Во принцип се исплати да си добар но при тоа да си паметен и рационален. Моралот е сложена категорија и донекаде субјективен.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.623
Поени од реакции
34.809
Со добрите сум добра, со лошите сум лоша.
Дали вреди или не, баш ми е гајле.
...а од каде ќе знаеш дали се добри или лоши, па така исто ќе се однесуваш? во моментот секој може да биде тоа што не е, а ти погрешно ќе го процениш дека е добар или лош.

....најдобро е да се има гард, за секоја добрина што ќе се направи, да се смета за сопствено добро дело без очекување да биде возвратено со иста мера од особата што ја доби таа наша добрина.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.760
Поени од реакции
9.558

Досега нема погрешено :toe:
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Колку е тажно кога:
Имаш дете кое го одгледуваш по сите прописи, никогаш не си го истепал, секогаш со укор, со едукација, го учиш на правите вредности, не си му дозволил да гледа насилство, колење, не видел како се караат родители. Секогаш љубов, љубов, љубов и безгрижно детство. Цртани. Родендени, Зоолошки, Подароци, Радости.

И тоа дете го пушташ НАДВОР!!!!

И тоа се соочува со насилство! "Сакаш Да ти ја пикнам оваа цевкава в газ?""Ти знаеш бе да пцуеш?!?" "Пичкати материна" "Мајкати в газ да ја ебам"

Го пушташ надвор да се соочи со деца кои растеле во беда и очај! Каде што гледале како таткото ја помодрува од ќотек мајка му додека ова стои настрана цмиздри липа и вика "Татоооо немој! Не ја тепај мама" Деца за кои никој не водел сметка. Кои на 8 годишна возраст го знаат значењето на зборот КУРВО!!! и мислат дека е нормално некому да му речеш ЌЕ ТЕ УБИЈАМ! Фрлени на цела декаденција, пијанства, коцкање, растени без љубов.

Ги соочиш тие две деца, кое ќе се справи а кое ќе страда?

Најстрашното е што општеството е така поставено да надмоќта се смета како добра вештина и придобивка за успешно градење на себеси.
Декаденцијата инфликтирана врз детето ќе биде добар пример за тоа како треба да чекориш низ животот затоа што кога ќе се изградат во зрели личности ќе се соочат со сите препреки а тие не се нималку лесни и баснословни.

Доброто дете ќе оствари половични резултати на едукативен план. Никогаш нема да успее на професионален план затоа што системот бара индивидуии кои газат други пред себе. Никогаш нема да се оствари на личен и љубовен план затоа што животот не е Дизни цртан и поставеноста е таква да се фаворизира моќта и успехот која сама по себе не може да ја оствари ради вредностите со кои бил граден.

Детето растено со трауми секогаш ќе биде појако, ќе се изгради во ѓубре личност која ќе доминира. Пазарот на труд ќе го цени тоа, ќе напредува врз грбот на останатите. Моќта ќе му отвори многу врати. Ќе се реализира на сите полиња.

На крајот од денот колку и да се трудиш да бидеш добра личност едноставно нема да можеш да се вклопиш во системот кој е спротивно граден од тебе/себеси.
Затоа што моментот кога ќе излезеш од меурот и ќе зачекориш надвор ќе сватиш дека си МАЛЦИНСТВО!
На 3 добро градени личности имаш 15 лоши!
Добрите личности секогаш ќе имаат сомнеж, секогаш ќе ги реевалуираат своите постапки, самодовербата која мислеле дека ја имаат ќе им биде поткопана кога ќе се соочат со спротивниот табор а за таквите нема место напред.
Види, делумно се согласувам.
Зошто викам делумно?
Може и доброто дете да има трауми, не постои апсолутно добро исчувано дете во светов. Таков апсолут извини ама не е виден досега. Сите сме повеќе или помалку со некакви трауми.
Поентата е како тие трауми нас може да не афектираат, односно колку дозволуваме истите да не афектираат.

Верувам дека си во свои 20ти или рани 30ти. Истите тие "копилиња" кои газат се пред себе, што си ги земал за пример се сеуште во млада фаза од својот живот и психолошки, после 40ти им се дешаваат многу шитови за кои ќе им треба време и време да ги надминат од типот на substance abuse, алкохолизам, депресии, разводи, проблеми во брак и тн и тн. Сите тие трауми се креирани баш од луѓе кои имаат недостаток на добрина.

Друга ствар, ти можеш да бидеш подеднакво истрауматизиран од насилство во фамилија и некој друг навидум драстично помалку стресен настан како на пример испит на факултет. Ок, може и јас претерано го лупнав примерот, ама до нас е како ќе реагираме на екстерни стресори. Ти можеш да направиш од мравка - слон и од слон - мравка, до тебе е.

Светот се менува на дневна основа и баш денес мислам дека е највеќе возможно да се "успее" ако се биде добар, и да се биде среќен при истото. Зошто ?
Па мене пример работодавец не ме цени по мојата добрина, туку по моите технички способности да ја вршам работата. Тоа "газење се пред себе" од ден за ден преминува во помека варијанта. Доволно е да се има здрава желба за натпревар и конкуренција, без оглед на добрината или злобата што ја носи еден човек во себе. Ако е злобен, ќе проба да ти прави сопки, ако е добар, технички ќе биде подобар од тебе... што на крајот е најбитно нели.
Ок, постојат и edge cases каде што тој што прави сопки (злобниот) ќе го победи објективно технички подобриот "добар" човек. Но, не сме 16ти век, сепак. Секако, во човечката ДНК е да гази по други луѓе. Тој инстинкт на преживување постои кај нас веќе стотици илјади години и тешко може да се искорени.

Прв болд - Сепак, ова е длабоко, субјективно прашање кое зависи од многу фактори.
Македонија за жал е сурово општество и ќе требаат уште многу години дури нештата дојдат до некоја толерабилна нормала.
Но, сепак напредокот е евидентен и ноторен... еве, ние кога сме биле 14/15/16 годишни деца... немаше викенд или ден да нема тепачка... денеска тоа е скроз намалено и ова со две раце можам да го потпишам како аргумент. И од тој аспект има напредок.

Втор болд - Едноставно е... постојат објективни параметри дали некој успева на едукативен или професионален план. Математиката е едноставна... Ако јас те надработам, надперформирам и ако имам поголеми компетенции од тебе - ќе бидам подобар. Ако учам/работам повеќе од тебе - ќе бидам подобар од тебе на кариерен/школски план. Ако сум повеќе мотивиран и компетентен од тебе - ниедна сопка од злобен лик нема да ме спречи да си ја остварам целта.

Умешноста да се газат други луѓе е само минијатурен бонус во целава приказна.

Сум сретнал многу злобни ликови кои од километар им се гледа злобата и социјалната манипулативност и онаа утилизирачка екстровертност (лижење гз, упикување, праење лице, тастање и тн и тн), додека од друга страна имало genuine добри ликови кои биле legit експерти во својата област. Искрено на овие првиве, многу брзо им паѓа маската отколку на вториве. На крајот од денот никој не го слуша оној злобник што нема поим само наредува и цел живот се стреми да го води стадото, туку го слуша оној што е најкомпетентен да го прави истото.
 
Последно уредено:
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Добрината како човекова особина, денес е многу ретко застапена меѓу луѓето. Секој од нас посакува да го добие она што го сака на што полесен начин.
Дали добрината е она кое треба да не’ води во животот, или треба да се осврнеме на злобата и осветата?
Која е целта да се биде добар, кога на крај, секогаш ни се враќа со лошо?
Дали вреди да се биде добар, кога и покрај се, животот еден ден ќе ти сврти грб, во оној момент кога најмногу ќе ти треба?

Животот во еден свет, како овој, исполнет со болка, тага, незадоволство и тешкотии ме тера да се подзамислам, дали има причина за да бидеме човечни. И секогаш ми останува само еден одговор... Заборави на себе, помисли малку и на другите, и ќе дознаеш која е потребата да бидеш добар...
Дефинирај “добар“. Дефинирај “лош“. И конечно, дефинирај добрина. Ако се поведеш од колоквијалната употреба на поимите “добар човек“ и “лош човек“ каде под добар се подразбира солидно социјализирана личност а лош има тешкотии со социјализацијата или е анти-социјална личност и на крај “добрина“ е изразување симпатија кон оние што побарале помош од тебе, тогаш целта на нормален човек е да биде добар поради користа што таквата општа определба ја носи: удобен живот (колку-толку). Лошотилакот носи неудобен живот: повреди од конфронтации, кривичен прогон, затвор, рана смрт, хронични болести... Солидно социјализираните личности ја уживаат подготвеноста на пошироката околина ним да им помогне во случај на потреба, анти-социјалните личности не.
Животот е променлива над која никој нема апсолутна контрола. Им се случува на сите. Им се случува и на лошите луѓе. Кога ним ќе им се случи животот, ќе биде како конечно торпедо што им го потопува бродот, камен на вратот кога се обидуваат да пливаат во морето сопствени погрешни избори. Добриот човек колку-толку го има животот под контрола: не живее стихијно, планира, промислува за своите постапки и нивни последици, за разлика од лошиот за кого сѐ е стихијно, помини-ден-замини, без мислење за последици, следствено неговиот живот е хаотичен и не престанува да му се случува, му се случува секој ден и стално е во некоја ситуација од која сака да се извлече преку повторен погрешен избор.
Заборавањето на себе е нездрава одлука. Сакај се првин себе, тоа е најздравата одлука. Од тие одлуки кои сам можеш да ги носиш за себе, донеси одлука во твоја корист. Живеењето здрав живот е одлука во сопствена корист. Без разлика каква дилема ти е презентирана, од други луѓе или од самиот себе, размисли кое решение оди во твоја корист. “Пер, ај бе во град“, размисли дали е тоа во твоја корист, лутањето низ град доцна во ноќта итн.
Она што колоквијално се нарекува “карма“, сфаќањето дека добрите работи треба да им се случуваат на добрите луѓе а лошите работи на лошите, е искривоколчено поимање на Божјата милост. Или ако претпочитате Вселенската Правдина. Божјата милост е токму тоа- божја. Не е човечка. Не зависи од човекот зашто не е негова таа милост да ја дели кому билансот на добри и лоши дела кажува дека му треба, од Бога е и одлуката е Негова. Вселенската правдина е токму тоа: вселенска. Вселената одлучува кому да му се даде. Твојата милост/правдина е само твоја: ти одлучуваш кому да му се даде. Е тогаш решавај, кога се бара од тебе некаква милост, помош, попуштање, тогаш реши да се сакаш првин себе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom