Дали вреди да се биде добар?

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Добрината како човекова особина, денес е многу ретко застапена меѓу луѓето. Секој од нас посакува да го добие она што го сака на што полесен начин.
Дали добрината е она кое треба да не’ води во животот, или треба да се осврнеме на злобата и осветата?
Која е целта да се биде добар, кога на крај, секогаш ни се враќа со лошо?
Дали вреди да се биде добар, кога и покрај се, животот еден ден ќе ти сврти грб, во оној момент кога најмногу ќе ти треба?

Животот во еден свет, како овој, исполнет со болка, тага, незадоволство и тешкотии ме тера да се подзамислам, дали има причина за да бидеме човечни. И секогаш ми останува само еден одговор... Заборави на себе, помисли малку и на другите, и ќе дознаеш која е потребата да бидеш добар...
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Дефинитивно ДА .труди се да бидеш добар колку можеш повеќе,најпрво ти ќе имаш полза од тоа и на крај ќе бидеш голем добитник.
 

CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
750
Поени од реакции
55
Вреди. Да се биде добар ама стварно во душата добар, а не да се правиш добар и скришно да потпикуваш. Вреди затоа што кога некој ќе те награди за оваа особина па и со минимален гест е чувство кое неможе да се доживее никогаш ако си лицемерен и арогантен како личност.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дали добрината е она кое треба да не’ води во животот, или треба да се осврнеме на злобата и осветата?
Секогаш добрината и чесноста треба да не водат во животот секогаш! Добрината треба да ни биде водич низ животот! Човекот секогаш треба да се труди да биде добар, чесен, искрен, и секогаш да се труди да биде уште подобар, уште почесен и уште поискрен.

Која е целта да се биде добар, кога на крај, секогаш ни се враќа со лошо?
За да биде човек добар, не му треба причина. Најбитно во животот е да се биде човечен, ако не си човечен - не си човек. И доброто секогаш се враќа со добро, само што не веднаш и не одма. Човекот е премногу нестрпелив по природа и сака одма да има резултати од неговото делување. Добрината секогаш се исплаќа. Духовно барем, секогаш се исплаќа. А тоа е најбитното. А нам не ни се враќа лошо, туку ни прават лошо, а тоа е затоа шо има луѓе по природа покварени. Ако си правел добро, технички не ти се вратило лошо, туку друг ти направил. Тој што направил лошо, ќе му се врати лошо.

Дали вреди да се биде добар, кога и покрај се, животот еден ден ќе ти сврти грб, во оној момент кога најмногу ќе ти треба?
Има едни стихови од Аланис Морисет...
Well life has a funny way of sneaking up on you
When you think everything's okay and everything's going right

And life has a funny way of helping you out when
You think everything's gone wrong and everything blows up in your face


Да, животот знае да ни заврти грб, ама потоа и одеднаш знае да не крене од подот. Да, знае да врне дожд кога највеќе посакуваме сонце, но сите го сакаме виножитото кое следува потоа нели? Е за да уживаме во виножитото, мора да го истрпиме и дождот на нашиот грб. А сето тоа најубаво се проаѓа со добрина и љубов. Животот ќе те сака, ако и ти го сакаш него. Сите го критикуваат животот кога им е тешко, но никој не го фали кога е убав и лесен. Да, животот знае да биде права кучка, но ништо не е совршено, ниту пак треба да биде совршено.


Животот во еден свет, како овој, исполнет со болка, тага, незадоволство и тешкотии ме тера да се подзамислам, дали има причина за да бидеме човечни. И секогаш ми останува само еден одговор... Заборави на себе, помисли малку и на другите, и ќе дознаеш која е потребата да бидеш добар...
Прекрасна реченица. И кога егоизмот би бил помал, а емпатијата поразвиена тогаш светот би бил многу поубаво место за живеење. А емпатијата може да се развива само со љубов кон човештвото, љубов, добрина и отворени видици.
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.804
Поени од реакции
5.581
ДА, ќе бидеш добар се додека не се изгориш некако :) е тек од коа ќе се изгориш стануваш скрос обратен, значи ќе мислиш само на себе и ич нема да те боли за другите, знам звучи себично ама така е секогаш :)

Најбитно во животот е да се биде човечен, ако не си човечен - не си човек
тоа е најбитно, ама изгледа сите ние забораваме што е најтешкото во овој наш живот. најтешко е да си ЧОВЕК
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
ДА, ќе бидеш добар се додека не се изгориш некако :) е тек од коа ќе се изгориш стануваш скрос обратен, значи ќе мислиш само на себе и ич нема да те боли за другите, знам звучи себично ама така е секогаш :)
Ако ме повреди некој, имам уште поголем поттик да бидам подобра и да се трудам да бидам уште поискрена и почовечна. Баш затоа што знам дека мене ме повредиле и биле злобни кон мене, ќе се трудам да бидам добра и да не повредам никој, затоа што знам колку е грдо чувството да осетиш човекова злоба.

тоа е најбитно, ама изгледа сите ние забораваме што е најтешкото во овој наш живот. најтешко е да си ЧОВЕК
Сите вредни работи во животов се тешки. Некогаш е тешко да се најде работа, ама не престануваме да бараме работа или да се трудиме да обезбедуваме егзистенција така? Која би била поентата на животов ако не се трудам да напредувам и да се равивам како што подобар човек? Што ќе ми е животот ако не сум човек?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Are you a rat or are you a man?!
Кога кажувам човек, мислам на човечност, да бидам човек,да ги почитувам другите и да го живеам животот со добрина и без да погазам никого и без да газам по други луѓе.:smir: Никогаш не би можела да живеам живот на паразит, да живеам живот на ѓубре или организам од најнизок степен на еволуција. Нормално, зборам карактерно.
 
С

Сатори

Гостин
Кога кажувам човек, мислам на човечност, да бидам човек,да ги почитувам другите и да го живеам животот со добрина и без да погазам никого и без да газам по други луѓе.:smir: Никогаш не би можела да живеам живот на паразит, да живеам живот на ѓубре или организам од најнизок степен на еволуција. Нормално, зборам карактерно.
Карактерно зборував и јас.
Не ти го наменив прашањето, само се надоврзав на она што го имаше веќе напишано.:smir:
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Верувајте вреди, иако можеби во моментот кога некои "ве газат" поради добрината сте помислиле дека подобра би била обратната опција (да бидете зли), но сепак еден ден кога најмалку ќе очекувате, ќе сфатите колку вредело да бидеш ДОБАР!!!
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Ako si navistina dobar, zivotot t.e. tvojot zivot nikogas nema da ti svrti grb.
Dobar u optimalna smisla na zborot vredi da si, bez razlika sto ponekogas covek mora cesto pati da se prasa dali e podobro da se bide los.

Dobrinata vo lugeto e balansot pomegu svetot i negovata propast.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Во денешниов свет на лаги, лицемерие и злоба, многу е тешко да станеш добар, а уште потешко да останеш таков. Мислам дека во ова општество, во оваа временска рамка, воопшто не вреди да си добар, бидејќи добрината брзо се заборава. Дволичноста е некаков лек (ако може да се нарече така) за изместените вредности во нашево општество. Значи, да појаснам, биди добар за оној кој тоа го заслужува или со оној од кого би имал корист, но не со сите!
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Познато е она дека добрите луѓе секогаш патат.
Секогаш се искористуваат овие луѓе, се искористува нивната добрина.
Но сепак сметам дека исполнет е оној човек кој пружа добрина колку што може повеќе.
Во ова денешно време тешко е да најдеш добар и чесен човек на кој ќе може да му веруваш, секој гледа за себе, секој гледа за своите цели и успеси да му наштети на друг.
Добрите луѓе се реткост, тие се вистинско богатство.

А дали вреди да си добар?
Па вистинска комплетна добрина веројатно не е добро. Овие луѓе кажав се искористуваат, често се прегазувани, животот не ги милува, луѓето нималку не ги почитуваат онолку колку што вистински заслужуваат. Најдобрите луѓе сепак лошо завршуваат, тоа било секогаш така и сега и низ историјата.
Можеби постои свет подобар од овој каде нивната добрина ќе се вреднува во вистинска смисла, онака како што заслужуваат. Овој свет не е таков.

Најдобро некоја средина. Биди добар што повеќе можеш но не се погазувај себеси, покажи заби и некоја негативност кога мораш, ама не и секогаш и во секоја ситуација. Не дозволувај ѓаволот во тебе да те погази.
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Вреди :pipi:
Вреди бидејќи има љуѓе што го ценат тоа... околината не е добра и тешко моете да најдете некој што цени добрина, ама пак мене не ме интересира околината туку одредени личности што ми значат и што го ценат тоа. :)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Вреди да си дел од политичка партија. Во последно време, сум опкружена со околина која на нејзини 16 години, е дел од политичка партија. Тие луѓе, ги направија ,,добри", за сметка на оние кои се навистина добри. Добрината е категорија во фаза на изумирање. Односно, малку е измодифицирана и се вика-добрина од корист... Се изначитав постови за светци и светињи, знаете и самите дека сте патетични.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom