Колку е тажно кога:
Имаш дете кое го одгледуваш по сите прописи, никогаш не си го истепал, секогаш со укор, со едукација, го учиш на правите вредности, не си му дозволил да гледа насилство, колење, не видел како се караат родители. Секогаш љубов, љубов, љубов и безгрижно детство. Цртани. Родендени, Зоолошки, Подароци, Радости.
И тоа дете го пушташ НАДВОР!!!!
И тоа се соочува со насилство! "Сакаш Да ти ја пикнам оваа цевкава в газ?""Ти знаеш бе да пцуеш?!?" "Пичкати материна" "Мајкати в газ да ја ебам"
Го пушташ надвор да се соочи со деца кои растеле во беда и очај! Каде што гледале како таткото ја помодрува од ќотек мајка му додека ова стои настрана цмиздри липа и вика "Татоооо немој! Не ја тепај мама" Деца за кои никој не водел сметка. Кои на 8 годишна возраст го знаат значењето на зборот КУРВО!!! и мислат дека е нормално некому да му речеш ЌЕ ТЕ УБИЈАМ! Фрлени на цела декаденција, пијанства, коцкање, растени без љубов.
Ги соочиш тие две деца, кое ќе се справи а кое ќе страда?
Најстрашното е што општеството е така поставено да надмоќта се смета како добра вештина и придобивка за успешно градење на себеси.
Декаденцијата инфликтирана врз детето ќе биде добар пример за тоа како треба да чекориш низ животот затоа што кога ќе се изградат во зрели личности ќе се соочат со сите препреки а тие не се нималку лесни и баснословни.
Доброто дете ќе оствари половични резултати на едукативен план. Никогаш нема да успее на професионален план затоа што системот бара индивидуии кои газат други пред себе. Никогаш нема да се оствари на личен и љубовен план затоа што животот не е Дизни цртан и поставеноста е таква да се фаворизира моќта и успехот која сама по себе не може да ја оствари ради вредностите со кои бил граден.
Детето растено со трауми секогаш ќе биде појако, ќе се изгради во ѓубре личност која ќе доминира. Пазарот на труд ќе го цени тоа, ќе напредува врз грбот на останатите. Моќта ќе му отвори многу врати. Ќе се реализира на сите полиња.
На крајот од денот колку и да се трудиш да бидеш добра личност едноставно нема да можеш да се вклопиш во системот кој е спротивно граден од тебе/себеси.
Затоа што моментот кога ќе излезеш од меурот и ќе зачекориш надвор ќе сватиш дека си МАЛЦИНСТВО!
На 3 добро градени личности имаш 15 лоши!
Добрите личности секогаш ќе имаат сомнеж, секогаш ќе ги реевалуираат своите постапки, самодовербата која мислеле дека ја имаат ќе им биде поткопана кога ќе се соочат со спротивниот табор а за таквите нема место напред.
Види, делумно се согласувам.
Зошто викам делумно?
Може и доброто дете да има трауми, не постои апсолутно добро исчувано дете во светов. Таков апсолут извини ама не е виден досега. Сите сме повеќе или помалку со некакви трауми.
Поентата е како тие трауми нас може да не афектираат, односно колку дозволуваме истите да не афектираат.
Верувам дека си во свои 20ти или рани 30ти. Истите тие "копилиња" кои газат се пред себе, што си ги земал за пример се сеуште во млада фаза од својот живот и психолошки, после 40ти им се дешаваат многу шитови за кои ќе им треба време и време да ги надминат од типот на substance abuse, алкохолизам, депресии, разводи, проблеми во брак и тн и тн. Сите тие трауми се креирани баш од луѓе кои имаат недостаток на добрина.
Друга ствар, ти можеш да бидеш подеднакво истрауматизиран од насилство во фамилија и некој друг навидум драстично помалку стресен настан како на пример испит на факултет. Ок, може и јас претерано го лупнав примерот, ама до нас е како ќе реагираме на екстерни стресори. Ти можеш да направиш од мравка - слон и од слон - мравка, до тебе е.
Светот се менува на дневна основа и баш денес мислам дека е највеќе возможно да се "успее" ако се биде добар, и да се биде среќен при истото. Зошто ?
Па мене пример работодавец не ме цени по мојата добрина, туку по моите технички способности да ја вршам работата. Тоа "газење се пред себе" од ден за ден преминува во помека варијанта. Доволно е да се има здрава желба за натпревар и конкуренција, без оглед на добрината или злобата што ја носи еден човек во себе. Ако е злобен, ќе проба да ти прави сопки, ако е добар, технички ќе биде подобар од тебе... што на крајот е најбитно нели.
Ок, постојат и edge cases каде што тој што прави сопки (злобниот) ќе го победи објективно технички подобриот "добар" човек. Но, не сме 16ти век, сепак. Секако, во човечката ДНК е да гази по други луѓе. Тој инстинкт на преживување постои кај нас веќе стотици илјади години и тешко може да се искорени.
Прв болд - Сепак, ова е длабоко, субјективно прашање кое зависи од многу фактори.
Македонија за жал е сурово општество и ќе требаат уште многу години дури нештата дојдат до некоја толерабилна нормала.
Но, сепак напредокот е евидентен и ноторен... еве, ние кога сме биле 14/15/16 годишни деца... немаше викенд или ден да нема тепачка... денеска тоа е скроз намалено и ова со две раце можам да го потпишам како аргумент. И од тој аспект има напредок.
Втор болд - Едноставно е... постојат објективни параметри дали некој успева на едукативен или професионален план. Математиката е едноставна... Ако јас те надработам, надперформирам и ако имам поголеми компетенции од тебе - ќе бидам подобар. Ако учам/работам повеќе од тебе - ќе бидам подобар од тебе на кариерен/школски план. Ако сум повеќе мотивиран и компетентен од тебе - ниедна сопка од злобен лик нема да ме спречи да си ја остварам целта.
Умешноста да се газат други луѓе е само минијатурен бонус во целава приказна.
Сум сретнал многу злобни ликови кои од километар им се гледа злобата и социјалната манипулативност и онаа утилизирачка екстровертност (лижење гз, упикување, праење лице, тастање и тн и тн), додека од друга страна имало genuine добри ликови кои биле legit експерти во својата област. Искрено на овие првиве, многу брзо им паѓа маската отколку на вториве. На крајот од денот никој не го слуша оној злобник што нема поим само наредува и цел живот се стреми да го води стадото, туку го слуша оној што е најкомпетентен да го прави истото.