Дали вреди да се биде добар, кога и покрај се, животот еден ден ќе ти сврти грб, во оној момент кога најмногу ќе ти треба?
Животот во еден свет, како овој, исполнет со болка, тага, незадоволство и тешкотии ме тера да се подзамислам, дали има причина за да бидеме човечни. И секогаш ми останува само еден одговор... Заборави на себе, помисли малку и на другите, и ќе дознаеш која е потребата да бидеш добар...
Се согласувам со повеќето... да вреди да се биде добар човек, ако поради ништо друго, барем за себе. А дека животот и во тој случај ќе ти сврти грб - ќе ти, но ако си добар, ќе имаш барем едно рамо на кое ќе можеш да се исплачеш.
Има причина да бидеме човечни, затоа што тоа и сме. И кога би заборавиле на момент на себе, само за да помислиме на кратко на другите, повторно ќе сфатиме дека треба и мора да сме добри. Во тоа кратко размислување ќе се насмевнеме длабоко во нас ако знаеме дека никој поради нас не плаче, не пати, не не` колне и сл. Не мора сите да не сакаат и да ни враќаат со добро... доволно е и тоа да знаеме дека никого, барем намерно не сме повредиле.
Зошто да се биде добар? Најголемото и најбитното прашање на денешницата. Прашање на кое речиси никој не може да даде одговор. Затоа младината денес го одбира лошиот пат, што е сосем погрешно. Но да се биде добар, тоа е нешто магично. Нешто од кое што нема ништо побитно. Иако никој не го почитува тоа, вреди да се биде добар, прво за самиот себеси, после за другите.
Младината го одбира лошиот пат затоа што не го знае одговорот на ова прашање? Тогаш, кој е одговорот на: "Зошто да се биде лош"?
Вреди да се биде добар! Ама во посраниов свет, и да не сакаш мораш да му наштетиш на некој - кога тогаш. На туѓа несреќа не се гради среќа, ама кај нас некако оа не може и да сакаш
Како тоа се прават работи кои не се сакаат? Можеби тоа се случува кај животните, ама нели за нас луѓето зборуваме?
И, каде е тоа кај нас, кај што мора да се гради своја среќа врз туѓа несреќа?
Малку претешки дефиниции од памет, кои ич не ми држат вода.
Потсете се на воведниот дел на хуманитарниот концерт во чест на Тоше, имаше убави мисли, па видете дали вреди.
Убаво е да се биде, ама :S
Не се сеќавам на воведниот дел од хуманитарионт концерт, но претпоставувам на што мислиш. Значи, сакаш да кажеш дека е убаво да се биде добар, но бидејќи (не знам зошто) не вреди не ни треба?