Дали вреди да се биде добар?

Вреди! Дури и другите да не го ценат тоа, бар за да си чист пред себе, а тоа треба да биде доволна причина.
 
Нема добро или лошо. Како луѓе сите се понашаме добро кон едни а лошо кон други во зависност од тоа како ни одговара и што очекуваме од другите луѓе. Но тоа дека некој е добар а друг е илузија бидејќи пред се тие се лажни прикази и различни пристапи за тоа што сакаме да го добиеме.
 
Мислиш дека треба да си добар кон сите се дури не се изгориш. Тогаш ке се подзамислиш дали вреди да гинеш за секого. Така да, дали добар или лош, биди си свој и живеј најдобро како што знаеш ти. Со сила убаина не бидуе.
 
Дефинитивно ДА .труди се да бидеш добар колку можеш повеќе,најпрво ти ќе имаш полза од тоа и на крај ќе бидеш голем добитник.

Лееј пер звучиш ко класната моја ... ми предава етика типката ... иако иам петка по етика ... ја си признав кај класната дека знам да бидам гнаса ... и сепак го поштуе тоа типката ... сакам да кажам ... животот знае некад да биде на твоја страна кога све ти е розево и цвета ... ама знае некад да ти тури курот и да те остаи сам да се снаоѓаш ...

Каков ќе биде тој со тебе ... таков биди и ти со него ... на улица со добрина немоеш да преживееш ... иам пробано ... грдо е ...
У светов треба сам да се бориш за тоа што сакаш да го постигнеш ... а како да се бориш ? НА СЕКОЈ МОЖЕН НАЧИН ! Курвински,фер,со шифри и читови итн итн ... секако само да се снајдеш за себе и тие околу тебе !

:toe:
 
Зошто да се биде добар? Најголемото и најбитното прашање на денешницата. Прашање на кое речиси никој не може да даде одговор. Затоа младината денес го одбира лошиот пат, што е сосем погрешно. Но да се биде добар, тоа е нешто магично. Нешто од кое што нема ништо побитно. Иако никој не го почитува тоа, вреди да се биде добар, прво за самиот себеси, после за другите.
 
Вреди да се биде добар колку другите да не го ценат тоа. Барем мене ми причинува задоволство. Ама лошото е тоа што ретко, многу ретко некој тоа го цени. Едноставно ке гледа да те искористи, да ја искористи твојата добрина.
 
Вреди да си добар без разлика дали го ценат тоа или не,едноставно тоа е дел од мене и неможам да се одвикнам некој ќе ме цени некој не,ретки се тие што го ценат доброто,и добрината што ја правам,добар сум и со добро сакам да ми се врати
 
Вреди да се биде добар! Ама во посраниов свет, и да не сакаш мораш да му наштетиш на некој - кога тогаш. На туѓа несреќа не се гради среќа, ама кај нас некако оа не може и да сакаш
 
Вреди да се биде добар... иако светов мислиме дека е лошо место за живеење, јас и понатаму верувам дека луѓето се добри:helou:
 
Добрината е само една работа која тебе те прави среќен. Ако си добар, ќе знаеш за себе дека си, ќе си имаш чиста совест према себе.
Ретки се оние кои ја ценат добрината, односно ретки се луѓето што со добрина и чесност сакаат да остварат некоја цел, а притоа да гледаат да не ги повредат другите. Ретки се и оние кои ги ценат добрите луѓе.
Целта? Епа кажав целта да се биде добар е чиста совест. Да, секогаш завршуваме најлошо колку и да сме добри, но животот е бумеранг и се се враќа еден ден.Можеби таа освета нема да е од нас, ќе биде од некој друг,но се враќа.
Искрено(за мене зборувам) не вреди веќе да сум добра кон другите. Да, навистина си имам чиста совест, но колку што сум подобра,толку појќе ми се враќа полошо. Незнам да одбијам. Секогаш се ставам во втор план,баш заради другите, а тие?
 
dobra sum kolku shto mislam deka treba da bidam vo soglasnost so moite moralni normi....ne mi e griza dali spored nekoj toa ne e dovolno ili slicno...vazno mi e da bidam srekna so sebesi.
 
момнтално сум восхитена од професорот по етика...таков човек немам сретнато, толку позитивен, едноставно те поттикнува да правиш добро, и кога има цела една наука посветена на доброто повеќе од јасно е дека треба да се прави добро, но пред се прави добро заради себеси, заради лично задоволство и среќа, а не заради другите, бидејќи ако се прави добро само за да другите видат дека сме добри тогаш тоа е само егоизам...добрината секогаш се враќа!
 
Вреди да се биде добар, али во одредени граници, некој може тоа да го искористи. Сепак треба да се биде добар кон оние што се добри спрема тебе. :toe:
 
Па да вреди да се биде добар, само спрема оние кои се добри кон тебе. За оние што не те рецкаат и гледаат само лошо да ти направат не рведи да се биде лош не па да бидеш добар. Ама добро и оние што се добри спрема тебе можат твојата доброта да ја искористат и да ти направат лошо ама ок тоа се ретки ситуации.
 
Да си добар е позитивна работа, иако и на добрите луѓе им се случуваат лоши работи ама тоа нема врска со тоа дека се добри, не значи да си добар исто што и мутав или глуп, во секој случај треба да бидеш добар со оние што се према тебе добри а оние што се лоши да ги игнорираш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom