Убави се сите тие бајки и приказни како светот е розов и сите сме добри,ама во реалниот живот ништо не е така.
Убаво е да се биде добар,донекаде можеби и вреди,ама нема повратна реакција.Која лична сатисфакција и глупости ќе ги добијам кога ќе гледам на мравка да не згазам,а животот само ќе ми ја плесне добрината во лице и ќе ми фрли една цинична насмевка земајќи ми се?
Точно е дека не треба ни да се гради среќа на туѓа несреќа,ама не треба и на мравка да не се гази.
Убаво би било кога би можеле сите да бидеме добри,дарежливи,несебични,ама само у случај на колективна добрина без никакви исклучоци која во случајов е хипотетичка.Во реалноста,секогаш полошиот,порасипаниот си го зема поголемиот дел,а другите остануваат со прстот во уста затоа што “се добри“ и “ќе простат“.
Добрината и правдината одамна се заборавени,не вреди да бидеш добар.Кој се двои од толпата го извлекува подебелиот крај.