Ги читам критичарите и ги жалам, но тоа е... кога имате само изгледано 1/2 филмови од него и тоа краткометражни.
Чарли е дефинитивно најдобриот глумец на сите времиња, знае тотално се да одглуми. Какви само чуствителни филмови има... тоа е нешто неверојатно!
Ќе почнам со неколку долгометражни филмови кој јас лично ги имам гледано и кој навистина вредат да се погледнат.
Limelight (1952) - Според мене, најдобриот филм на сите времиња. Да, за луѓето малку е чудно тоа кога ќе ја видат годината на филмот. Но одсекогаш велам "Важна ми е приказната на филмот отколку годината". Филмов е ФЕНОМЕНАЛЕН!
Modern Times (1936) - Тежок е животот, да? Комедија, романса, тага, надеж...
City Lights (1931) - Приказна за слепа девојка...
The Circus (1928) - Чарли наоѓа работа во Циркус, а и девојка
Подоцна сфаќа дека целиот циркус зависи од него, дека тој ги засмејува луѓето.
The Great Dictator (1940) - Хумор во сметка на
Хинкел, упс Хитлер :pos2:
The Kid (1921) - Е еве го овој за детото...
Monsieur Verdoux (1947) - Оние кој обожаваат Crime, еве и за нив одлично филмче
На моменти знае да биде малце досаден, но сепак на крајот сфаќаш дека е одлично филмче.
The Gold Rush (1925) - Потрага по злато... но наоаѓа нешто повеќе
Ова е целата листа на долгометражни филмови што ги имам гледано во кој тој глуми. А оние кој тој ги режисирал:
A Woman of Paris: A Drama of Fate (1923) и
A Countess from Hong Kong (1967)
Имам гледано само 2 краткометражни филмови од него,
Pay Day (1922) и
The Immigrant (1917), наскоро оваа листа ќе се зголеми :wink:
Нема на сила да ве терам да ги гледате неговите филмови, знам зошто и точно ги одбивате... но не знаете што пропуштате :smir: