- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 14.363
- Поени од реакции
- 3.069
А што, ако искочиш на улица ти планираш закони да прекршуваш?ако немаш “пријатели“ подобро не излегувај на улица
Озбилно не сфаќам.
А што, ако искочиш на улица ти планираш закони да прекршуваш?ако немаш “пријатели“ подобро не излегувај на улица
Значи да не бегаме многу од темата...Свеста кај луѓето се „подига“ со високи казни, така е во целиот демократски свет. Никој не се родил со високо подигната свест. Темата е за тоа од правен аспект да ги погледнеме работите. Дали со поскапување на казните за разни прекршоци се намали или не процентот на прекршувања на законите и на крај дали е постигната главната цел како што се намалување на бројот на сообраќајни незгоди, намалување на бројот на жртвите од нив, почиста околина како резултат на казнување за плукање и фрлање ѓубре и сл., потоа дали спиеме помирно со зголемување на казните за правење бучава ноќе итн. Со еден збор, се исплатеше ли зголемувањето на казните ? Ако мислите дека ДА, зошто и ако мислите НЕ, зошто ? Што треба да се преземе да се надмине таа состојба ? Може да спомнете и некое решение од друга земја и резултатите кои ги дало ...значи првенствено треба да работи свеста кај луѓето-се сложувам темата е дали казните влијаат кај совеста на граѓаните? е ова е нешто друго,казните влијаат ама кај кого?! корупцијата е на доста висока нога,ако немаш “пријатели“ подобро не излегувај на улица
Свеста се подига со едукација, а не со казнување :nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest:.Значи да не бегаме многу од темата...Свеста кај луѓето се „подига“ со високи казни, така е во целиот демократски свет.
Убаво што си ставил сам несвест смајлија на твојот пост, за да не мора да ти ставаат други.Свеста се подига со едукација, а не со казнување :nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest:.
Кај мене казната има спротивен ефект, плукам без проблеми ако ми се плука. Какво лицемерие е ова кај нас, пред криминал со милиони евра намерно се замижува, а ќе дојди некој да те казни за нешто минорно.Убаво што си ставил сам несвест смајлија на твојот пост, за да не мора да ти ставаат други.
А пази, го апсат тој дилерот и он вика на SWAT тимот: Ај бе вие сте ненормални, луѓено ги пуштате на црвено, плукаат кај сакаат - место од нив да почнете полека, вие мене ме апсите.Кај мене казната има спротивен ефект, плукам без проблеми ако ми се плука. Какво лицемерие е ова кај нас, пред криминал со милиони евра намерно се замижува, а ќе дојди некој да те казни за нешто минорно.
Ооо господине голем легалист, да ти кажам нешто што реално се случува и е јавна тајна. Крушево е мал град, полицајците од таа станица доаѓаат преку прилепските села дури до железничка станица во Прилеп за да напишат казни. А знаеш зошто? Па не можи да го казни брат му, комшијата или најверниот другар, а од друга страна треба да си ја оправда својата функција.А ти плукај каде и кога сакаш, 50 по 50 по 50, ќе те одвикнат и ќе ти ја вметнат и свеста што треба да ја имаш, не се секирај.
Океј де, плукаш зашто ти се може.Ооо господине голем легалист, да ти кажам нешто што реално се случува и е јавна тајна. Крушево е мал град, полицајците од таа станица доаѓаат преку прилепските села дури до железничка станица во Прилеп за да напишат казни. А знаеш зошто? Па не можи да го казни брат му, комшијата или најверниот другар, а од друга страна треба да си ја оправда својата функција.
Така да не се секирај ти за мене и дали ќе ме казнат :helou:.
Не живеам во меур од сапуница па да не ме тангира тоа што се случува околу мене. не ми треба мене закон за казни некакви си бесмислени за да го фрлам ѓубрето таму каде што му е местото, јас и без закон го правам тоа. Него цел систем на вредности е изместен. Гледам јас луѓе кои што буквално го ограбија нашево стопанство и економија, влакно на глава не им фали. Додека пак некој пензионер кој што нема слушнато за тој закон и ја има фрлено цигарата на улица ќе го одерат со 50 евра казна. Човекот зема 70 евра пензија, а казната му е 50 евра, објасни ми ти мене како ќе ја плати тој таа казна?Океј де, плукаш зашто ти се може.
Што тогаш плачеш за законите кога не те тангираат.
Казните не биле решението, едукацијата била. И после некој ќе рече јас сум бил фантазер.
Ти го правиш, други не.Не живеам во меур од сапуница па да не ме тангира тоа што се случува околу мене. не ми треба мене закон за казни некакви си бесмислени за да го фрлам ѓубрето таму каде што му е местото, јас и без закон го правам тоа. Него цел систем на вредности е изместен. Гледам јас луѓе кои што буквално го ограбија нашево стопанство и економија, влакно на глава не им фали. Додека пак некој пензионер кој што нема слушнато за тој закон и ја има фрлено цигарата на улица ќе го одерат со 50 евра казна. Човекот зема 70 евра пензија, а казната му е 50 евра, објасни ми ти мене како ќе ја плати тој таа казна?
Значи такво било опшеството и тој не научил никогаш кај треба се фрла тоа ѓубре. Значи ако не знае нема врска пак крив е? Така? Понеразумно нешто нема од тоа. Ниту видел ниту слушнал ниту разбрал дека такво нешто забрането е.Ти го правиш, други не.
Или мислиш сите се како тебе?
А за пензионерот, побезвезен пример немам слушнато во последно време. Зар тебе треба некој на вести да ти каже дека цигара не се фрла на улица?
Гледаш, тебе не ти треба казна, но на пензионерот му треба, тој не знае каде се фрла ѓубрето.
Да не идеализираме до толку. Чувството на национална припадност, патриотизмот и сл. немаат баш многу врска со прекршувањето на правилата (имаат кога се работи за олигарси и политичари, кои кршејќи го законот ја уништуваат својата земја...но, на темава се говори за прекршоци од друг тип, кои немаат такви последици, и кои се однесуваат на базичната цивилизираност на просечниот граѓанин).Високите парични казни ќе ја постигнат целта, ако нарушителите бидат доследно и без пардон санкционирани од казнителите. Засега многу често самите казнители се поголеми нарушители па така изостанува доследното санкционирање. Впрочем многу нешта кај нас функционираат на начин, законот доследно треба да се спроведува... арно ама кога ние ќе го прекршиме законот... Е тогаш пу, пу неважи. Па има „да ти се пљукнам на државата“, „што е тоа бе казните се многу високи“ итн. „платите се мали“. Сакам да кажам дека ние сме државата и одговорноста лежи во нас. Многу пати е повторувана една мисла „Што прави државата за мене?“... А што ние направивме за државата... од плукање каде што ќе стигнеме и како ќе стигнеме ништо повеќе.Да не забегувам од темата, но мислам дека отсуството на чуство на припадност, родољубивост и патриотизам кон Македонија повлекува една цела низа на постојано барање на влакно во јајцето за да се изигра се што може само да се задоволат нашите нечесни прекршувања на зададените правила и норми на однесување во оваа држава.
Да не забегувам, но чуството за национална припадности и патриотизмот имаат улога до таа мера до која секој еден спроведувач на законот сфати дека спроведувањето на законите е всушност и почит и родољубивост кон државата што му овозможила токму тој да биде нејзин претставник, а додека пак граѓаните со почитувањето на законите на државата допринесуваат за нејзин развој владеење на законите и почиста околина.Да не идеализираме до толку. Чувството на национална припадност, патриотизмот и сл. немаат баш многу врска со прекршувањето на правилата (имаат кога се работи за олигарси и политичари, кои кршејќи го законот ја уништуваат својата земја...но, на темава се говори за прекршоци од друг тип, кои немаат такви последици, и кои се однесуваат на базичната цивилизираност на просечниот граѓанин).
И да, се слагам со вториот дел (всушност тоа веќе и го напишав)...Се дур не почнат да се спроведуваат казните, односно додека луѓето не ги осетат последиците врз својот џеб, и милионски суми да бидат декларативно назначени, џабе е.
Патем, сегашниве мерки апсолутно ги подржувам. И нормално дека ќе се бунат луѓе, пошо им е ново, и немаат баш желба да се дисциплинираат. Али, ако и де факто почнат да се извршуваат казните, онда дефинитивно ќе имаат позитивен ефект.