Дали високите парични казни ја постигнаа целта ?

Дали високите парични казни ја постигнаа својата цел ?


  • Вкупно гласачи
    42
  • Гласањето е завршено на .

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Од тука и не може да се правдаме дека првин треба да ги исчистиме убијците и дилерите од улица, кои патем ќе ги сместиме во затвори со екстра услови за ресоцијализација, па откако се ќе средиме ќе почнеме да се пресметуваме со горе наведените прекршители.
Убијците и дилерите се ситна риба, и тие одговараат за индивидуални злосторства. Додека пак тајкуниве наши треба да одговараат за колективно злосторство против овај народ и оваа држава. Во право е донекаде Lurtz за материјалната состојба, свестта на луѓето и нивното внимание околу тоа. Додека тие не одговараат на суд заедно сосе политичарите кои им го овозможија тоа не бива работа. Гледај само како ВМРО ДПМНЕ го злоупотребува тоа јас не знам како не им е срам, на секоја изјава на Бранко Црвенковски тие отспротива трубат: Тој е крив за криминалната приватизација, тој е крив за криминалната приватизација. А да се преземеше нешто и да се решеше тој проблем. Пред да дојди Љубчо Георгиевски на власт во 1998 година имаше ветување дека ќе прави ревизија на приватизација, дојде на власт ништо од тоа. Пред да дојди на власт Никола Груевски имаше ветување дека ќе донеси странец јавен обвинител, дојде на власт ништо од тоа. Видиш луѓето на чело на партијата се различни и нивните неисполнети ветување се различни, само едно нешто е исто, а тоа е криминалецот кој што е задолжен за партиските вработувања и им зема на луѓево легален рекет преку својата приватана агенција за вработување :toe:.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Кругот е малечок а во него сме сите...
Во Норвешка како земја која искрено не сум бил, хигиената и свестта за хигиената е многу поголем, а знаеш зошто? Тие имаат заеднички фонд кој што е на сите кој што се полни од продажбата на нивната нафта и нивниот гас. Тие имаат чувство на заедништво, заедница, а пак ние имаме чувство на индивидуализираност (одделување од заедница). Затоа што кај нас тоа што се сметало до пред некое време за заедничко им е дадено на поклон на неколку луѓе.Па ќе слушниш изјави од типот што ме мене боли куро и за име и за држава, што направи оваа држава за мене? Ништо не направи за мене само ме избрка на улица. Додека на онај му даде поклон фабрика, куќи, мерцедеси се што ќе му душа посака.
Татко ми сеуште ја повторува некоја фамозна изјава на Бранко Црвенковски во врска со приватизацијата а тоа е дека: Подобро е едно пиво еден човек да го испие, отколку тоа пиво сто души да го пијат.

Така да ништо не е измешано се е поврзано, пеперутка овде кај нас да мафни со крилјата ќе предизвика ураган во Мексиканскиот залив.
Ајде сега по целиов пост кој е "што јас сум слушнал и мислам за светот", дај и практично како би се извело тоа.

Како јас да ти направам да го чуствуваш тротоарот како твој?
Односно, како да направиме, бидејќи е твој предлог.

Биди конструктивен малку, дај предлози, не замерки само - како не требало.
Кажи како треба, да видиме што толку философираш овде.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
790
Поени од реакции
38
Opredeleno visokite kazni postigat svojata cel.Koga na covek mu pipnatu dzeb on ke se zamisli dali odma da pravi toa za sto e kaznat
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Како јас да ти направам да го чуствуваш тротоарот како твој?
Односно, како да направиме, бидејќи е твој предлог.
Па изгледа не ме разбра ајде ќе се копирам уште еднаш што не е јасно во споредбата на Македонија со Норвешка ќе се дообјаснам:




Кругот е малечок а во него сме сите...
Во Норвешка како земја која искрено не сум бил, хигиената и свестта за хигиената е многу поголем, а знаеш зошто? Тие имаат заеднички фонд кој што е на сите, и кој што се полни од продажбата на нивната нафта и нивниот гас. Тие имаат чувство на заедништво, заедница, а пак ние имаме чувство на индивидуализираност (одделување од заедница). Затоа што кај нас тоа што се сметало до пред некое време за заедничко им е дадено на поклон на неколку луѓе.



Е сега конструктивно решение конфискација на имот и ваучер систем поделба на капитал, под ова се подразбира подеднакво делење на сите граѓани на Република Македонија во зависност од возраста и живеењето во нејзе :toe:.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Е сега конструктивно решение конфискација на имот и ваучер систем поделба на капитал, под ова се подразбира подеднакво делење на сите граѓани на Република Македонија во зависност од возраста и живеењето во нејзе :toe:.
Ме насмеа постов, да не пукниш :) Ова иначе кај нас в село го викаме комунизам и ни најмалце не е конструктивно решение.
А во тој систем мене ми пречи тоа што јас не сакам да делам исто со тебе, и не сакам да сум ист како тебе. Кој си пак ти да ми го конфискуваш имотот и да го поделиш на другите... :toe:

Се извинувам за оффтопикот...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Ме насмеа постов, да не пукниш :) Ова иначе кај нас в село го викаме комунизам и ни најмалце не е конструктивно решение.
А во тој систем мене ми пречи тоа што јас не сакам да делам исто со тебе, и не сакам да сум ист како тебе. Кој си пак ти да ми го конфискуваш имотот и да го поделиш на другите... :toe:
И да сакаш да бидиш ист како мене не можеш. Е сега кај тебе в село не чепкаме, ама дали Чешка која што направи таква приватизација е комунистичка денес?
Значи немој погрешно да ме разбериш не е конфискација не се и сешто од секого, туку одземање на имотот на супербогатите тајкуни кај нас кои што просто е невозможно да се збогателе со толку многу капитал по природен начин т.е. господинот Бранко Црвенковски им ги даде на поклон тие бизниси.


И на крај краева конструктивна е криминалната приватизација која што ја направија, а не е конструктивен овај предлог :uvo:.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Opredeleno visokite kazni postigat svojata cel.Koga na covek mu pipnatu dzeb on ke se zamisli dali odma da pravi toa za sto e kaznat
Така е, определено...Високите казни воспитно делуваат на истите оние луѓе на кои делуваа и оние поевтините казни...оние кои не се полицајци, кои немаат кој да им ги „скине“ казните, кои немаат „грб“ на кој би се повикале да се спасат од казнување итн. Со еден збор, пак стапот се крши од ист грб. Недопирливите си останаа недопирливи и најверојатно ќе си останат со таков „имунитет“ уште долго, па макар казните ги направиме и по 10 000 евра. За жал.:toe:
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Opredeleno visokite kazni postigat svojata cel.Koga na covek mu pipnatu dzeb on ke se zamisli dali odma da pravi toa za sto e kaznat
а кого казнија???пак посиромашните,додека мамините и татините деца на бирократите сеуште се К..Рчат,а ние им ги отплаќаме нивните лудории!!
БУЏЕТОТ СЕ ПОЛНИ ОД СИРОМАШНИТЕ,А ГО ТРОШАТ БОГАТИТЕ
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
391
Поени од реакции
20
Почитувани форумџии,
сите знаеме дека од неодамна драстично се зголемија цените на казните за разни прекршоци, како за сообраќајните прекршоци, јавна чистота, за прекршоци против јавниот ред и мир итн. Знаеме дека целта на казнувањето во правото е да делува воспитно на останатите граѓани и да ги одврати од вршење на прекршоци и кривични дела, како и „одмазда“ кон сторителот на делото за тоа што го сторил. Очекувањата беа дека со зголемување на цените на паричните казни, значително ќе се намали и бројот на сторените прекршоци (овој пат ќе се задржиме само на прекршоци). Но, дали успеавме во тоа ? Секојдневно сме сведоци дека како главна причина за сообраќајните незгоди, во кои гинат едно чудо луѓе се наведува брзото возење, возењето под дејство на алкохол, непочитување на сообраќајните знаци итн. за што инаку се пропишани мрсни казни.
Дали на граѓаните им се евтини казните па не се загрижени за нив ? Дали сообраќајните полицајци доследно го спроведуваат законот и ги казнуваат сторителите без пардон ? Корумпирани ли се, па високите парични казни само им го зголемија дневниот профит (без навреда) ?
Мене лично не ми делува дека сообраќајните прекршоци се намалени, ниту пак оние за јавна чистота, за нарушен јавен ред и мир и сл.
Што мислите вие ? Каде е грешката и што не штима ? Треба ли нешто да се менува ?
Очекувам конструктивна дискусија, без навредувања и слични работи.
Mozebi rabotite ne se tolku uoclivi na pocetokot no so tek na vremeto ke se pokaze rezultatot koj mislam deka ke bide pozitiven.Go velam ova poradi toa sto mozebi na nasiot narod mu treba dolgo vreme da si gi izmeni losite naviki na ziveenje i funkcioniranje niz gradot.Ne veruvam deka ima nekoja greska i ne treba nesto posebno da se menuva osven sto bi mozele da se postavat kameri niz soobrakajnicite pa da se kontrolira t.e snima kako i kolku brzo koj vozi(primer).Taka e i niz evropskite drzavi, pa da vidis kako covek se uci da gi pocituva tie pravila iako doaga od nekoe si zapusteno mesto ili zemja.Koga ke te repnat so paricna kazna ili ti odzemat vozacka na nekoe vreme ke razmislis dali ke pravis prekrsok ili ne.Toa mi se dopaga na zapad zatoa sto si ima nekoj red i zakon.Mada cisto se somnevam deka kaj nas imaat finansii za vakvi raboti ,no da se nadevame i so ova sto go ima deka ke se pokaze pozitiven rezultat.Se dodeka na nekoj ne go isusat po dzeb nema da se navikne na red.Toa e poentata kaj nas.E sega koga stanuva zbor za soobrakajnata policija mislam deka i tie poleka se menuvaat no i kaj niv odi nekako bavno ima dosta i od niv koi se navistina korumpirani, no kako sto rekov treba sekoj da oseti na svoj grb da go kaznat ili isteraat od rabota pa da vidis kako ke sproveduva zakon i red vo idnina. Jas mislam treba vreme da se izmenat rabotite i pocne da funkcionira se kako sto treba.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
А што велите на ова:

Во Србија со над два промила алкохол во крвта директно в затвор

Соседите воведуваат ригорозни мерки за пијаните возачи
Србија воведува категоризација на степени на алкохолизираност за возачите, според кои, на лицата кај кои ќе се утврди дека управуваат со возила, а во крвта имаат повеќе од два промила алкохол - им следува затворска казна во траење од најмалку 15 дена. Србија воведува шест категории според кои ќе се врши казнувањето. И во нашата земја се планира воведување на четири категории, а измените во Законот за безбедност при сообраќајот се во собраниска процедура.
Како што пренесува белградска „Политика“, во Србија лани биле евидентирани повеќе од 70.000 пијани возачи, а алкохолот бил причина за поголемиот број сообраќајни незгоди, во кои лани загинале повеќе од 1.000 лица. Досегашниот закон за безбедност во сообраќајот во Србија предвидуваше на возачите да им биде дозволено 0,5 промили алкохол во крвта, додека професионалните возачи мораа да бидат на нула. Казните се движеа од 50 до 300 евра.

Со новите измени, благото пијанство до 0,3 промили ќе биде санкционирано само кај професионалните возачи. Втората категорија е умерено пијанство до 0,5 промили, кое ќе се казнува со 50 евра. Средното пијанство (0,5-1,2 промили) ќе се казнува од 60 до 200 евра. Но, со овој степен на пијанство се пишуваат и казнени поени, а возачот кој во рок од две години ќе собере 18 или повеќе казнени поени ќе остане без возачка дозвола на неограничено време.

„Четвртата категорија е тешко пијанство (1,2-1,6 промили) и ќе се казнува до 30.000 динари (околу 300 евра), десет казнени поени и одземање на возачката дозвола во траење од најмалку шест месеци. За многу тешко пијанство (1,6-2 промили) дозволата ќе се одзема најмалку осум месеци, ќе треба да се плати до 300 евра, а следуваат и 12 казнени поени“, пишува „Политика“.

Најстрогата казна е предвидена за целосно пијанство, односно за возач кој во крвта има повеќе од 2 промила алкохол. За него следуваат 14 казнени поени, но и задолжителна затворска казна од најмалку 15 дена!

И во Македонија се планираат измени и дополнувања на Законот за безбедност во сообраќајот, кои се во собраниска процедура. Доколку бидат усвоени, паричната казна ќе се утврдува според концентрацијата на алкохолот во крвта. Досега за сите возачи кај кои беше констатирано дека имаат повеќе од 0,5 промили алкохол во крвта, беше предвидена казна од 400 евра. Со новите измени, казните ќе се движат од 250 до 400 евра. Надлежните сметаат дека на тој начин ќе се направи разлика меѓу возачите што испиле три пива и оние што се препиле. (Г.А.)



Може ли ова да дејствува кај нас ?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Аии, ама и 2 промили се јака количина, не е шала.

Ако, ако така треба. Инаку по патиштава има бааги "пивнати" со сериозна количина, Мед Мекс може ла*на да јаде према нивното возење.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Аии, ама и 2 промили се јака количина, не е шала.

Ако, ако така треба. Инаку по патиштава има бааги "пивнати" со сериозна количина, Мед Мекс може ла*на да јаде према нивното возење.
2 промили се веќе труење со алкохол, за тоа може и да се стрела.:pos2:
Инаку, мислам дека во САД за секое возење под дејство на алкохол возачот го приведуваат во станица до отрезнување...На ТВ го имам гледано Жан Клод Ван Дам како го апсат затоа што под дејство на алкохол со неговиот мерцедес сруши едно мало столбче на тротоарот. Е, кај нас не сум сигурен дека некоја позната фаца од негов калибар така би поминала.
Мое мислење е дека одредени прекршоци како што се возење под дејство на алкохол, брзо возење (над 30 км/ч над дозволеното, поминување на црвено) треба да се преквалификуваат во сообраќајно насилство, да не речам и кривични дела, затоа што со секое од нив се загрозуваат многу животи, почнувајќи од возачот, сопатниците и на крај и над се на пешаците и другите учесници во сообраќајот. Значи, нема голема разлика од загрозување на безбедноста и животот на луѓето со пукање со оружје по разни веселби и со вршење на горе споменатите прекршоци.Дури мислам дека од споменатите прекршоци многу повеќе луѓе изгинаа...
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Во текот на првото полугодие од 2009 година, бројот на сообраќајните незгоди со загинати и повредени лица, во споредба со истиот период од минатата година е во зголемување за 11,7%. Имено, во првото полугодие од 2009 година се регистрирани 1.895, сообраќајни незгоди со настрадани лица, додека истиот период од 2008 година се регистрирани 1.696 сообраќајни незгоди од овој вид.



Најмногу незгоди со настрадани лица предизвикале возачите на возилата-1.744 и тоа од следниве причини: поради управување на возила со поголема брзина од дозволената и со неприлагодена брзина спрема условите на патот и сообраќајот возачите предизвикале 555 незгоди, потоа поради непочитување на правилата за првенство на минување- 300 незгоди, непрописни и невнимателни движења и свртувања-254 незгоди, недржење прописна страна и правец на движење– 198 незгоди, непрописно престигнување- 90 незгоди, управување со возило под дејство на алкохол- 78 незгоди, непрописно разминување- 38 незгоди и тн.


Целиот текст е ТУКА.

Бројките сами за себе говорат...:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Виена заработува 32 милиони евра од казни за паркирање
ВИЕНА, 29 јули - Казните за непрописно паркирање во Буџетот на градот Виена носат се повеќе приходи, кои годинава се очекува да достигнат околу 32 милиони евра. На зголемување на приходите влијаеше продолженото работно време на зонско паркирање до 22.00 часот, зголемената паркинг-тарифата, но и поголемиот број контролори.
Главниот град на Австрија неодамна го зголеми бројот на контролорите за 70 на вкупно 319 т.н. "паркинг-шерифи", по што бројот на напишани казни за погрешно паркирање порасна за 29 отсто. Најниската казни за непрописно паркирање изнесува 21 евро, а ако биде ангажирана и пајак-службата, трошоците можат да изнесуваат и до 300 евра. Од регуларна паркинг-такса и од казни за недозволено пакирање, Виена годинава очекува да инкасира околу 100 милиони евра, што претставува зголемување од 40 отсто во споредба со 2004 година.
Е вака се работи, али казната мислам дека им е помала од кај нас-21 евро. А во споредба како % од плата да не збориме.

Важно држава се и си фукнционираат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom