Дали високите парични казни ја постигнаа целта ?

Дали високите парични казни ја постигнаа својата цел ?

  • Вкупно гласачи
    42
  • Гласањето е завршено на .
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Почитувани форумџии,
сите знаеме дека од неодамна драстично се зголемија цените на казните за разни прекршоци, како за сообраќајните прекршоци, јавна чистота, за прекршоци против јавниот ред и мир итн. Знаеме дека целта на казнувањето во правото е да делува воспитно на останатите граѓани и да ги одврати од вршење на прекршоци и кривични дела, како и „одмазда“ кон сторителот на делото за тоа што го сторил. Очекувањата беа дека со зголемување на цените на паричните казни, значително ќе се намали и бројот на сторените прекршоци (овој пат ќе се задржиме само на прекршоци). Но, дали успеавме во тоа ? Секојдневно сме сведоци дека како главна причина за сообраќајните незгоди, во кои гинат едно чудо луѓе се наведува брзото возење, возењето под дејство на алкохол, непочитување на сообраќајните знаци итн. за што инаку се пропишани мрсни казни.
Дали на граѓаните им се евтини казните па не се загрижени за нив ? Дали сообраќајните полицајци доследно го спроведуваат законот и ги казнуваат сторителите без пардон ? Корумпирани ли се, па високите парични казни само им го зголемија дневниот профит (без навреда) ?
Мене лично не ми делува дека сообраќајните прекршоци се намалени, ниту пак оние за јавна чистота, за нарушен јавен ред и мир и сл.
Што мислите вие ? Каде е грешката и што не штима ? Треба ли нешто да се менува ?
Очекувам конструктивна дискусија, без навредувања и слични работи.
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Дали сообраќајните полицајци доследно го спроведуваат законот?
Ова, барем, има сигурен одговор. НЕ!

Отворив и тема пред некое време баш за случај кој што го потврдува тој одговор.
Покрај тоа, имаше и добра сторија низ вестиве пред некој ден, каде што се кажаа поприлично големи бројки ќарени од “полицајци“ преку злоупотреба на нивните овластувања.
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Ова, барем, има сигурен одговор. НЕ!

Отворив и тема пред некое време баш за случај кој што го потврдува тој одговор.
Покрај тоа, имаше и добра сторија низ вестиве пред некој ден, каде што се кажаа поприлично големи бројки ќарени од “полицајци“ преку злоупотреба на нивните овластувања.
Можеби се работи за селективна примена на законот или пак „сочувствување“ со прекршителите за висината на казните ? Што мислиш ?
Инаку, иако на анкетата гласав НЕ бидејќи мое мислење е дека не ја постигнаа целта, јас сум ЗА тоа што се зголеми нивната цена.
 
koleee

Убер Македонче
Член од
6 јули 2008
Мислења
643
Поени од реакции
42
Mоре да ти кажам право не е постигната ама се стреми не е баш исто пред и сега има промени.... ама сепак не е фер со толкави казни а толкав просек на плата... за во сообраќајот ако не застане на пешачки казна е колку 100 до 200 евра незнам а просечна плата е 150 евра за цел месец а ги има такви што работат и за 100 евра и треба да работи два месеци ко роб за да си плати казна зашто не застанал на пешачки .....:toe:
 
Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Можеби се работи за селективна примена на законот или пак „сочувствување“ со прекршителите за висината на казните ? Што мислиш ?
Дефинитивно постои селективна примена.
Тука, не зборам за буквално секој случај кога некој е пуштен со опомена. Реално, некогаш, самата опомена може да има поголем дисциплински ефект од фрустрацијата во која што ќе резултира казната. Затоа и таа одговорност се дава на луѓе, за тие реално да проценат колку е голем прекршокот, кои се последиците и дали/како треба да се казни сторителот.
Зборам за селекции на национална/верска/финансиска основа. Не ми се допаѓа што го зборам ова, но сум бил до сега сведок на ситуации кога дали ќе добиеш казна или не, зависи од тоа што си по националност (дали си иста националност со полицаецот) или каква кола возиш (како директен показател на моќта на возачот).

Страшниот дел од муабетот е и тоа што се пишуваат казни за несторени прекршоци.
Откако се распрашав наоколу, испадна дека веќе некое време воспоставена пракса (нелегална) е и напишаните казни за несторените прекршоци воопшто да не се даваат на “сотрителите“, него тие да дознаваат преку судски покани. Јас се изненадив од бројот на луѓе кои што се нашле во таква ситуација (и на форумов и вон).
Друга ситуација, не знам што испадна на крај со флуоросцентните елечиња, кои што, според некои џандари се задолжителни и казнуваат ако ги немаш во кола... А според законот (ако не се лажам, правник/полицаец некој нека ме исправи) се само препорачани, но не и задолжителни.
 
...Или партиска селекција, скраја и далеку да е...

Флуоресцентните елечиња не се сеуште задолжителни.

Но, да не биде дека само против полицајци сме настроени, може да стане збор и за тоа колку казните ги одвратија граѓаните од навредување, непочитување и физички напади кон полицајци кои си ја вршат својата работа совесно, како ОВОЈ.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
не ја постигнуваат целта бидејќи не се казнува доволно, само 0,5 од прекршоците се казнуваат, другите едноствно не се евидентираат, па шансите за да те казнат се мали.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Селективна примена отсекогаш постоела, да не беше така досега државата ќе ни цутеше.
Како што рече Бацилус се казнуваат само 0.5% од прекршоците. Но кога ќе стигнеме до ниво да се казнуваат барем 50% од прекршоците и според мене со дупло поголеми казни (казната мора да бооооли, за да не ја повториш уште еднаш истата грешка), тогаш нештата значително ќе се подобрат, затоа што магаре можеш да воспиташ само со стап, а не со убав збор т.е свеста на народот може да се подигне само со казни.
Гласав со ДА, затоа што барем јас лично од страв од казна станав посовесен возач, а и не фрлам пикавци по пат повеќе :)
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
не ја постигнуваат целта бидејќи не се казнува доволно, само 0,5 од прекршоците се казнуваат, другите едноствно не се евидентираат, па шансите за да те казнат се мали.
Не се казнува доволно :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:, чиста глупост е тоа дека со казни од 50 евра за плукање на улица ќе се научат на ред луѓево. Која хипокризија е овде кај нас е еј, хаос невиден криминал тежок неколку милиони евра се затскрива, кривичните пријави се кријат по фиоки за да застари делото. Се фатиле овие за казни по рајата, а пашите кур ги боли што би рекле тера Мара овце на бицикл. Ти знаеш дека до пред некое време полицајците имаа усна наредба за норма да постигнат со пишување на тие казни? И како така прашувам. Никако наместо да бркаме криминалци, арамии се занимаваме со глупости-ми вели тој мене.
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Уште кога ги подигнаа казните реков дека подобро е да се применуваат почесто казните, отколку да се подигнуваат износите, а пак да се работи по старо.
Ситуацијата е далеку од средена, но сепак имам впечаток дека за нијанса влијаеја на свеста на граѓаните. Мислам дека има дел од народот кој се исплаши од високтие казни.
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Точно е тоа дека поголемата парична казна треба да го намали бројот на прекршоци, но само ако се применува подеднакво за сите граѓани. Тоа не е случај во нашата држава, се знае кој кој ќе биде казнет кај нас - оној кој нема грб зад себе, а татините и мамини синчиња и понатаму си шибаат без казни. Од секогаш така било така и ќе биде. :toe:
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
46
Поени од реакции
2

Да потполно си во право,доколку имаш "грб",ништо од казните.Според мене секој без исклучок треба да се казнува со казни според тоа колку е голем неговиот чеб,не е исто да некој чии приманја се околу 10 000 ден да се казне со 50 евра,и некој со приманја од 60 000 ден со иста казна,мислам дека нема логика.:toe:
 
Точно така. Не може некој со 10 000 плата и некој со 60 00 илјади да се казни со иста казна. Али најтрагично е тоа што тие со 60 000 плата воопшто и не се казнуваат.:toe:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
за во сообраќајот ако не застане на пешачки казна е колку 100 до 200 евра незнам а просечна плата е 150 евра за цел месец а ги има такви што работат и за 100 евра и треба да работи два месеци ко роб за да си плати казна зашто не застанал на пешачки .....:toe:
Ај прочитај малку што пишуваш.

Значи ако некој не застане на пешачки, може да се случи да "слупа" некој човек по пат.
Казната не треба да биде направена за да им одговара на луѓето, туку напротив, баш треба да не им одговара.

За никогаш да не го прекршуваат законот.

Бидејќи ако не сте сфатиле (и овде не ти се обраќам само тебе, туку и на девојките над мене), законот НЕ ТРЕБА да се прекршува и секое прекршува може да доведе до фатални последици за ДРУГИ.
Казните се за да го плашат човекот, за никогаш да не му текне да го прекрши.

А не да му ги прилагодат според џебот, па да си рече - ај нема проблем, ќе проаѓам јас на црвено, можам бар еднаш месечно да си дозволам.
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
Ај прочитај малку што пишуваш.

Значи ако некој не застане на пешачки, може да се случи да "слупа" некој човек по пат.
Казната не треба да биде направена за да им одговара на луѓето, туку напротив, баш треба да не им одговара.

За никогаш да не го прекршуваат законот.

Бидејќи ако не сте сфатиле (и овде не ти се обраќам само тебе, туку и на девојките над мене), законот НЕ ТРЕБА да се прекршува и секое прекршува може да доведе до фатални последици за ДРУГИ.
Казните се за да го плашат човекот, за никогаш да не му текне да го прекрши.

А не да му ги прилагодат според џебот, па да си рече - ај нема проблем, ќе проаѓам јас на црвено, можам бар еднаш месечно да си дозволам.
значи првенствено треба да работи свеста кај луѓето-се сложувам темата е дали казните влијаат кај совеста на граѓаните? е ова е нешто друго,казните влијаат ама кај кого?! корупцијата е на доста висока нога,ако немаш “пријатели“ подобро не излегувај на улица
 
Kajgana Shop

На врв Bottom