Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па Мики и тој бе излегол од мајчина утроба да му се сневиди.

Ќе бидам непристоен па ќе речам: а како влегол во утробата од мајка си? Оп, еве еден грев!
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 09:21 ---
Ова треба да им го кажеш на оние луѓе кои веќе го виделе благодетот од оваа метода, и да добиеш одговор од нив. Нема да ти се допадне муабетот сигурен сум:)

Не ни очекувам дека ќе им се бендиса мојот муабет, далеку е тоа од бендисување, а од друга страна, неверните ионака не се надевааат на Бога, туку се надеваат на други луѓе (оп, еве уште еден грев!), во случајов, бездетните сопружници се надеваат дека медицинското „особље„, ќе ми реши една желба...

Сентименалноста, како што повеќе пати имам напишано, не е духовна, туку душевна категорија.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Најдени се свежи коски на диносаурси и коски на диносаурси кои содржеле остатоци од хемоглобин кој теоретски не би можел да опстои 70 милиони години. Ова сега за сега е доволно да го разбие митот дека диносаурсите живееле пред 70 милиони години.
http://www.answersingenesis.org/creation/v14/i3/dinosaurbones.asp
http://adsabs.harvard.edu/abs/1997PNAS...94.6291S

Вториот линк е од Харвард точка еду ;)

"Finally, when dinosaurian tissues were extracted for protein fragments and were used to immunize rats, the resulting antisera reacted positively with purified avian and mammalian hemoglobins. The most parsimonious explanation of this evidence is the presence of blood-derived hemoglobin compounds preserved in the dinosaurian tissues."
(Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America, Volume 94, Issue 12, pp. 6291-6296)
Расправа со креационист е како да земеш да тепаш ретардирано дете на улица, ама овде морав да се вмешам, чисто да ти објаснам нешто од позиција на госпот;

Експериментот со антисерумот и неговата реакција со хемоглобин од птици и цицачи е аргумент за еволуцијата пар екселанс. Кога ги имунизирале стаорците со хемоглобинот од диносаурот, се развиле антитела против специфични аминокиселински остатоци, тнр епитопи. Тие епитопи најчесто претставуваат тнр "зачувани секвенци"
http://en.wikipedia.org/wiki/Conserved_sequence
Овие зачувани секвенци се делови на протеинот кои се критични за неговата функција и остануваат скоро непроменети и после милиони години. Токму затоа антисерумот од стаорците го препознава хемоглобинот од птици и цицачи како хемоглобин од диносаурус и реагира со него. Огромен дел од секвенцата на хемоглобинот останала непроменета од времето на диносаурусите (па и пред тоа) до ден денес, поради еволутивниот притисок и е скоро идентична со онаа на нашиот хемоглобин. Налет се тоа, туку хемоглобинот е одличен пример за следење на еволуцијата уште од времето на првите бактерии (3-4 милијарди години) до ден денес, поради неговата единствена структура и способност да координира О2, ЦО2 и SО2.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406

Брат.. џабе... не се обидувај.. се кладам дека не те разбрал... да разбереше малку што пишува во топикот од Харвард, немаше воопшто да го цитира.. вака испаѓа дека сам себе си го напикал.. ама очигледно ни тоа не го конта...
батали....
едноставно за такви луѓе не вреди....
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Ги нареков коските „свежи“ не затоа што биле тазе коски што висат во месарница, туку затоа што биле многу помлади од претпоставките на дарвинистите (милиони години), затоа што самото присуство на остатоци од хемоглобин покажува дека коските биле неколку илјади години стари, а никако милиони.
Бројката 67-65 милиони години се однесува на Hell Greek formation, а не на наводно испитаната старост на коските. Зарем и англиски да те учам? :)
Hell Greek formation е туристичко (геолошко и палеонтолошко) место во америчката држава Монтана кое е познато по многубројните фосили на диносаурси што се најдени во тој предел.
Бројката 67-65 милиони години не е добиена со некаква научна метода, туку е препишана од еволуционистичките геолошко таблици каде што еволуционистите, согласно нивната научно фантастични хипотези (читај: долгометражни цртани филмови), си одредиле кога би требало да живееле тие диносаурси.
Кога еволуционистите ќе најдат фосил што отскокнува од еволуционите геолошки таблици, тие веднаш го прогласуваат за контаминиран. Но во пракса тие речиси никогаш и не ја испитуваат староста на фосилите, бидејќи тоа е речиси невозможно, затоа што C14 методата (со која што се мерат старости на органски фосили) со сите нејзини апроксимации и интерполации може да мери старости само до 50-60 илјади години. (порано покажував зошто и оваа метода се базира на еден куп претпоставки)
Она што во пракса го прават еволуционистичките палеонтолози е следново: Наоѓаат фосил, го идентификуваат (доколку е можно), потоа читаат од претходно набаждарената геолошка таблица колку е стар и потоа му лепат налепница за демек одредената старост, а наивните туристи си мислат дека староста му е прочитана од извод од книга на родените. Смеј се колку сакаш, овие информации ги знам од прва и втора рака, од палеонтолози што работат на терен.
Како не ти е срам тебе да лажеш, небаре луѓево што читаат абер немаат англиски. Остатоците од хемоглобинот си се стари колку што можат да бидат стари (неколку илјади години). Бидејќи се најдени во внатрешноста на коските од диносаурсот, автоматски следи дека и коските се толку стари.
Уште еднаш: срам да ти е за лагите! Ќе гориш во Пеколот, или ќе те изедат вошки на таванот - кое и да е точно, едно од овие две не ти гине.

Никаде не пишува дека остатоците од хемоглобинот се стари неколку илјади години - цитирај, да те видам! Пишува дека од најголемиот борј досегашни фосили (стари со милиони години) не можеле да се издвојат неговите остатоци. Потребни се специфични, ретки услови за нивно конзервирање. Ретки се, ама ги има:
Traditionally, there was little hope that biomolecules might
be recovered from bone more than a few thousand years old.
However, 20 years ago, partial amino acid sequences were
identified from the shells of mollusks '80 million years old
(33). Gurley et al. (34) followed with a report of amino acids
in the bony tissues of the Late Jurassic ('150 million years
ago) sauropod dinosaur, Seismosaurus

Влезе во контрадикција - ако тврдиш дека коските се стари само неколку илјади години, тогаш точно може да се одреди нивната старост со C14 методот. И повторно, никаде не пишува дека е одредена староста на остатоците од хемоглобинот директно. Лажеш-сушиш!
Методот C14 не се базира на куп претпоставки, него на научни факти кои со ништо не можеш да ги срушиш. Радиоактивното распаѓање не е претпоставка, него факт.

Бројката од 65 милиони години е староста на каменот формиран околу фосилот:
The specimen was surrounded by a consolidated white
sandstone, buried ..l. The specimen
was collected with 0.5–0.6mof sediment in place between
the unexposed hind limb used in this study and the pelvis,
which had been exposed before collection.
Староста на минералите се одредува со радиоизотопите на калиум, аргон, рубидиум, ториум и ураниум. Каменот што се формирал околу фосилот може да биде само исто толку стар како самиот фосил (или помлад), а не постар. Знаеш, им треба време на минералите да се наталожат и да го опколат диносаурот и да се стврднат.
Бројките на староста не се добиваат од таблици, туку директно се мери процентот на присутниот радиоизотоп во минералот. Таблиците се прават после мерењата. Гледај поубаво што прават тоа палеонтолозите.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

Џа-бе!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Религијата (мојата, нормално...:D), ги има знаењата кои науката/науките никад не ќе можат да ги достигнат.
Целите од науката и религијата се целосно различни и не можеш да ги подведеш на НЗС ни „под разно„.
Ниту една наука до ден-денешен е ни‘ „откри„ барем една конечна вистина. Вистината е, разбира се, од Бога откриена категорија, а не човечки пронајдок.
Ај кажи ми/ни‘, што Ти лични „откри„ а што не е готова инфорамиција, која саде паразитски ја прифаќаш за „вистина„ а која ни самиот не можеш да провериш дали е веродостојна...:D
Ваква фраза, која виси во воздух а нема своја заснованост во Светов, не би поминала ни на струшките вечери на поезијата...
Јааааа....Демек, религијата сама на себе се убијала, а?
Верата на една религија секогаш ќе биде еден чекор пред науките, но не во знаење, туку во верување. Верата нема ништо со областите кои ги обработува науката. Тоа се нови оправдувања на старите вери за да се држат сеуште во светот, без да се менуваат.

Ако верата се бунтува заради науката и нејзините откритија, нешто не е во ред со верата и таа станала фанатизам и забегувања, или пак верниците нешто ги мрзи да работат и истражуваат. Ако пак науката настрани и даде неочекувани резултати, треба да се провери разумот, за да не забега науката.
Нормално дека целта на науката не е да го докаже или отфрли бог. Тоа вие го правите тука по форуми, се карате како жени пред чешма чиј маж е поубав. Гледајте си ги човечките работи, на Земјата сте!

Нормално дека верата и науката имаат сосема различни области на дејствување... област што науката не може, а и не треба да ги достигне бидејќи така ќе стане заробеничка на верата. Кога нешто ќе стане познато и ќе се смета за научно докажано, верата исчезнува како прашина. Но не исчезнува за да не постои, туку оди нагоре.
Науката ја потврдува верата. Ако не е така, јалова е верата и обична фантазија . Не знам како не го разбираш тоа. Верата, Разумот и Науката се во постојана бркотница една со друга.

Колку поголемо и поточно знаење, толку поголема вера. Пирамида без врв, кој што се протега во облаците на непознатото (бог, браман, Аллах, Нуит, Бесконечност, што сакате тоа ставете).
Колку поголема основа (развиена наука) толку подобра и пореална вера во непознатото. Богот нема никогаш да биде целосно спознаен, тоа и ти го знаеш неку. Но може да се истражува...
Методот на Науката Цел на религијата :)

Добро е што го побара ова: „ај кажи ни информација, откритие“. Од каде таа идеја кај сите дека некој мора вам да ви ги даде сите достигнувања за да вие ги знаете и да се туркате пред гол? Зарем мислите дека се ви е дадено да знаете од науките?
Од верата која ја следите се не ви е дадено па верувате, не пак наука, за која треба работа и работа...
Овде се тепате околу науката а дали 5-мина се занимаваат со наука или барем знаат нешто од науката а тоа да не е википедија или форуми.

П.С. Јас ништо не прифаќам паразитски, јас си го кажав моето... колку разберетш толку.
П.П.С. Религијата ја убиваат верници-фанатици и луѓе што прифаќаат како паразити без да се провери нешто, без да се сомневаш во природата. Неверниот Тома бааги рисјани ги држеше во страв од неверување на прв поглед, а така и во незнаење!

Ве љуби Хептаграм!:love:
 
Член од
14 октомври 2011
Мислења
58
Поени од реакции
44

Ме мрзи да ти одговорам на целиот текст зашто треба да играм Legue of Legends
но како може верата да биде чекор пред религијата кога веќе е докажано дека господ не постои со милијон научни факти
луѓето кој што ги игнорираат тие факти за мене се истите фанатици кој што за црквата или бог би убиле како што се случува секој ден и тоа не успорува кон дополнителни цели за подобар живот

што сакам да кажам е дека науката е сто километри а не чекори пред религијата
 
Не ме разбра... прочитај уште еднаш за областите на верата и религијата, целта на религијата... :)
Да не се повторувам...
И ве оставам да се буткате.
Мир со вас :)

ве љуби Хептаграм!:love:
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ме мрзи да ти одговорам на целиот текст зашто треба да играм Legue of Legends
но како може верата да биде чекор пред религијата кога веќе е докажано дека господ не постои со милијон научни факти
луѓето кој што ги игнорираат тие факти за мене се истите фанатици кој што за црквата или бог би убиле како што се случува секој ден и тоа не успорува кон дополнителни цели за подобар живот

што сакам да кажам е дека науката е сто километри а не чекори пред религијата

Ти пријателе НИШТО НЕ СИ РАЗБРАЛ ОД ПОСТОТ, АМА БАШ НИШТО.

Тажно:(
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Ме мрзи да ти одговорам на целиот текст зашто треба да играм Legue of Legends
но како може верата да биде чекор пред религијата кога веќе е докажано дека господ не постои со милијон научни факти
луѓето кој што ги игнорираат тие факти за мене се истите фанатици кој што за црквата или бог би убиле како што се случува секој ден и тоа не успорува кон дополнителни цели за подобар живот

што сакам да кажам е дека науката е сто километри а не чекори пред религијата
Сигурно многу долг пост му се виде, па кој ќе го чита.... А каде тоа има докази дека Бог не постои и кои се тие милион научни факти?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ме мрзи да ти одговорам на целиот текст зашто треба да играм Legue of Legends
но како може верата да биде чекор пред религијата кога веќе е докажано дека господ не постои со милијон научни факти
луѓето кој што ги игнорираат тие факти за мене се истите фанатици кој што за црквата или бог би убиле како што се случува секој ден и тоа не успорува кон дополнителни цели за подобар живот

што сакам да кажам е дека науката е сто километри а не чекори пред религијата
Зависи што претставува концептот "господ" за тебе. Библискиот концепт, сватен буквалистички како што го замислуваат повеќето Христијани, Муслимани или Јудеи, точно дека е побиен, но тоа не е единствениот концепт или претстава за "Бог" или "Господ".
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Методот на Науката Цел на религијата :)
Заборај да кажиш: „..Солун е наш!...„ :D
Чисто за да бидит погоре цитиранио памфлет шо покомплетен...
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 15:33 ---
но како може верата да биде чекор пред религијата кога веќе е докажано дека господ не постои со милијон научни факти
Е ај посочи ми/ни‘ не милион, туку барен еден научен (ама стварно да биде научен, а не шпекулативен) факт, кој ѓоамити докажал дека Бог не постои.

А дека „...верата може да биде чекор пред религијата...„, ќе го сметам за тафтолошки лапсус....
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ме мрзи да ти одговорам на целиот текст зашто треба да играм Legue of Legends
но како може верата да биде чекор пред религијата кога веќе е докажано дека господ не постои со милијон научни факти
луѓето кој што ги игнорираат тие факти за мене се истите фанатици кој што за црквата или бог би убиле како што се случува секој ден и тоа не успорува кон дополнителни цели за подобар живот

што сакам да кажам е дека науката е сто километри а не чекори пред религијата
Баш ме интересира со кој тоа научен факт е докажано дека не постои? Кажи барем еден.
Зависи што претставува концептот "господ" за тебе. Библискиот концепт, сватен буквалистички како што го замислуваат повеќето Христијани, Муслимани или Јудеи, точно дека е побиен, но тоа не е единствениот концепт или претстава за "Бог" или "Господ".
Па не знам баш дали е побиен, не ќе имаше верници во тие 3 религии, Дали и хиндуистичките богови се побиени?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom