Болдот: Ако несвесно се лажеш сам себе - твој проблем, ама ако свесно сакаш вака да излажеш други луѓе - следи реакција. Ма дај, каде тоа пишува дека коските биле свежи?
Ги нареков коските „свежи“ не затоа што биле тазе коски што висат во месарница, туку затоа што биле многу помлади од претпоставките на дарвинистите (милиони години), затоа што самото присуство на остатоци од хемоглобин покажува дека коските биле неколку илјади години стари, а никако милиони.
Немој со вакви позирни лаги. А зошто не го цитираше податокот од истиот научен труд - колку биле стари коските?
Затоа што такво нешто не пишува во текстот. А што пишува, подоле ќе видиме.
„A near-complete specimen of the Late Cretaceous dinosaur
Tyrannosaurus rex [Museum of Rockies (MOR) 555] was collected by MOR from the Hell Creek formation (67–65
million years ago) of eastern Montana in 1990.“
Бројката 67-65 милиони години се однесува на Hell Greek formation,
а не на наводно испитаната старост на коските. Зарем и англиски да те учам?
Hell Greek formation е туристичко (геолошко и палеонтолошко) место во америчката држава Монтана кое е познато по многубројните фосили на диносаурси што се најдени во тој предел.
Бројката 67-65 милиони години не е добиена со некаква научна метода, туку е препишана од еволуционистичките геолошко таблици каде што еволуционистите, согласно нивната научно фантастични хипотези (читај: долгометражни цртани филмови), си одредиле кога би требало да живееле тие диносаурси.
Кога еволуционистите ќе најдат фосил што отскокнува од еволуционите геолошки таблици, тие веднаш го прогласуваат за контаминиран. Но во пракса тие речиси никогаш и не ја испитуваат староста на фосилите, бидејќи тоа е речиси невозможно, затоа што C14 методата (со која што се мерат старости на органски фосили) со сите нејзини апроксимации и интерполации може да мери старости само до 50-60 илјади години. (порано покажував зошто и оваа метода се базира на еден куп претпоставки)
Она што во пракса го прават еволуционистичките палеонтолози е следново: Наоѓаат фосил, го идентификуваат (доколку е можно), потоа читаат од претходно набаждарената геолошка таблица колку е стар и потоа му лепат налепница за демек одредената старост, а наивните туристи си мислат дека староста му е прочитана од извод од книга на родените. Смеј се колку сакаш, овие информации ги знам од прва и втора рака, од палеонтолози што работат на терен.
Тираносаурусот е стар исто колку и неговите коски со се хемоглобинот заедно: 67–65 милиони години! Како не ти е срам да лажеш?!
Како не ти е срам тебе да лажеш, небаре луѓево што читаат абер немаат англиски. Остатоците од хемоглобинот си се стари колку што можат да бидат стари (неколку илјади години). Бидејќи се најдени во внатрешноста на коските од диносаурсот, автоматски следи дека и коските се толку стари.
Догматичноста на дарвинистите е толку голема што утре и жив диносаурс да најдат ќе речат „Неее, ова не е можно. Геолошките таблици кажуваат нешто друго. Овој мора да дошол тука со временска машина“.
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 03:39 ---
Ти тврдиш... бла бла бла
Ти тврдиш... бла бла бла
Ти тврдиш... бла бла бла
Чорбаџија напиша:
За оние кои се нови, 90% од работите што DBACK ги тврди за мене се чиста проѕирна клевета. Видете само колку лесно ќе го докажеме тоа...
Се што сме пишувале е запомнето и евидентирано тука на форумов. Повели цитирај ме каде јас сум тврдел дека Земјата е стара 6000 години.
Немој да го забашотиш муабетов сега со плукање и дополнителни клевети туку повели цитирај ме. Ако не ме цитираш, имај барем малку доблест и извини се за клеветата под изговорот дека „си се збунил“ или „си ме помешал со некој друг“.
Повели цитирај ме каде јас сум пишал дека Ное качил пар милиони животни. Повели цитирај ме.