Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

  • Да

    Гласови: 100 36,0%
  • Не

    Гласови: 178 64,0%

  • Вкупно гласачи
    278

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
Дали една или шест изборни единици не менува многу во однос на македонски/албански пратеници. Една изборна единица само би им донесла 5-6 пратеници на помалите партии, на сметка на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и дополнително би го зголемила политичкиот клиентелизам.

Доколку дијаспората гласа во рамките на постојаниве ИЕ, тогаш со нивните гласови ќе одлучуваат за најмалку 3 од 120 пратеници, а не за 3 од 123. И ако се земе во предвид дека во тој случај не само што ќе изберат пратеник за една, туку и ќе одземат на друга партија, тоа дополнително им дава на тежина.
Sekako. Ija sum za toa da se ostavi segasniov sistem ali da ima podobruvanje vo klucnite tocki. Mene ne me interesiraat partiskite interesi i zatoa smetam deka trojca makedonski pratenici plus, koi se vistinski dijasporski, e celta okolu koja treba da go "reformirame" sistemot.

A toa dali ke se napravi edna IE ili ne e vazno prasanje. Pored mene dobro e sto bi dobile malite partii no mislam deka bi imale poveke Albanski pratenici, i da se 1 ili 2 ja na ova gledam cisto od Makedonska strana. Ali ako veke se resi na edna IE togas masovno glasanje od dijasporata moze da donese efekti vo brojkata na makedonskite pratenici, normalno toa zavisi od toa kolku ke glasaat. Zatoa e klucno pristapot sto poveke dijasporci da mozat da glasaat.[DOUBLEPOST=1439288334][/DOUBLEPOST]
@Igorcemk
Можат и нив да ги купат, далеку од тоа дека не можат. Ќе му овозможат на некој од побогатите(бизнисмените, газдите) во дијаспората да "инвестира" во МК, ќе му отворат пат да си развива бизниси и овде, а он со кеш ќе потплати други гласачи во дијаспората(пошо со неколку стотици гласови се добива пратеник, не ти треба многу луѓе да осигураш во дијаспората).
Иако, конкретниот случај е далеку од тоа, луѓето за кои знам дека на тој начин е искористено нивното право на глас, се обични луѓе, сите вработени во приватни германски фирми, некои од нив и пензионери. :)
Поентата ми е дека, ако сакаат можат и гласовите од дијаспората да ги купат на неколку начини(не се купува глас само со вработување, отказ, социјална помош или плаќање сметки).
Teoretski sigurno e mozno ama ne znam dali toa bi funkcioniralo taka lesno vo praksa. I sekako so poveke izlezenost tie "kupeni" glasovi bi imale samo marginalna uloga vo rezultatot. Poproblematicno e toa sto po moe mislenje ima mnogu mucki vo ambasadite, ali toa nemozam 100% da go tvrdam.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Доколку дијаспората гласа во рамките на постојаниве ИЕ, тогаш со нивните гласови ќе одлучуваат за најмалку 3 од 120 пратеници, а не за 3 од 123.
"Половина " пратеник од 120, во најдобар случај 1,доколку сите 3 единици се слеат во една постоечка. ИЕ 7-9 заедно имаат 7 300 регистрирани гласачи. Во ИЕ 1-6 потребни се околу 14 000,просечно, за да се изгласа пратеник.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.302
Поени од реакции
26.198
Sekako. Ija sum za toa da se ostavi segasniov sistem ali da ima podobruvanje vo klucnite tocki. Mene ne me interesiraat partiskite interesi i zatoa smetam deka trojca makedonski pratenici plus, koi se vistinski dijasporski, e celta okolu koja treba da go "reformirame" sistemot.

A toa dali ke se napravi edna IE ili ne e vazno prasanje. Pored mene dobro e sto bi dobile malite partii no mislam deka bi imale poveke Albanski pratenici, i da se 1 ili 2 ja na ova gledam cisto od Makedonska strana. Ali ako veke se resi na edna IE togas masovno glasanje od dijasporata moze da donese efekti vo brojkata na makedonskite pratenici, normalno toa zavisi od toa kolku ke glasaat. Zatoa e klucno pristapot sto poveke dijasporci da mozat da glasaat.
Гледав една симулација на пратенички мандати доколку Македонија би била една ИЕ. Албанските партии го имаа потполно истиот број на пратенички места и нивните наредни коефициенти беа тотално безначајни што партии како ГРОМ, Народна и Достоинство имаа повисоки наредни коефициенти.

Тоа што го зборуваш би се случило во случај Македонија да изнајде начин над 100.000 дијаспорци да гласаат. Ама тоа на овие избори е невозможно, бидејќи опозицијата инсистира на поригорозни, а не полиберални начини на гласање.
"Половина " пратеник од 120, во најдобар случај 1,доколку сите 3 единици се слеат во една постојечка. ИЕ 7-9 заедно имаат 7 300 регистрирани гласачи. Во ИЕ 1-6 потребни се околу 14 000,просечно, за да се изгласа пратеник.
Д'Онтовиот модел е модел на коефициенти, не на тежини. Па така, ако ги земеш во предвид ланските резултати и на пример на првата изборна единици ги додадеш гласовите од било која дијаспорска единица (не од сите, туку од една од нив) наместо 8-7 сооднос во мандати, добиваш 9-6 во корист на ВМРО.

Истото се случува во сите изборни единици.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Д'Онтовиот модел е модел на коефициенти, не на тежини. Па така, ако ги земеш во предвид ланските резултати и на пример на првата изборна единици ги додадеш гласовите од било која дијаспорска единица (не од сите, туку од една од нив) наместо 8-7 сооднос во мандати, добиваш 9-6 во корист на ВМРО.

Истото се случува во сите изборни единици.
Да немавме учено математика во основно ќе ти поверувавме. Австралиската дијаспорска единица не менува ништо во ниту една избрна единица, вклучително и во првата. Направив симулација (од лево без, од десно со гласовите на ИЕ9) Маркирани се добитните места

 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.302
Поени од реакции
26.198
Да немавме учено математика во основно ќе ти поверувавме. Австралиската дијаспорска единица не менува ништо во ниту една избрна единица, вклучително и во првата. Направив симулација (од лево без, од десно со гласовите на ИЕ9) Маркирани се добитните места

Одлично. Сега уште останува СДСМ да ги убеди ДУИ и ДПА дека е логично изборната единица во која нема албански гласачи да се придодаде на изборна единица од каде што излегуваат албански пратеници. И онака од ВМРО имаат начелна согласност да смислат распределба што ќе биде пологична и пофер.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Одлично. Сега уште останува СДСМ да ги убеди ДУИ и ДПА дека е логично изборната единица во која нема албански гласачи да се придодаде на изборна единица од каде што излегуваат албански пратеници. И онака од ВМРО имаат начелна согласност да смислат распределба што ќе биде пологична и пофер.
Нема да е премногу тешко.Со односот на гласови во надворешните ИЕ, се сведува на трампа.

И сеа пак подизлажна малце со последното. Слушнавме шо сака НеВеРо-то. Наместо 3, да има 9. Гласот на македонците кои најмалку се засегнати од состојбите во државата, да тежи дополнително повеќе од гласот на ние што сме внатре, ние што треба да живееме со направените пиздарии на власта.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.302
Поени од реакции
26.198
Нема да е премногу тешко.Со односот на гласови во надворешните ИЕ, се сведува на трампа.

И сеа пак подизлажна малце со последното. Слушнавме шо сака НеВеРо-то. Наместо 3, да има 9. Гласот на македонците кои најмалку се засегнати од состојбите во државата, да тежи дополнително повеќе од гласот на ние што сме внатре, ние што треба да живееме со направените пиздарии на власта.
Вака сеа. ВМРО ќе го прифати секој предлог на СДСМ за пратениците од дијаспора. Сем дијаспората да не гласа. Тоа е црвената линија, дијаспората мора да гласа. Значи, каде ќе рече СДСМ да одат нивните гласови, таму ќе одат. И ќе видат како тие 800 стануваат 8000. Како што во Европа, кога требаше, тие 1500 од 2011, станаа 4500, а имаше базен на пријавени за да станат и 10000.

Притоа, да, доколку СДСМ одлучи да се укинат тие три пратеника, ВМРО ќе оди со ветување дека ако ги добие изборите ќе ги врати тие три изборни единици, ама наместо 3 ќе носат 9 пратеници.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
а да гласа само дијаспората, ние ич да не се замараме. да не се мачиме секои избори да одиме до гласачките места. и така нашиот глас ништо не вреди.
нека гласат само иселениците, они знаат што е најдобро за Македонците што живеат во Македонија.
 
Член од
17 јули 2014
Мислења
67
Поени од реакции
41
За мене лично дилемата дали треба или не треба да гласа дијаспората е речиси безсмислена од неколку причини:
1.Креаторот и реализаторот на идејата да гласа дијаспората гледа само корист и интерес на сопствената партија а тоа е плус три пратеници во својата пратеничка група. Се знае дека секогаш тие 3 пратеници ќе ги добива наводно десно ориентираната и патриотска вмро-дпмне бидејќи нели тие 500-600 души што гласаат од "Oстрелија" се најпатриотите и придонесуваат не знам колку проценти во БДП-то на Македонија.:D Еве го примерот кога највеќе им затребаа тие 3 пратеници. Во 2011 година Вмро-дпмне "ги доби" изборите против сдсм со околу 65 илијади гласови разлика. По мандати состојбата беше: 55 пратенци за вмро дпмне ( со се тие 3 од дијаспората ), 43 сдсм 14,дуи, 8 дпа, 2 партијата на Руфи...Какво мнозиство ќе беше без тие 3 пратеници на дпмне односно 52 + 14 од дуи....Тоа се 66 пратеници или во превод доколку не се појават 4-5 пратеници од дуи и дпмне на дадена седница, а во исто време се присутни сите други пратеници даден закон кој се донесува со мнозинство од 62 пратеници односно апсолутно мнозинство законот нема да биде изгласан и ќе требе да се гласа одново овој пат со 2/3 мнозинство.
2.Како може во Македонија пратеник да се избира со одприлика 8 000 гласови а во дијаспората со 500 гласа...
3.Колку пати Павле Саздов и Васко Наумовски излегоа на говорница и што направија во интерес на дијаспората што ги гласала во нивниот мандат освен што беа гласачка машинерија...
4.Која е поентата да се има пратеник од дијаспората во законодавен дом: случајно за во Австралија да не доенсуваат закони...
На крај да резимирам јас сму во главно против тоа дијаспората да гласа на парламентарни избори...За претседателски немам ништо против тоа да гласаат, но не ја сфаќам поентата да гласаат за пратеници па одозгора и нивниот глас да вреди неколку кратно повеќе од граѓаните кои живеат во Македонија...
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.934
Поени од реакции
8.567
Абе какво гласање на дијаспора бе?
Вие нормални ли сте што наседнувате на таков спин?

Зарем верувате дека некој дијаспорец ко ќе има избори ќе се загне да минува по 300-400 километри (ајде еве и 5 километри нека бидат) во еден правец до амбасада за да гласа?

Времето во западните земји е СКАПО.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
има некоја друга држава што има пратеници од дијаспора?
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
има некоја друга држава што има пратеници од дијаспора?
Прашањето би било поточно ако прашаме, дали во други земји дијаспората може да учествува на изборите. Тоа е случај во многу земји.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.316
Поени од реакции
8.806
Притоа, да, доколку СДСМ одлучи да се укинат тие три пратеника, ВМРО ќе оди со ветување дека ако ги добие изборите ќе ги врати тие три изборни единици, ама наместо 3 ќе носат 9 пратеници.
СДСМ не е против гласањето на дијаспората, напротив -- СДСМ го поддржува правото на дијаспората да гласа, но за нив спорен е моделот што се применува.

За укинување на правото на дијаспората се: ДУИ, ДПА и ЛДП (последните уште од 2010 се на тој став).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom