Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

  • Да

    Гласови: 100 36,0%
  • Не

    Гласови: 178 64,0%

  • Вкупно гласачи
    278
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
интересни се вакви дебати затоа што ќе увидиш како некои луѓе кои им е полна уста демократија всушност имаат делумно фашистички менталитет. Според нив сите што не гласаат за нивните се глупави, необразовани, лесно паѓаат на панипулации или се продаваат за пари. навиваат да се укине правото на глас. Следно очекувам да каже некој дека гласот на селанецот од Ново Село не е еднаков со гласот на уберинтелектуалецот од градски ѕид во Скопје. Тоа го мислат а ретко кој од нив го кажува.[DOUBLEPOST=1438695046][/DOUBLEPOST]
Па јас не реков дека ради дијаспората победуваат,а дека се пали дијаспората многу нормално,и не само на ова вмро туку и на предходното.
А после тоа перење на мозок што се случуваше последниве десет години брат,голем дел од луѓето овде немаат реална претстава и се манипулираат без проблем а не пак некој на 10.000км од овде.
А тие луѓе патем живеат во најдемократските држави и би требало да имаат некакво искуство со манипулации и такви работи пошто тие работи се дамнешно минато во тие држави, но сепак моќната владејачка партија успева и во САД да пере мозоци или можда сладолед им дава не знам нека кажат.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.552
Поени од реакции
24.897
Ако толку сакаш пиле, како македонски државјанин да учествуваш во изборниот процес, тогаш ќе си платиш авионска карта, а твојот глас ќе биде соберен со сите останати гласачи од Македонија во уставните 120 пратечнички места, а не во посебните три пратенички места напокон постоечките 120, кои одат како гага за паторот и за неговиот ефтин популизам.

Ако мене ме прашувате, ако македонски државјанин ја напушти државата по пат на емиграција, тогаш треба целосно да му се укине правото да учествува во нашиот изборен процес и да одлучува за иднината на Македонија. Најгласните македонски емигранти кои што агитираат по страните и групите на провладините медиуми на интернет, а богами и по разно разни странски конгреси итн, во 100% од случаите се лица со останат недвижен имот на територијата на РМ и единствената причина заради која толку гласно и силно проповедаат оддалеку за некаков патриотизам и некаква надуена вештачка историја е затоа што реално само се заинтересирани некој да им го чува имотот што им останал во Македонија. Имот кој се плашат дека ќе го загубат од т.н. голема албанија. Тоа се све гнаси невидени, што сакаат ние да умираме за нивните имоти додека тие си живеат луксузен живот, и штом веќе еднаш си отишле од Македонија нема повеќе што мајка да бараат тука.

Колку ти ништо не разбираш....

Прво дијаспората она што ти толку ја мразиш нема право на глас, него гласаат лица што се привремено во странство. Значи Џорџ роден во Мелбурн НЕМОЖЕ да гласа па имал и македонски пасош, зашто покрај пасош се бара и живеалиште во МКД кое ДИК го проверува, дали таа личност била заведаена таму во последните икс години.

Второ пастирот ништо не собира гага, него вмро во дијаспората си има организирани штабови, организации и што се не. Тоа што ниту една друга партија не се потрудила да го направи истото не е кривица на вмро него на другите. Еве последните години има цел куп македонци што напуштија баш ради вмро, сепак никој нив не го организирал и никој од нив нема ни да гласа. Кој е крив за тоа?

Најгласните емигрантски организации се моментално ОМД која ја водат углавно 3та генерација иселеници во САД. Благодарение на нивното лобирање САД ја призна Македонија. Никој од главните фаци не поседува имот, сите што ги имам запознато во МКД престојуваат во хотели на нивен трошок и се богати пред се благодарение на нивните нови држави а не македонија.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
A dali 3 od 123 pratenici odlucuvaat za toa koj e na vlast?
Многу често одлучуваат, не само за тоа кој ќе биде на власт туку и за побитни работи...А тие 3 пратеници зимаат плата од македонците во Македонија, не ги плаќаат оние што се надвор!
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
Па јас не реков дека ради дијаспората победуваат,а дека се пали дијаспората многу нормално,и не само на ова вмро туку и на предходното.
А после тоа перење на мозок што се случуваше последниве десет години брат,голем дел од луѓето овде немаат реална претстава и се манипулираат без проблем а не пак некој на 10.000км од овде.
Pa aj kazi ti resenije. Malce mesame drugi temi so glasanjeto na dijasporata, go sfakam toa oti e covecki i sluzi za pojacuvanje na argumentite, ama na kraj tie drugi temi ne se ni tolku vazni. Ne mozeme da mu dademe ili odzememe nekomu pravo na glas samo poradi toa sto bi glasal za nekoja partija. Ako tebe ti preci sto tie bi glasale za VMRO-DPMNE mozebi nekomu drug toa ne mu preci? Dali SDSM vredi poveke od VMRO-DPMNE, LP, DOM ili drugi partii za toa da bide klucen Argument? Mislam ne.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.552
Поени од реакции
24.897
И уште ова, посебно ме насмеа. Еден од дијаспорците на темава напишал: "Кои сте само вие да одлучувате за името?" :vozbud:

-- Во РМ речиси 30% од населението живее во беда, луѓе умираат од студ и има многу други случаи како тој со Тамара. На малку луѓе тука им е битно дали ќе биде ФИРОМ, Shithole или Македонија.
Само ради оваа причина сум за дијаспората да продолжи да гласа. Значи во МКД има цел куп народ што не е способен (мрзлив) да си обезбеди иднина и е спремен што било да прифати само да добие некаква милостиња. Извини ама тоа име не ефектира и нас ние што сме надвор од МКД сакал ти да прифатиш или не, и како такви треба да имаме право на глас. Да беше повеќе патриотски наостроен народот и не би се замарале ама вака кога читам глупости тогаш и те како мислам дека треба да гласа дијаспората.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
Многу често одлучуваат, не само за тоа кој ќе биде на власт туку и за побитни работи...А тие 3 пратеници зимаат плата од македонците во Македонија, не ги плаќаат оние што се надвор!
Znaci ti sakas da mi kazes deka tie tri pratenici od dijasporata odlucuvaat za vladata a ne tie 55 od koalicijata na VMRO-DPMNE i tie 15 od DUI? Lugje, daj bidete realni malce oti stvarno smisla nema.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
интересни се вакви дебати затоа што ќе увидиш како некои луѓе кои им е полна уста демократија всушност имаат делумно фашистички менталитет. Според нив сите што не гласаат за нивните се глупави, необразовани, лесно паѓаат на панипулации или се продаваат за пари. навиваат да се укине правото на глас. Следно очекувам да каже некој дека гласот на селанецот од Ново Село не е еднаков со гласот на уберинтелектуалецот од градски ѕид во Скопје. Тоа го мислат а ретко кој од нив го кажува.[DOUBLEPOST=1438695046][/DOUBLEPOST]
А тие луѓе патем живеат во најдемократските држави и би требало да имаат некакво искуство со манипулации и такви работи пошто тие работи се дамнешно минато во тие држави, но сепак моќната владејачка партија успева и во САД да пере мозоци или можда сладолед им дава не знам нека кажат.
Ама тие џабе живеат братче џабе живеат,оти цел живот сум опркужен со нив сум живеел и јас надвор немој молимте,несакам да навредувам али знам како изгледа 70% од нашето исселеништво,џон крокодилов од градшница што е 12 годни во сиднеј а знај 4 збора англиски можам да замислам што има научено за демократија,а и не е тоа дискусија,тој си живее во државата Австралија и на Австралиските избори си гласа и крај на приказната,нема што да гласа и во Македонија,ете може да дојде овде и да гласа а ако неможе така да си го нарушува комфорот ондак то е ќе си гласа за претседател на Австралија.
И немој молимте поддржувачи на овој режим кога ќе ми серат за демократија или не знам што,или дека нештово со исселениците било од загриженост за нив и не знам што,па да гласаја за сдс исселениците ќе им го ускратеше одма тоа право владава.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
така да дали излегле 800 или 80 000 резултат ќе биде ист
Легитимитетот не е ист Фаранг, тоа е тоа што цела време го вергламе. Со други очи ќе го гледаат ако има 80.000 гласови освоено.

Конзулатот во Мелбурн е на место кое е далеку од пределите каде живеат македонците каде е тешко да се најде паркинг и е мисија 2 пати (за разлика од МКД мора секое гласање да се пријавиме да гласаме) да се дојде до таму поготово кога унапред знаме кој ќе победи и дека нашиот глас не прави разлика и сме ОК со тоа. Македонците од Перт за да го остварат правото на глас треба да летат 6 часа до канбера. Сиднеј, аделаид, волонгонг, џилонг, бризбен итн исто така немаат конзулати.
Ај да не го коментирам болдот, ќе се замерам без врска и со тебе. За Перт си во право, за Сидни (и околината) не си, за саат време со авион може да стасаат во Канбера, еднаш во 2-3 години можат финансиски да си го дозволат тоа, да не се лажеме.

Тоа дека гласот на дијаспората демек вредел повеќе од твојот, нема врска, еве ај кажи утре да се донесе НОРМАЛЕН начин на гласање на каков сме ние навикнати овде и излезат 80 000 во австралија дали мислиш дека треба да имаме 8 пратеника само од Австралија?
Да, нека има и 8 пратеници, ако изборот е според процедурата.

За тоа дека се трошеле многу пари, си се запрашал ли зошто е тоа така? Еве да ти објаснам, парите се трошат затоа што партиите во МКД не си веруваат меѓу себе па за да има „фер“ гласање праќаат секој по еден преставик преку дик за надзор. Тоа се цел куп партиски наградени шетања на грбот на државата. Од Австралија во неколку наврати имаше прелог гласањето да го организираат Мак организации или да се побара помош од австралиската избора комисија - значи австралци кој дијаспората би ги платила. Целокупниот трошок за тоа би бил помалку од два авионски билета, значи луѓе на денот на гласањето ПЛУС избирачки места (школи) во наслебите каде живеат македонците, така да излезеноста ќе биде поголема. Ова нормално е одбиено од опозицијата...
Може, изборите нека ги спроведат австралискиот ДИК и локалните заедници, под надзор на 1-2 претставници од нашиот ДИК, мене не ми пречи. Иако ова им пречи и на власта и на опозицијата (нема да можат швалерките да си ги пратат на шетање).

Она за отчет, би сакал да е така за секој пратеник. Овој моментално што е во МКД од АУС е ѓубре и се надевам дека нема пак да биде подржан од дпмне. Претходниот си беше ок. Од она јас што знам беше инволвиран при носење неколку поситни инвестиции во мкд. Треба да имаш на ум дека и буџетот што они го имаат а и задачите што им се доделени некако не се реални. Се очекува многу а не им се дава можност тоа да го одработат. Голем проблем овде е што никој асален не би се нафатил да биде пратеник во МКД за платата што се нуди. Овде да лежиш на социјално подобро ќе поминеш него со таа плата и услови што ги нуди МКД.
Ако не сакаме да се заврши некоја работа ќе најдеме оправдување, ако сакаме ќе најдеме начин. Овде прочитав само оправдувањa ;)
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.552
Поени од реакции
24.897
Многу често одлучуваат, не само за тоа кој ќе биде на власт туку и за побитни работи...А тие 3 пратеници зимаат плата од македонците во Македонија, не ги плаќаат оние што се надвор!
Тие 3 пратеника и живеат и трошат дур се македонија. Направи математика колку кошта да преселиш фамилија од една до друга страна на светот на свој трошок. Направи математика колку е просечна плата (еве не мора повисока од тоа) во АУС, УСА или ЕУ и колку зима пратеник па види колку тие луѓе финансиски ГУБАТ со тоа што дошле да помогнат.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Znaci ti sakas da mi kazes deka tie tri pratenici od dijasporata odlucuvaat za vladata a ne tie 55 od koalicijata na VMRO-DPMNE i tie 15 od DUI? Lugje, daj bidete realni malce oti stvarno smisla nema.
Гледам дека си стручњак по политика мајсторе се извинувам за сите гревови што ги направив!
Во парламент одлучува и 1 пратеник...Така на пример во моментов ВМРО ДПМНЕ има 61 пратеник и се изнададоа грдни пари само за да го купат пратеникот на Стевче Јакимовски за да имаат апсолутно мнозинство со 62 пратеника!
Е сега види дали одлучуваат тие 3 пратеници.
Плус ако гласа дијаспората зошто не се стави цензус на гласови, односно на излезност...Од дијаспора која се проценува горе доле на 1 м, излегле да гласаат 7 илјади...Дали е тоа вистинскиот глас на дијаспората????[DOUBLEPOST=1438696398][/DOUBLEPOST]
Тие 3 пратеника и живеат и трошат дур се македонија. Направи математика колку кошта да преселиш фамилија од една до друга страна на светот на свој трошок. Направи математика колку е просечна плата (еве не мора повисока од тоа) во АУС, УСА или ЕУ и колку зима пратеник па види колку тие луѓе финансиски ГУБАТ со тоа што дошле да помогнат.
Смештај и превоз им се плаќа од државниот буџет исто како на сите пратеници, не се лажи дека не е така...Второ никој не ги тера со сила да дојдат, мене со сила ме тераат да ги плаќам!Трето и да се во загуба, тоа е нивна работа, а верувај ми не постои човек кој ќе иде во загуба само за доброто на Македонија, таквите луѓе умреа во ликот и делото на Делчев,Сандански, Влахов!
Научна фантастика е тоа што го збориш мајсторе!

И да ќе заборавев...Платата во АУС е одприлика 3к долари...Платата на пратеник во Македонија основица е 1к евра, плус тешки бонуси од членување во комисии така да стигаат до 2.5к евра, плус апанажа, плус ловувжана. Е сега од тоа кога ќе ги одземеш трошоците за живот во АУС, и оние во Македонија кои се целосно покриени од државата ќе видиш дека и те како му се исплати да пресели не само својата фамилија, туку цела зграда од АУС во МК!
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.316
Поени од реакции
8.807
Само ради оваа причина сум за дијаспората да продолжи да гласа. Значи во МКД има цел куп народ што не е способен (мрзлив) да си обезбеди иднина и е спремен што било да прифати само да добие некаква милостиња. Извини ама тоа име не ефектира и нас ние што сме надвор од МКД сакал ти да прифатиш или не, и како такви треба да имаме право на глас. Да беше повеќе патриотски наостроен народот и не би се замарале ама вака кога читам глупости тогаш и те како мислам дека треба да гласа дијаспората.
Каде прочита дека некој бара милостина? Не живееш овде и не те засегаат одлуките кои се носат, што значи нема зошто ти да гласаш. Толку е едноставно, илјада весели вратоломии нема да го променат ова.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
Se mesaat mnogu temi okolu ova prasanje, sto ne se potrebni.

Za meine klucni se 2 prasanja:
1) Dali sekoj Makedonec treba da ima pravo da glasa? - DA!
2) Dali drzavata treba da im obezbedi uslovi da ucestvuvaat vo izborite? - DA!

Drzavata se odluci za edna varianta, koja ima nedostatoci. Treba da se vidi dali moze da se opravi, ako da, togas sto pobrzo. Ako ne, da se bara drug model.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.552
Поени од реакции
24.897
Легитимитетот не е ист Фаранг, тоа е тоа што цела време го вергламе. Со други очи ќе го гледаат ако има 80.000 гласови освоено.



Ај да не го коментирам болдот, ќе се замерам без врска и со тебе. За Перт си во право, за Сидни (и околината) не си, за саат време со авион може да стасаат во Канбера, еднаш во 2-3 години можат финансиски да си го дозволат тоа, да не се лажеме.



Да, нека има и 8 пратеници, ако изборот е според процедурата.



Може, изборите нека ги спроведат австралискиот ДИК и локалните заедници, под надзор на 1-2 претставници од нашиот ДИК, мене не ми пречи. Иако ова им пречи и на власта и на опозицијата (нема да можат швалерките да си ги пратат на шетање).



Ако не сакаме да се заврши некоја работа ќе најдеме оправдување, ако сакаме ќе најдеме начин. Овде прочитав само оправдувањa ;)
Да те прашам што ќе се случи ако излезат 80 000 и 79 970 гласаат за него? Тогаш ќе испадне дека е местенка зашто ни Садам Хусеин немал такви резлутати. Ако ние тука во нашата изборна единица не му го спориме легитимитетот незнам што има вие таму?

Не е еднаш 2 пати е и тоа во некој за нас ненормални рокови. Значи избори се објавуваат на ден икс па следи пријавување. Пријавувањето мора да се изврши на специфичен образец кој го менуваат на секој избори иако нема потреба за тоа, ама го прават НАМЕРНО за да не се користат стари тоест да се има трошок (пре се време збориме овде) и да мора да се иде до амбасада/конзулат. Збориш не е многу еднаш 2-3 години да се иде саат време со авион, не е еднаш него е два пати во рок од 3-4 недели. Ај сега реално кажи дали ти би го направил истото ако знаеш дека СИГУРНО победува кандидатот на вмро? Сеедно и да си за и да си против нема да се малтретираш.

Тука не се слагаме, јас уствари неќам дијаспората да игра клучна улога во МК политика повеќе тоа да биде симболична ако се иде на систем ист број на гласови исто пратеници тоа ќе се смени па ќе добите уште порадикални влади. Како што е сега си функционира ОК.

Може ама не се прави, не го прифаќаат истите тие што сега кукаат колку се троши на избори.

Бранчез не се оправудвања. Значи предходниот пратеник за австралија при секое негово подолго доаѓање овде даваше отчет. Се свикуваше народен конгрес и секој беше добродојден. Објаснуваше што работи, во какви комисии е итн. Делеше совети и им помагаше на тие што имаа проблеми во МКД. Имаше и будали што го прашуваа за знамето и името ама углавно беше ок. Јас на такви сум бил два пати во мелбурн. Знам дека и во сиднеј го правеше истото. Значи имаше комуникација со гласачкото тело, се тоа му беше организирано од задграничните комитети на дпмне. ВМРО си има добра логистика овде од тоа нема бегање. Работата е што ниту еден друг пратеник во МКД ова не го практикува така? За инвестиции ако те интересира по ПП можам да ти посочам за кој има помогнато значи за ова ти кажувам дека сум бил и јас делумно инволвиран или мој пријатели биле па е 100%. Да не претерам јас би рекол дека најмалку 70тина вработувања има донесено. Камо среќа сите да донеле толку. Јас лично сметам дека тоа е и малку, дека баш тоа треба да им биде главна работа, да се еден вид министри за надворешни работи бар во средините кој ги покриваат ама за тоа треба и буџет, треба и пари од владата. Владата тоа не им го овозможува, моментлано на пример максимум можат дури 5 дена да се присутни во дијаспората со притоа платени трошоци потоа се е на нивнен грб. Ај сега кажи како да ја покриеш Австралија со 5 дена? Дали вреди да идеш до АУС за 5 дена? Тука се проблемите...[DOUBLEPOST=1438699098][/DOUBLEPOST]
Гледам дека си стручњак по политика мајсторе се извинувам за сите гревови што ги направив!
Во парламент одлучува и 1 пратеник...Така на пример во моментов ВМРО ДПМНЕ има 61 пратеник и се изнададоа грдни пари само за да го купат пратеникот на Стевче Јакимовски за да имаат апсолутно мнозинство со 62 пратеника!
Е сега види дали одлучуваат тие 3 пратеници.
Плус ако гласа дијаспората зошто не се стави цензус на гласови, односно на излезност...Од дијаспора која се проценува горе доле на 1 м, излегле да гласаат 7 илјади...Дали е тоа вистинскиот глас на дијаспората????[DOUBLEPOST=1438696398][/DOUBLEPOST]
Смештај и превоз им се плаќа од државниот буџет исто како на сите пратеници, не се лажи дека не е така...Второ никој не ги тера со сила да дојдат, мене со сила ме тераат да ги плаќам!Трето и да се во загуба, тоа е нивна работа, а верувај ми не постои човек кој ќе иде во загуба само за доброто на Македонија, таквите луѓе умреа во ликот и делото на Делчев,Сандански, Влахов!
Научна фантастика е тоа што го збориш мајсторе!

И да ќе заборавев...Платата во АУС е одприлика 3к долари...Платата на пратеник во Македонија основица е 1к евра, плус тешки бонуси од членување во комисии така да стигаат до 2.5к евра, плус апанажа, плус ловувжана. Е сега од тоа кога ќе ги одземеш трошоците за живот во АУС, и оние во Македонија кои се целосно покриени од државата ќе видиш дека и те како му се исплати да пресели не само својата фамилија, туку цела зграда од АУС во МК!

А му се плаќа ли тоа што треба да купи цела нова покуќнина и кола? Еве сегашниот пратеник ќе има мандат од не полни 2 години... Значи он инвестирал 20-30 000е за што?

Не ги тера, доаѓаат дека сакаат пред се да помогнат. Кој тебе те тера? Па тие ти што ги одбра го изгласаа овој закон, што ти се овие 3ца криви?

Не ти верувам. Тоа што ти живееш и не познаваш луѓе што се спремни да одработат за доброто на каузата е пред се твој личен проблем и кажува многу за твојот карактер и за карактерот на тие окулу тебе. Затоа подобро и да не дискутираме на таа тема.

Плата во АУС ти е 4-5К долари. Плата на пратеник со сите бонуси од комисии и дневници на пат итн ти е преку сила 1650е. Лопуважа пак тоа е углавно одлика на карактер. У право си иначе подобро е во МКД одкако ќе одзмеше трошоци за живот итн, затоа во МКД секоја година се враќаат илјадници дијаспорци од австралија а не обратно.[DOUBLEPOST=1438699496][/DOUBLEPOST]
Каде прочита дека некој бара милостина? Не живееш овде и не те засегаат одлуките кои се носат, што значи нема зошто ти да гласаш. Толку е едноставно, илјада весели вратоломии нема да го променат ова.
Како не ме засегаат? Па и јас сум МАКЕДОНЕЦ од МАКЕДОНИЈА, кој си ти тоа да ми го скратиш? Ако не ти одговара моменталната финансиска состојба на тебе или некој друг снајди се, илјадници баш ради тоа и не се во МКД а ти сакаш ради тоа да им го одземеш правото на глас.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.316
Поени од реакции
8.807
Како не ме засегаат? Па и јас сум МАКЕДОНЕЦ од МАКЕДОНИЈА, кој си ти тоа да ми го скратиш? Ако не ти одговара моменталната финансиска состојба на тебе или некој друг снајди се, илјадници баш ради тоа и не се во МКД а ти сакаш ради тоа да им го одземеш правото на глас.
Си Македонец, ама не живееш во Македонија. Живееш илјадници километри далеку, одлуките/законите/приликите во РМ никако не те допираат. За разлика од мене. Освен инает (партиски) не гледам никаква друга причина за гласањето на дијаспората. За финансиската состојба, не ме познаваш, а и никаде не спомнав некаква моја финансиска состојба.Прибери си го простаклукот.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Си Македонец, ама не живееш во Македонија. Живееш илјадници километри далеку, одлуките/законите/приликите во РМ никако не те допираат. За разлика од мене. Освен инает (партиски) не гледам никаква друга причина за гласањето на дијаспората. За финансиската состојба, не ме познаваш, а и никаде не спомнав некаква финансиска состојба.Прибери си го простаклукот.
Веројатно од партиски инает гласа дијаспората и на 120 земји во светот. Вакви дебати се водат со години а ти заклучи од еден муабет дека нема што да гласа државјанин на Македонија надвор од Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom