Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

Дали Македонците од дијаспората треба да имаат право на глас?

  • Да

    Гласови: 100 36,0%
  • Не

    Гласови: 178 64,0%

  • Вкупно гласачи
    278

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.552
Поени од реакции
24.897
Си Македонец, ама не живееш во Македонија. Живееш илјадници километри далеку, одлуките/законите/приликите во РМ никако не те допираат. За разлика од мене. Освен инает (партиски) не гледам никаква друга причина за гласањето на дијаспората. За финансиската состојба, не ме познаваш, а и никаде не спомнав некаква финансиска состојба.Прибери си го простаклукот.
Значи сум македонец. Што има врска каде живеам? Одлуките ме допираат, тоа што ти немаш капацитет да го сфатиш тоа е друга работа. Нема партиски инает, гласање е. Нека си направи и другата партија инфраструктира. Јас лично го делам ставот на @Igorcemk партиите да не се мешаат во дијаспората него да ја остават она да си ги даде кандидатите. Ова е систем што пред се вие таму го направивте ние сега играме по ваши правила. Финаниска состојба спомна во предходниот пост кога кажа 30% од лугево се сиромашни и не им е гајле како се викаме. Тоа што се сиромашни е одлика на самите индивидуалци и тие треба да си се изборат за подобар живот. Ако се пронајде во мојот пост тогаш убаво размисли, сепак тоа е реплика на тоа што ти напиша.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.316
Поени од реакции
8.807
Значи сум македонец. Што има врска каде живеам? Одлуките ме допираат, тоа што ти немаш капацитет да го сфатиш тоа е друга работа.
Никако не те допираат одлуките. Ништо од тоа што се случува во Македонија не влијае на твојот живот. Оваа дискусија најверојатно ќе се сведе на твоето бесцелно инатење затоа и ќе прекинам тука.
Ова е систем што пред се вие таму го направивте ние сега играме по ваши правила.
Точно ние таму го направивме. Затоа сега ние истите таму што живееме и ги трпиме срањата на РМ ќе се коригираме и гласањето на дијаспората ќе се суспендира.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.552
Поени од реакции
24.897
Никако не те допираат одлуките. Ништо од тоа што се случува во Македонија не влијае на твојот живот. Оваа дискусија најверојатно ќе се сведе на твоето бесцелно инатење затоа и ќе прекинам тука.

Точно ние таму го направивме. Затоа сега ние истите таму што живееме и ги трпиме срањата на РМ ќе се коригираме и гласањето на дијаспората ќе се суспендира.
Промена на името на државата влијае и на мене. Промена на одредени закони ме засегаат зашто имам имот и бизнис во МКД, без разлика што не живеам таму.

Ќе го корегирате со тоа што ќе изгубиме 3 македонски гласа? Или ти го гледаш ова партиски? Наместо да гледаме како да направиме нешто и да искористиме од цела ситуација, да ја доближиме дијаспората кон државата ние ќе си играме пу пу неважи. Ова се дур пак вмро не победи и пак не ги воведи пратеничките места.
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Како не ме засегаат? Па и јас сум МАКЕДОНЕЦ од МАКЕДОНИЈА, кој си ти тоа да ми го скратиш? Ако не ти одговара моменталната финансиска состојба на тебе или некој друг снајди се, илјадници баш ради тоа и не се во МКД а ти сакаш ради тоа да им го одземеш правото на глас.
Македонец кој живее во Македонија,е тој е и тој сум и јас,и имаме право да ти го скратиме гласот,оти сме овде и живееме до гуша во овие лајненици и не одиме никаде туку сме овде,оти во градот каде живеам сум 400 години,и не ме избркаа ни турци,ни бугари ни срби епа богами нема ни некој помочани вмровци да ме избркаат пошто се мачкина кашлица во однос на тоа што поминавме последниве периоди,за разлика од дијаспората која си ја намачка од овде па сега пратеници сакале 100.000 гласа ќе собереле не знам што,од баџа ура.Бев странство се вратив,а дури бев таму ќутев,не им објаснував на моите и на роднините и другарите,од ,,Баџа,, како треба и што треба,и ако бев таму за гласање НЕМАШЕ да гласам оти имам свест малку и сум свесен дека ако сакам можам во секој момент да се вратам и да придонесам и се вратам.Кој сака да придонеси за Македонија,кој ја сака толку многу нека повели,владата и стан ќе им купи па нека ја помогнат Македонија како што се помага од внатре.Оти патриотизмот ваш е ист ко тој овде,само на уста,за пример Албанците можеа да летаат од цел свет за гласање а вие не можевте,да не зборувам за 2001 кога тие од гурбет се враќаа и во УЧК доброволци пристапуваа,кажи колку Македонци си дојдоа и пристапија војска?
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
http://umdiaspora.org/index.php/mk/fronpage-news-mk/71-unity-mk/1088-2015-08-04-15-30-35

Многу вистини во овој текст и срамота е еден поранешен амбасадор да навредува други луѓе кои милион пати повеќе труд и пари вложиле за Македонија него тој самиот. Али ништо чудно кога самиот Стоименовски е партиски човек.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба да прекинат нивните проблеми да ги решават на туѓ грб.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
Македонец кој живее во Македонија,е тој е и тој сум и јас,и имаме право да ти го скратиме гласот,оти сме овде и живееме до гуша во овие лајненици и не одиме никаде туку сме овде,оти во градот каде живеам сум 400 години,и не ме избркаа ни турци,ни бугари ни срби епа богами нема ни некој помочани вмровци да ме избркаат пошто се мачкина кашлица во однос на тоа што поминавме последниве периоди,за разлика од дијаспората која си ја намачка од овде па сега пратеници сакале 100.000 гласа ќе собереле не знам што,од баџа ура.Бев странство се вратив,а дури бев таму ќутев,не им објаснував на моите и на роднините и другарите,од ,,Баџа,, како треба и што треба,и ако бев таму за гласање НЕМАШЕ да гласам оти имам свест малку и сум свесен дека ако сакам можам во секој момент да се вратам и да придонесам и се вратам.Кој сака да придонеси за Македонија,кој ја сака толку многу нека повели,владата и стан ќе им купи па нека ја помогнат Македонија како што се помага од внатре.Оти патриотизмот ваш е ист ко тој овде,само на уста,за пример Албанците можеа да летаат од цел свет за гласање а вие не можевте,да не зборувам за 2001 кога тие од гурбет се враќаа и во УЧК доброволци пристапуваа,кажи колку Македонци си дојдоа и пристапија војска?
Kаков патриотизам. Самите политичари странство ги носеа нивните синови 2001. За разлика од Албанците, каде нивните борци се третираат ко херои, ние ги праќаме во затвор и им уништуваме животи, уште криви ги правиме.

Албанците летаа да гласаат оти им се закануваа дека ќе им ги запалат куќите (во Кичевско). Авал да им е колку толку си ја тераат работата, а „нашите“ политичари буквално маме ија ебаа на државата (со зборовите на Амди Б.).
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.552
Поени од реакции
24.897
Македонец кој живее во Македонија,е тој е и тој сум и јас,и имаме право да ти го скратиме гласот,оти сме овде и живееме до гуша во овие лајненици и не одиме никаде туку сме овде,оти во градот каде живеам сум 400 години,и не ме избркаа ни турци,ни бугари ни срби епа богами нема ни некој помочани вмровци да ме избркаат пошто се мачкина кашлица во однос на тоа што поминавме последниве периоди,за разлика од дијаспората која си ја намачка од овде па сега пратеници сакале 100.000 гласа ќе собереле не знам што,од баџа ура.Бев странство се вратив,а дури бев таму ќутев,не им објаснував на моите и на роднините и другарите,од ,,Баџа,, како треба и што треба,и ако бев таму за гласање НЕМАШЕ да гласам оти имам свест малку и сум свесен дека ако сакам можам во секој момент да се вратам и да придонесам и се вратам.Кој сака да придонеси за Македонија,кој ја сака толку многу нека повели,владата и стан ќе им купи па нека ја помогнат Македонија како што се помага од внатре.Оти патриотизмот ваш е ист ко тој овде,само на уста,за пример Албанците можеа да летаат од цел свет за гласање а вие не можевте,да не зборувам за 2001 кога тие од гурбет се враќаа и во УЧК доброволци пристапуваа,кажи колку Македонци си дојдоа и пристапија војска?
Ме интересира што ќе добиеш со тоа што ќе го скратиш гласот на дијаспората? :toe:
Само во македонија некој мисли дека е привилегија да си пратеник со 1000е плата. :pos:

Во 2001 на неколку наврати беа пратени пари во македонија за бранителите. Имаше неколку тури на доброволци кој беа одбиени а да не беше Зоран Зелениковски (уште еден дијаспорец само во овој во украина) немаше ни авиони ни хеликоптери ни украински пилоти да видовме.[DOUBLEPOST=1438704998][/DOUBLEPOST]
Еве што бил зортот. :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Јок, мене ни е сеедно, јас секако нема да гласам нит пак сум гласал. Јас сакам пратеник од дијаспората што ќе биде независен. Дур нема таков некој на список јас нема да гласам.

Ајде кажи си дека ти смета тоа што дијаспората си гласа за вмро. Тебе уствари тоа те иритира не тоа што се гласа надвор. Укинувањето е партиска одлука, СДСМ и другите партии можат да се борат за гласовите на дијаспората, само не сакаат. Вака е полесно нели, нема врска тоа што ова се 3 македонски гласа кој ќе бидат загубени.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.316
Поени од реакции
8.807
Јок, мене ни е сеедно, јас секако нема да гласам нит пак сум гласал. Јас сакам пратеник од дијаспората што ќе биде независен. Дур нема таков некој на список јас нема да гласам.

Ајде кажи си дека ти смета тоа што дијаспората си гласа за вмро. Тебе уствари тоа те иритира не тоа што се гласа надвор. Укинувањето е партиска одлука, СДСМ и другите партии можат да се борат за гласовите на дијаспората, само не сакаат. Вака е полесно нели, нема врска тоа што ова се 3 македонски гласа кој ќе бидат загубени.
Ок.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.120
Поени од реакции
23.601
И претходно уште на почетокот на темата имам напишано и сега ќе го напишам истото. Точно е дека секоја државјанин на Р.Македонија има право на глас, никој тоа право не му го спори. Нека дојди и нека си гласа како и сите останати што живеат тука, но притоа да живее во државата без прекин не поголем од еден месец во период не помалце од 9 месеци рачунато од денот на изборите. Само тогаш реално ке може да ги сети работите и ке може правилно да донесе одлука. Ова вака згорапреку, ама мислам дека ја доловив поентата.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.316
Поени од реакции
8.807
Пратениците од дијаспората да се избришат од изборниот законик!
http://libertas.mk/пратениците-од-дијаспората-да-се-избр/
Крајно сум иритиран поради упорното инсистирање на еден млад, преамбициозен и препотентен човек, кој се претставува како претседател на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), за продолжување на практиката за избор на пратеници од дијаспората. Од реакцијата на нашинци од дијаспората произлегува дека никој не знае како, кога и каде е избран претседателот на ОМД!

Тоа упатува на заклучок дека тој, со аминување на ДПМНЕ, самиот си се прогласил за лидер на ОМД!? Крајно цинично е тврдењето на претседателот на ОМД за „континуираниот и огромен придонес на дијаспората за економскиот развој на Република Македонија, како и за давањето подршка за нејзиното пристапување во НАТО и ЕУ“. Благодарејќи на придонесот на ОМД македонската економија цвета, демократијата и слободите на граѓаните достигнуваат небески висини, правото во државата функционира беспрекорно, македонските граѓани си живеат среќно и весело, а РМ е членка на НАТО и ЕУ! За утеха, малку шега.

Претседателот на ОМД не наведува ниеден конкретен податок за придонесот на дијаспората за економскиот развој на РМ, освен дискутабилните дознаки! Ја користам оваа пригода да го прашам претседателот на ОМД дали, кога и колку пари тој дозначил на македонската држава или на свои блиски во Македонија или, пак, добива пари од сиромашните македонски граѓани да лобира за партијата што го плаќа? Иако не се објавуваат податоци за етничката припадност на оние иселеници кои праќаат дознаки, познавајќи го менталитетот на Македонците во дијапората („животот го давам за Македонија, а ако треба ќе дадам и 5 долари“), убеден сум дека Албанците кои живеат и работат во странски земји дозначуваат повеќе пари на своите блиски во Македонија, отколку Македонците?!

Во дијаспората живеат повеќе Грци отколку во Грција, а во грчкиот парламент нема пратеници од дијаспората? Во дијаспората живеат 15-20 милиони Полјаци, што безмалку е половина од Полјаците кои живеат во Полска, а во полскиот парламент нема пратеници од дијаспората? Голем број Албанци живеат во странство, но, ни во албанскиот парламент нема пратеници од дијаспората!

Согласно информациите што беа објавени, за тројцата пратеници од дијаспората се трошат толку пари од сиромашните македонски граѓани колку за 90 „домашни“ пратеници? На Македонија не и требаат скапо платени партеници од дијаспората кои функционираат како роботизирани гласачи на ДПМНЕ, односно како чипирани идиоти (Тричковски)! Би го замолил претседателот на ОМД да наведе макар еден позитивен придонес на пратениците од дијаспората за развојот на демократијата, слободата и правата на граѓаните, слободата на медиумите, владеењето на правото и останатите цивилизациски вредности.

Би сакал да потенцирам дека немам ништо против дијаспората. Напротив, како човек со долгодишно дипломатско искуство високо ги ценам и почитувам нашите граѓани кои живеат и работат во странските земји, меѓутоа, категорично сум против тие, како партиски војници, да учествуваат во (с)уредувањето на политичкиот систем во Македонија! Тоа е интерес, но и задача на луѓето кои постојано живеат и кои плаќаат даноци во Македонија, а не на иселениците кои живеат, работат и плаќаат даноци во странски држави! Иако живеат во демократски и правни држави, пратениците од дијаспората во Собранието на РМ настапуваат како партиски војници на ДПМНЕ и затоа сносат голема вина за воспоставувањето на авторитарниот режим, кој од Македонија направи фантомска држава која е голем резил и служи за потсмев во демократскиот свет! Впрочем тоа е и главна причина што меѓународната заедница е активно вклучена во напорите за враќање на Македонија во состојба на нормална држава!

Организацијата на полската дијаспора во САД, „Полонија“ треба да послужи како пример за уредување на односите и соработката меѓу Македонија и македонските граѓани кои живеат и работат во странски земји. Зачувувањето на културните традиции, изучување на јазикот од младите генерации, унапредувањето на економската соработка и создавањето на услови за враќање на иселените граѓани, треба да бидат во центарот на вниманието, а не дали дијаспората ќе има свои пратеници во Собранието на РМ!

Претседателот на ОМД треба дефинитивно да разбере дека пратениците од диајспората се претежок финансиски товар за сиромашните македонски граѓани и дека нивниот придонес во политичкиот живот во Македонија е не само минорен, туку е и контрапродуктивен и штетен за граѓаните кои живеат во Македонија! Доколку дијаспората е навистина заинтересирана за доброто на Македонија и за нејзините граѓани и искрено сака да им помогне нека самата организира и финансира избори на пратеници од дијаспората и нека обезбеди пари за учество и за работа на своите пратеници во Собранието на РМ! Само пратеници кои би биле избрани и финансирани на овој начин, можат да бидат автентични, автономни и суверени пертставници на дијаспората и само тие можат да придонесат за развој на демократијата, економијата, владеењето на правото, слободите и правата на граѓаните, слободата на медиумите и останатите цивилизациски вредности! На Македонија не и се потребни партиски војници и од дијаспората, бидејќи и инаку ги има премногу!

Имајќи ги предвид наведените факти би сакал да потенцирам дека категорички сум против изборот на пратеници од дијаспората! Впрочем причините за бришење на одредбите во Изборниот законик за избор на пратеници од дијаспората ги елаборирав и во мојот напис кој е објавен во Утрински Весник од 13 октомври 2013 година. Имајќи предвид дека во склопот на решавање на актуелната политичка криза во државата треба да се внесат измени во Изборниот законик уште еднаш апелирам да се престане со изборот на пратеници од дијаспората, како и да се намали бројот на пратениците во Собранието на РМ на 80 до максимум 100 пратеници. Во Србија сериозно се разгледува можноста за намалување на бројот на пратениците од 250 на 125-150 пратеници. Словенија и Косово кои имаат сличен број жители како и Македонија имаат значително помалку пратеници отколку Македонија!

Во Македонија доаѓаат гооолеми патриоти од дијаспората, кои декларираат дека сакаат да и помогнат на Македонија, но, откако ќе си ги наполнат чекмежињата со пари од сиромашните македонски граѓани, се враќаат таму од кај што дошле! Подетално за тоа во друга пригода.

На крајот неколку збора и за лобирањето, со кое се фали претседателот на ОМД. Ваквото лобирање е целосно пограшно и е исклучително во полза на владејачката партија и нејзиниот лидер, како и на оние кои работат на придобивање на лобисти, а не во полза на државата! Македонската јавност има можност често да го слушне токму претседателот на ОМД кој се фали дека „конгресменот тој и тој го подржаува зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ.“ Се фали исто така и со некаква група од 15-20 конгресмени кои даваат слична подршка на Македонија. И каков е ефектот и користа за Македонија од ваквите фалби? Залудно трошење пари од сиромашните македонски граѓани, без каков било отчет за потрошените пари! Македонските власти мораат целосно да го променат однесувањето и политиката кон лобирањето и лобистите! Во тој поглед можат многу да научат од Албанците! Подетелно за тоа во друга прилика.

Коста Стоименовски
амбасадор во пензија
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Промена на името на државата влијае и на мене. Промена на одредени закони ме засегаат зашто имам имот и бизнис во МКД, без разлика што не живеам таму.
И Кока Кола поседува бизнис поголем од твојот во Македонија па не им даваме пратеник...

Самиот одговор на прашањето е во насловот, нема ништо повеќе што да се дискутира.
 
G

Goldie

Гостин
Македонците во странство не заслужуваат глас поради тоа што прво и најбитно поголемиот дел не се замараат за изборите (се гледа и по бројот на гласачи на предходните избори) и второ тие што замараат се обично прокондурени сељаци кои наместо да бидат малце погласни оти нели независни се (ништо не им можат овие од власта) живеат во демократски опшества а они се класични бескичмењаци. Ем гледаат дека ништо не функционира во државава, корумпирано судство, мвр продолжена рака на вмро, медицината катастрофа, врски ти треба за се! образование неписмена учка за министер и пак за ништо не креваат глас.. изгледа подобро им е да го гледаат народов како мизерува, инаку како ќе му се восхитуваат него и на беемвето кога ќе дојде во Македонија
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Апсолутно не заслужуваат глас.

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom