Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Пуста желба да ме посиниш!:facepalm:

Не можеше да проголташ и да речеш како јас што ти кажав... добро , тоа е твој став. ОК

Мораше со еден реферат како од новинарка напишан да го оцрнуваш алф бидејќи не пишува во склоп на твојата филозофијата.

Сакаш твојот пророк да биде на местото од Исус?
Ајде, може ќе собереш доволно гласачи и шпиуни за да ја придобиете власта на земјата и можеби ќе ви биде дозволено.

Прочитај убаво и види дека во последните денови ќе се појават подигрувачи кој ќе велат , каде е тој Исус, светот ваков каков што го познаваме од памтивек.
Дури и времињата ќе сакаат да ги променат.
Вие сте само знак претскажан пред неговото доаѓање и ништо повеќе.:)
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
Пуста желба да ме посиниш!:facepalm:

Не можеше да проголташ и да речеш како јас што ти кажав... добро , тоа е твој став. ОК

Мораше со еден реферат како од новинарка напишан да го оцрнуваш алф бидејќи не пишува во склоп на твојата филозофијата.

Сакаш твојот пророк да биде на местото од Исус?
Ајде, може ќе собереш доволно гласачи и шпиуни за да ја придобиете власта на земјата и можеби ќе ви биде дозволено.

Прочитај убаво и види дека во последните денови ќе се појават подигрувачи кој ќе велат , каде е тој Исус, светот ваков каков што го познаваме од памтивек.
Дури и времињата ќе сакаат да ги променат.
Вие сте само знак претскажан пред неговото доаѓање и ништо повеќе.:)
...една капка вода не е ништо,но реката не може без неа
...не сметаш дека и човештвото е еден таков пример?
...нити Исус ќе се врати,нити коренот на неговото првично доаѓање личеше на шпанска серија :)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558
...една капка вода не е ништо,но реката не може без неа
...не сметаш дека и човештвото е еден таков пример?
...нити Исус ќе се врати,нити коренот на неговото првично доаѓање личеше на шпанска серија :)
Како што дојде Исус првиот пат, така мора да дојде и по втор пат, така во библијата пишува, така нели и Исус му вети на човештвото, да бидеме спремни за неговито доаѓање кое ќе биде многу гласно, страшно земјата ќе се тресе премногу силно, планини ќе се рушат...Но мене ме занима, дали во библијата има некоја најава за ШТО ПОСЛЕ ВТОРОТО ИСУСОВО доаѓање на земјава, ќе го снема човештвото, ќе ја снема планетава или дотогаш луѓето ќе се населат на Венера!?
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
Како што дојде Исус првиот пат, така мора да дојде и по втор пат, така во библијата пишува, така нели и Исус му вети на човештвото, да бидеме спремни за неговито доаѓање кое ќе биде многу гласно, страшно земјата ќе се тресе премногу силно, планини ќе се рушат...Но мене ме занима, дали во библијата има некоја најава за ШТО ПОСЛЕ ВТОРОТО ИСУСОВО доаѓање на земјава, ќе го снема човештвото, ќе ја снема планетава или дотогаш луѓето ќе се населат на Венера!?
...од тоа време до сега научивме дека:
- неповратно ги трошиме природните ресурси кои ни се потребни за опстојување на планетава(и ниеден Бог нема да ни ги створи повторно)
- пренаселеноста ќе ни биде смртната казна(и таму Бог нема сила за промени)
- духовноста и верувањето во нешто е наш личен избор
- Исусовите наследници ја користат верата за свои материјални цели
- итн,итн...(Исус би морал термин за прием кај нашите Црковни водачи прво да направи)
...резимето мислам дека не е потребно
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Не ми смета зборот као збор пошто и ја често го користам во секојдневна комуникација...во цитатот го има одговорот на кој начин "функционира" светата триада(отецот/синот/светиот дух) со оние кои му ги "откажуваат претплатите" да се изразам со модерен речник...
Не функционира така.
Прочитај Матеј 25 од 14 па натака.
Ти колку таланти спечали?

Талант =живот/смрт
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.687
Сине, ние сме само деца на новото време каде што боговите не судат за оние кои постојат низ вечноста, ами ги поддржуваат ако ја извршува човек својата чиста волја. Човекот не може да биде после или под боговите. Едноставно е. Нема дел од тебе што не е од боговите. Однесувај се така и ќе немаш мака. :)
После нас доаѓа друго време на оваа планета или dark orb... :)

„Мојот Пророк“ не зависи од мене каде е и чие место презема. Исус е пророк или бог? Ако е пророк како што велат и муслиманите (а и ти со овие компарации во врска со пророкот на Телема) тогаш нема враќање на веќе поминат еон, нема воскреснување, нема судење нема крај на светот... :)

Ние сме единствените што не велиме дека доаѓа „крај на светот“, „последни знаци“ и слични глупости. Тоа е дело на Црните и нивната догма - стравот од промена. Ние преку Телема велиме дека нема никој да биде спасен ниту воскреснат преку делата на друг, преку крвта на друг. Тоа е црна магија и не може да опстои и бесцелно се палат темјани кон погрешна месечина!
Се знае дека на Исток друг бог ќе седи кога за тоа ќе дојде времето... нема никој да биде променет. Се ќе биде како што е. Кармата како и природата не прави скокови, ама затоа е секогаш точна бидејќи следи закони кои не се кршливи. Боговите ќе паднат но законот не може.
Ништо страшно... битно е што до тогаш...

Исус нема да дојде за да ти ја собере вересијата, бидејќи не само што е тоа едно верување и надеж, туку и премногу време е поминато и премногу нови пророци појавено низ вековите (за кои знаеш, за многу од нив не знаеш)... сам си во тие води и веднаш отплаќаш уште додека ползиш по оваа планета за твоите погрешни чекори низ животот и нанадвор и навнатре. И тоа нема врска со богови и казнување, чиста физика.
Нема потреба од воскреснување, ова тело иако може да го сметаме како да е зандана, истото е и привремен апарат соодветен за оваа состојба или реалност тука... ако доволно знаеш за животот и смртта.
Или ти сметаш реално дека Исус, непрепознаениот месија на евреите, ќе дојде „од небесата“ и ќе воскреснат овие или оние и ќе има крај?

Тогаш ќе нема смисла ниту едно учење од истокот, заедно со херметичката традиција која е антика уште во времето кога се појавува Египет, а не пак христијанските догматици од IV век.... размисли пред да се препуштиш на романтизмот и толкување на библијата како нешто најблиско до твојот свет бидејќи си роден тука....

Реков дека ништо поразлично не си ми со ова толкување на христијанската света книга во обид да бидеш поголем христијанин од оној христијанин што е дел од црквата.
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Кој сум јас да ти ја уништувам надежта и верата? Ќе останеш без љубов ќе почне да беснееш...
Ќе дојде ајде и ќе те воскресне и крај на светот што го познаваш... вака ќе да е ок ако збориме нели? :) Сите христијани, светот ќе цвета...
Ги знаеме сите „ќе“ на христијанските догматичари... Ќе ова ќе она... а за мене „Ќе“ е идно време од лажам. Посебно ако тоа се развлекува како многу мало парче путер размачкано на огромно лепче...
  1. Светот напредува преку појавата на Христоси(гении).
  2. Христосите (гениите) се луѓе со над-свесност од највисок ред.
  3. Над-свесноста од највисок ред може да се постигне преку познати методи.
За првото.
Христос создава и уништува , алфа и омега, па колку и да мислите дека светот напредува, на крајот тој ќе биде срушен.Според тоа првата точка е неточна.

За второто.
Не треба да пропуштиш дека и понизноста им е од највисок ред.Ако стремиш со исказ на високото тогаш тоа не се христови гени.

За третото.
Да може САМО ако те роди жена, со методи да се постигне над свесност, не се христови гени.
Де не се тепајте џабе..., и двете кажувања немаат блага врска со Библијата. :coffee: :)

Ги знаеме сите „ќе“ на христијанските догматичари... Ќе ова ќе она... а за мене „Ќе“ е идно време од лажам. Посебно ако тоа се развлекува како многу мало парче путер размачкано на огромно лепче...
Не си во право, т.е. недовршен во исказот..., за тоа „ЌЕ“.
Да!, Исус ЌЕ дојде, меѓутоа суштински важно е РЕАЛИЗАЦИЈАТА на Планот Божји во историјата на Созданието, т.е Господ не создал, со Пророците(Старозаветната Црква) се најави да дојде, дојде, не спаси од смртта со Воскресението( Вечноста), кое секој човек може да го искуси на секоја Литургија уште СЕГА(значи не, ЌЕ), а тоа ЌЕ всушност се однесува на Второто доаѓање како исполнување(Полнота) на Планот Божји(Ветувањето, Заветот...).:)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.687
Де не се тепајте џабе..., и двете кажувања немаат блага врска со Библијата. :coffee: :)


Не си во право, т.е. недовршен во исказот..., за тоа „ЌЕ“.
Да!, Исус ЌЕ дојде, меѓутоа суштински важно е РЕАЛИЗАЦИЈАТА на Планот Божји во историјата на Созданието, т.е Господ не создал, со Пророците(Старозаветната Црква) се најави да дојде, дојде, не спаси од смртта со Воскресението( Вечноста), кое секој човек може да го искуси на секоја Литургија уште СЕГА(значи не, ЌЕ), а тоа ЌЕ всушност се однесува на Второто доаѓање како исполнување(Полнота) на Планот Божји(Ветувањето, Заветот...).:)
Си бил на литургија, се гледа „вдахновен“ си да го одбраниш доаѓањето... второ. Бидејќи првото е реалност. Нема што да прашуваме, црквата, историјата го има докажано тоа...

Да, секако... на „ЌЕ“ накалемувајте уште фрази и оправудвања и постојано големи букви. За да се најде оправдување ТИ да ми кажеш за Планот Божји! :)
Вчера на маса со боговите расправаше за нештата па зборуваш за реализација на нештата во светот... што те гледам чуден.

Планот, Создание, Господ, Пророци... тоа е тоа... а да и Црква. :) Тоа е тоа... ТАО!

А грчко-еврејската кованица Исус Христос (која покажува што со што е соединето) помина додека вие занесени со тоа ќе дојде, па ќе дојде... само времето да се погоди... бидејќи очекувате некој да ви ги реши гревовите.... Нека ти биде, не велам не, но зошто твојата реалност ми ја преставуваш како реалност на светот? Зошто христијанството ми го туркаш како реалност за сите... што правиме со другите? Исус и нив ќе ги реши, ќе се види вистината...? Немој.

Една еврејско искасапено учење сеуште голем дел од светот го стега во своите канџи преку цркви и проповеди за гревови и бедност... не е добро тоа, посебно што доаѓањето и олеснувањето и подобриот живот со векови е постојано со „ќе“... многу е, што е многу, многу е...
НЕ може така.

Нема второ доаѓање за човештвото (дали имало и прво или е само начин на иницијација?), помина тоа. ЌЕ е идно време од лажам. Може да проповедаш исто како и сите пред тебе и да веруваш, - таква ти е улогата. Но тоа да е реалност на Земјата, не е ... не е забрането да верува човекот и да има надеж. :)
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Не сме копии ама сме автентично создадени :D
И да има самосвесен кретор на све што постои тој би морал да подлежи на логика, затоа и тој напор луѓето од памтивек да се занимаваат со логика. Не треба да си супер интелигентен за да разбереш некои прости логични ствари.
Логиката кажува дека се што е направено нема автентичност само за себе, а богами ни за тој што го направил, од причина што само тој и постои.
Бог е беспочетен, без почеток и крај, Логиката не е надвор од Него, Самиот Тој е Надлогичен, Логос(Логосот, Логиката не е идеја, поим кој постои сам по себе)..., се што прави, креира е Логосно, кога ни вели дека сме Негов Лик, тоа е така, веќе ти посочив практичен пример со мене и тебе како, автентични, слободни, специфични..., на личносен план. Твоето интелигентно поимање е израз на безбожна философија, спекулативно рационалистичка базирана на антрополошка емпирија и контемплација, која лесно и од лично искуство можеме да согледаме дека е редукционистичка конструкција, просто не го задоволува човечкиот потенцијал, капацитет.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Постојано ти напоменувам дека телесно мудруваш....да дополнам за да биде појасно, праволиниски во смерот на времето.
...било тоа време, па сега ова време, за да дојде друго време, а со времето пророците и боговите.., ние сме во овој еон тие од стариот ...НЕ така!

Ако сакаш да духовно да мудруваш , крајот и почетокот соединиги, затоа не го разбираш Исус и што зборувал, за да го сватиш значењето на негово повторно доаѓање.

Да ги разгледаме нештата од неутрална страна, може?

Се согласуваш дека човек откако ќе излезе од утробата започнува со промени во својот живот, телесни и внатрешни - емотивни?

Да ги поделиме истите во 7 промени, од бебе до старец.Сите тие промени се линеарни во своето движење, 1,2 ,3 итн. не прескокнуваат.Така и во мислите тие се само минато сеќавање., старецот се сеќава на младоста, но младоста не може да се сети на староста бидејќи не ја доживеал.

Се разбираме до тука?

Ова се основните промени идентични за сите луѓе.Секоја друга промена како моментот кога човек е во утробата на мајката и доживувањето на смртта се дел од религии, верувања и филозофии.
Иако и овие 7 промени секоја засебно во духовна смисла застапува едно верување или филозофија.

Што е Исус?

Исус е умствена состојба која може да ја доживее секој човек , но само еден не повеќе доколку ги соедини двете спротивности од најлошто кое човек може да го направи од кое не му бега пеколот и најдоброто или дело од кое сигурно рајот го добива.
Термините пекол и рај се само во симболика каде човек страда за своите постапки и спротивност каде од своите постапки ќе биде награден.(не се фаќај за зборовите како ти што ги разбираш)

Тие спротивности се:
човек да изврши самоубиство и да спаси еден човечки живот губејќи го својот.

Со соединување на спротивностите си го избегнал кармичното повторно раѓање , душата не може со суд да се одреди каде да биде и излегуваш од играта.

Тие се границите од пеколот и рајот, помеѓу се оние седум промени кој циркулираат помеѓу животот и смртта, каде ниту на предходниот живот ќе се сеќаваат, ниту смртта ќе можат да ја раскажат, па за таа мана тие 7 промени се користат духовни состојби кој ќе ги пренесат на одредени луѓе само да го обележат своето постоење на земјата.Отука и поделби во верувањата и филозофиите.На пример, Тао како филозофија го отсликува бебето.

Се додека постои пишан религиски или духовен збор кој ќе повлече група верници да го следат, секогаш ќе се најде некој слеп и неук да ја достигне таа промена, а со тоа да го исполни во целост претскажувањето за нечие второ доаѓање.

Иако не се свесни дека лично сатаната ја обожаваат и по некоја случајност може да ја донесат во светот.
Името се менувало постојано, сега е со Исус.

Дали ќе дојде?
Неизбежно е, зборот негов уште одѕвонува во ушите на верниците.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Нека ти биде, не велам не, но зошто твојата реалност ми ја преставуваш како реалност на светот?
Што има спорно моето искуство, разбирање, ако сакаш и “онадење“, глупирање..., што и да е го ставам јавно на проценка, кој како сака нека го цени, разбира..., слободно, едноставно сакам да го споделам?!
А и ти твојата реалност ја пласираш кај стигнеш, ај прашај се?!:misticen:

„ЌЕ-то“ прилично разбирливо ти го објаснив, за да препрашуваш..., модератор си, не се прај трол :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.687
Христијанин си? Бидејќи ако не си, секташки го толкуваш Исус. Луди се

И не мора да велиш дека некој е неук или слеп... прави како што велат писанијата за Исус: гледај си гредата во твоите очи.

Тоа што имаш одбивност да бидеш во група и мислиш дека си просветлен со бегање да не бидеш дел од црквата на Христос и да си ги толкуваш нештата како што ги толкуваше на една тема, е твој проблем што не може да биде камен темелник за да велиш како другите што имаат методи за постигнување се неуки.
Неукоста доаѓа од мрзливост и неспособност. Непознавање на нештата. Затоа измислување свои приказни за веќе познати работи.

Сатана, Исус тоа го има во христијанството. Тоа се потребни симболи за да опстои „ќе дојдам“ и „последните знаци“ за крајот. Се додека смртта и животот ги гледаш преку христијанската догма, да, така е како што зборуваш. Нема да се сеќаваш на ништо, нема да знаеш што било и како понатаму. Тоа си е твоја работа. :)

До сега какви знаци имало за крај... колку луѓе изгореле заради тоа... страшно е.

Пак бебиња и старци, не можам... па Откровение, како визија која е мистична и ако ја толкуваш било како секако ја кажуваш „вистината“. Друго се 7те цркви во Азија, и за тоа имам зборувано на блогот,...

Пак оправдувања за библијата. Не може така. Едноставно невалидно е се што е запишано во новиот завет денес. Нормално дел од етиката и моралот опстанувата бидејќи не може нешто што е човечко да биде избришано дури и да доаѓа од догматските писанија на христијанските и исламски книги и философии.
Толку е. Мислам, не го гледате светот? Знам дека ви изгледа како „знаците за крај“, ќе доаѓа Христос...

Не доаѓа. Уживајте и зграпчете го животот со двете раце и бидете најдоброто во овој живот, до каде ви е чергата. :)

Колку пати да ви каже човек дека никој нема да дојде да ве спаси од вас самите освен вие тоа ако не го направите? Земајте си крстот, направете го пентаграм, хексаграм, коцка... што сакате и решете си ја мистеријата на животот!
Автоматски споено мислење:

Де не се тепајте џабе..., и двете кажувања немаат блага врска со Библијата. :coffee: :)
Дури и христијанскиот поп ти вели дека блага врска немаш со неговата света книга и како ја толкуваш.
Читај малку...

И биди дел од стадото, не вака..
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Дури и христијанскиот поп ти вели дека блага врска немаш со неговата света книга и како ја толкуваш.
Читај малку...
[/QUOTE]
Не се изземај од незнаењето преку другарчето, не е убаво:gjavol:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.687
Не се изземај од незнаењето преку другарчето, не е убаво:gjavol:
Незнаење е бидејќи не ја проповедам како тебе догмата дека „Ќе дојде“ Исус? :)
Црквата бааги ви дава гордост како попови да „знаете најдобро преку верување“.

Не е христијански ова сега, ама па Христос ќе има што да спасува кога „ќе дојде“ нели... ако си згрешил, мислам и имаш гревови. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom