Сине, ти не ги знаеш методите ниту херметичките школи... неписмен си за тие работи бидејќи за тоа имаш одбивност и тоа е во ред, не секој е повикан да сака да ги изучува и практикува тие нешта, да ги знае... .нема лошо во тоа. Секој сам го чувстува внатрешниот повик кон овие работи.
ТИ сакаш да си ги толкуваш нештата како ти е ќеф без да се заморуваш премногу... зборувавме за ова претходно.
Библијата ако ми ја толкуваш и ги обвинуваш другите христијани дека не разбираат добро - не си ништо подобар од нив.
Обичен христијанин изгубен во мноштвото други.
Од небото доаѓа човечкиот дух? Или „небо“ е некој симбол? Сигурно ти е симбол некој, можеби ќе извадиш сликица од некоја алхемиска книга? Може?
Неточно е дека доаѓаш живееш и искуството стекнато е бесцелно.... не си запознаен со херметичките науки затоа се ти е магла... и тоа е нешто. Маглата има влага
Новото „небо“ е тука. Крајот дојде и помина. Исус не доаѓа, заборави на тие муабети... ниту тогаш за кога било ветено доаѓање на „царство“ ниту сега, ниту по нас... Цартсвото на Земјата е Човештвото.
Преку тој симбол (еврејскиот концепт на месија) не може да се напредува повеќе. Сонцето не умира! Знаеме дека само сенката на Земјата лажно ни го преставува тоа „умирање“ и „воскреснување“. Бидете сонца и ќе видите дека се околу вас е огромната NOX.
Човештвото не е тоа што беше. И ова ќе помине и друг бог ќе седи на Истокот. Како не разбирате дека нештата постојано се менуваат?
Но на Истокот нема да се постави пак тројство кое што преминува во единство како христијанскиот или исламскиот концепт (и двата се блиски до старите учења, но мора така). Тоа заврши... зарем не гледате? Зошто постојано бараш да се навраќаме на христијанските школи? Што со тоа? Бидејќи ти ги толкуваш и тоа е сега вистината за нас? Полека...
Што не е јасно?
Зошто не можете да излезете од матрицата на библијата и да ја гледате само како фаза?
Зошто сеуште се повикуваш на христијанската света книга? Бидејќи си на темата не е оправдување... ти се држиш то тие текстови и им даваш твои толкувања бидејќи не ти чинат свештениците и црквата во Македонија или МПЦ-ОА... ништо не правиш со тоа.
Нема повеќе практична примена сето тоа... освен надеж за бедните по дух... кои треба да им се укаже дека не се бедни по дух, туку друг ги прави такви за да има смислата на сите тие догматски учења! Доста е. Направете од вашите браќа и сестри вистински воини не да ги тешите со „ќе биде подобро“! „Ќе биде“ не оди повеќе... кармата дејствува сега.
Враќање на месија кој што ќе распнува, ќе казнува, ќе воскреснува и ќе биде крај на светот - не постои, лага е, измислица и има малку дел од постари учења кои биле преземени од гностиците а тие од други учења од истокот.
Се додека секташки ги толкуваш старите учења - нема што да те разберам, обичен христијанин си што не сака да е дел од црквата и ги обвинува другите христијани како не разбираат само тој разбира. А нели Исус не оди без црква, тоа му е невестата