Постојано ти напоменувам дека телесно мудруваш....да дополнам за да биде појасно, праволиниски во смерот на времето.
...било тоа време, па сега ова време, за да дојде друго време, а со времето пророците и боговите.., ние сме во овој еон тие од стариот ...НЕ така!
Ако сакаш да духовно да мудруваш , крајот и почетокот соединиги, затоа не го разбираш Исус и што зборувал, за да го сватиш значењето на негово повторно доаѓање.
Да ги разгледаме нештата од неутрална страна, може?
Се согласуваш дека човек откако ќе излезе од утробата започнува со промени во својот живот, телесни и внатрешни - емотивни?
Да ги поделиме истите во 7 промени, од бебе до старец.Сите тие промени се линеарни во своето движење, 1,2 ,3 итн. не прескокнуваат.Така и во мислите тие се само минато сеќавање., старецот се сеќава на младоста, но младоста не може да се сети на староста бидејќи не ја доживеал.
Се разбираме до тука?
Ова се основните промени идентични за сите луѓе.Секоја друга промена како моментот кога човек е во утробата на мајката и доживувањето на смртта се дел од религии, верувања и филозофии.
Иако и овие 7 промени секоја засебно во духовна смисла застапува едно верување или филозофија.
Што е Исус?
Исус е умствена состојба која може да ја доживее секој човек , но само еден не повеќе доколку ги соедини двете спротивности од најлошто кое човек може да го направи од кое не му бега пеколот и најдоброто или дело од кое сигурно рајот го добива.
Термините пекол и рај се само во симболика каде човек страда за своите постапки и спротивност каде од своите постапки ќе биде награден.(не се фаќај за зборовите како ти што ги разбираш)
Тие спротивности се:
човек да изврши самоубиство и да спаси еден човечки живот губејќи го својот.
Со соединување на спротивностите си го избегнал кармичното повторно раѓање , душата не може со суд да се одреди каде да биде и излегуваш од играта.
Тие се границите од пеколот и рајот, помеѓу се оние седум промени кој циркулираат помеѓу животот и смртта, каде ниту на предходниот живот ќе се сеќаваат, ниту смртта ќе можат да ја раскажат, па за таа мана тие 7 промени се користат духовни состојби кој ќе ги пренесат на одредени луѓе само да го обележат своето постоење на земјата.Отука и поделби во верувањата и филозофиите.На пример, Тао како филозофија го отсликува бебето.
Се додека постои пишан религиски или духовен збор кој ќе повлече група верници да го следат, секогаш ќе се најде некој слеп и неук да ја достигне таа промена, а со тоа да го исполни во целост претскажувањето за нечие второ доаѓање.
Иако не се свесни дека лично сатаната ја обожаваат и по некоја случајност може да ја донесат во светот.
Името се менувало постојано, сега е со Исус.
Дали ќе дојде?
Неизбежно е, зборот негов уште одѕвонува во ушите на верниците.