Дали Исус Христос ќе дојде по втор пат?

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
...тоа ти е нешто во правец „Тито е мртов,да живее Тито!„ :D
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.508
Исус е во секој еден од нас. Покајте се додека има време и ќе бидите примени во небесното царство Господово!
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.556
Поени од реакции
8.386
Mojov mozok nema kapacitet za da gi razbere site vasi filozofiranja, znaenja steknati od citanje i drndrn...no, ova nemozam nikako da go skontam, kako moze JAS da bidam Isus...u nekoe vreme, neli :confused:
Твојот мозок е програмиран да ги класифицира како дрндрн и до тука.
Уствари можеш ли да одговориш која си ти?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.515
Поени од реакции
9.412
Има, обично ги исмеваме, третираме како будали, отишле со бродче да спечуваат ловење на делфини, китови, место да поработат у теретана повеќе на своето тело за да може да ебнат појаки примероци, ко од порничите. :)
Секој својот живот го упропастува онака како што мисли дека е најдобро.

Твојот мозок е програмиран да ги класифицира како дрндрн и до тука.
Уствари можеш ли да одговориш која си ти?
Која сум ЈАС?
Прашање над сите прашања, колку и да ти набројувам што се сум јас, одговорот нема да биде потполен, вистината нема да биде задоволена...јас сум нешто повеќе одколку што умот може да разбере.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.556
Поени од реакции
8.386
Која сум ЈАС?
Прашање над сите прашања, колку и да ти набројувам што се сум јас, одговорот нема да биде потполен, вистината нема да биде задоволена...јас сум нешто повеќе одколку што умот може да разбере.
Како бараш од умот да разбере кој е Исус тогаш?
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
72
Поени од реакции
83
Религија, црква, библија..се е тоа човечка творба. Библијата е книга, значи човек ја напишал. Религија имало и пред Исус.

Религија = духовност.
Црква = контрола, потчинетост пред "семоќниот", страв од гревови, man in black.

Никој, ниту науката ниту религијата не успеале да го дефинираат господ до денешен ден. Ако некој во тоа успее, тогаш ја нашол тајната на универзумот. Нашиот мозок не е спремен, нема капацитет да дојде до тој одговор. Како што ние ги сметаме животните за "лимитирани", некој нас луѓето исто не смета за такви. Ако господ е креатор на универзумот, тогаш ние сме само пареа во воздухот за него.

Затоа, сето она што се пропагира во религиите треба да се гледа како локално нешто. Нешто што доаѓа од оваа земја планета. Сами сме си го створиле, сами треба да излеземе од тоа. Дури така треба да се гледа и на науката. За 2000 години, може ќе се смееме на науката и ќе веруваме во нешто друго. Или ќе станеме тотално атеисти и нема да веруваме ни во наука ни во религија.

Како обичен човек, треба да знеш што функционира за тебе лично. Ако отидеш во црква и запалиш свеќа, се помолиш, ако тоа ти прави да се чуствуваш посилно, ти дава воља за живот, тогаш тоа е тоа, продолжи. Ако сметаш дека подобро е да се свртиш кон некои метафизички науки и да ја игнорираш црквата, тогаш тоа е тоа. Што те прави среќен. Секој треба да се пронајде себеси.

Второто доаѓање на Исус ќе биде во сите нас, со промена на размислување, промена на енергетското поле.. но како и сите работи, луѓето ќе го извадат најлошото и од ова. Да видиме..
 
...значи сметаш дека ограниченоста на човечкиот ментален и духовен капацитет не е доволен за апсорбирање на Исусовата мисија?
...зошто тогаш неговиот татко не направил несовршени и неспремни за истата?
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.476
Поени од реакции
1.050
Второто доаѓање на Исус ќе биде во сите нас, со промена на размислување, промена на енергетското поле.. но како и сите работи, луѓето ќе го извадат најлошото и од ова. Да видиме..
Тресење глупости!

Колку сперматозоиди ја оплодуваат јајце клетката?

Ако ова не го разбра може следново ќе го разбереш.
"Секое царство поделено на две, пропаѓа!

Ова што го кажуваш е фантазија.Гледам според лајковоти фантазери имало многу!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.583
Поени од реакции
11.597
"
  1. Светот напредува преку појавата на Христоси(гении).
  2. Христосите (гениите) се луѓе со над-свесност од највисок ред.
  3. Над-свесноста од највисок ред може да се постигне преку познати методи.
Оттука, применувајќи ја квинтесенцијата од познатите методи правиме светот да напредува.
....
Човекот како ограничено суштество е неспособен да го сфати неограниченото.
Комуникацијата со неограничено суштество (вистинско или лажно) не го менува овој факт.
Оттука студентот нека и се спротивстави на секоја визија и одбие да ужива во неа; првин поради тоа што секако е можна друга визија, од сосем спротивна природа; второ, бидејќи иако е Бог, тој е сепак човек на една безначајна планета.

Вака урамотежен странично и вертикално, може да се случи да, или преку потврдување или преку одрекување на сите овие работи заедно, го постигне врвниот транс."

- Дописници до Искушениците, Еквинокс Том.I, Бр.2

Проблемот денес е што поединецот ја чувстува новата струја, дека тој е центар на универзумот и дека се е игра и искуство (има повредувања, но и тоа е дел од учењето и искуството, како децата)... но не знае или не сака да разбере дека е само еден од многуте центри во бесконечноста, центар во својот универзум.

Гледајќи се како центар, тој мисли дека не постои подобро од него, тој смета дека е предодреден да биде најдоброто (тоа и не е лага, но важи само за неговиот универзум и неговиот труд за да го постигне тоа), тој е сам свој пророк, свештеник, Христос.
И многу такви луѓе кои површно се интересираат за религиите и духовните учења се убедени дека Христоси нема. Пророци нема. Светот не се менува. Религиите не се менуваат. Праксите не се менуваат.

Некои (дури и на форумов ги имав сретнато) се убедени дека тие се просветлени, дека го разбираат законот по кој се менува универзумот, мислат дека бидејќи во нивниот универзум имаат патека и дека таа патека е онаа на служењето, на иницијацијата...
Не е така.

После Мухамед, сите пророци се тајни! Дури и последниот познат Пророк кои вие го знаете како Кроули - не е Кроули. :)
Тоа се мистерии кои не може туку така да се кажат, потребно е поединецот да има одредено искуство, знаење, познавање на симболите и учењата кои се тркалаат низ човештвото од времето на Египет, а и порано ...
Сето тоа не е исчезнато, само е тргнато настрана од видокругот на човекот кој што ита низ животот без да застане за момент и да се запраша: има ли Гении на Земјата кои го управуваат Човештвото со нивниот Збор? :)

Муабетот ми е дека Христоси и Гении доаѓаат и си одат и никогаш не се наменети за мноштвото.
Бидјеќи идејата е „макар еден човек во даден момент да разбере, добро е“ ништо повеќе... догмите ќе мора да останат зад нас, за жал на некои, но кога гледаме дека нештото не функцинира и води кон поделби - зошто ни е?

А Христосите или Месии или Пророци се за тоа - за обединување на човештвото, инаку се бесцелни нивните дејствувања.

Денес поединецот е премногу надуван со себе си бидејќи како што реков чувстува дека е бог, но не сака да работи врз храмот кој што го населува тој бог... ќе зборува површно за нештата бидејќи несвесно е бомбардиран со 2 религии тука, секој ден и сето тоа му е измешано и гради свои кули од карти, без реално истражување на работите.

Затоа дали Христос ќе дојде по втор пат - нема да знаете никогаш бидејќи нештата се тајни. И нема ништо лошо во тоа... кармата не го испушта никој од вид ниту од својата канџа!
Тој што ќе вреска дека „ова е Христос“ баталете - нема да воскреснете, само ќе бидете одвлечкани во заблуда. :)

P.S. Дури и @Tyrael го прочита текстов и ја разбира универзалната шега :)
 
Последно уредено:

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.556
Поени од реакции
8.386
Денес поединецот е премногу надуван со себе си бидејќи како што реков чувстува дека е бог
Надуван е секој, некој позитивно некој негативно, и тука доаѓа Зен откровението како објаснување. Самиот факт дека светецот и лоповот се исти, и дека нема ништо свето во светецот како што нема ништо несвето во крадењето е објаснување на секое дување.
Еве и една приказна во таа насока
The monk and the prostitute
 
Последно уредено:

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Религија, црква, библија..се е тоа човечка творба. Библијата е книга, значи човек ја напишал. Религија имало и пред Исус.

Религија = духовност.
Црква = контрола, потчинетост пред "семоќниот", страв од гревови, man in black.
Исус Самиот се декларира за Креатор на Црквата, преку која човекот ќе има можност конкретно да се спасува во оваа историја. Контрадикторно е да го чекаш Исус а да Го негираш Неговото Дело, што мислиш?
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.556
Поени од реакции
8.386
Исус Самиот се декларира за Креатор на Црквата, преку која човекот ќе има можност конкретно да се спасува во оваа историја. Контрадикторно е да го чекаш Исус а да Го негираш Неговото Дело, што мислиш?
Jesus said, "If your leaders say to you, 'Look, the (Father's) kingdom is in the sky,' then the birds of the sky will precede you. If they say to you, 'It is in the sea,' then the fish will precede you. Rather, the (Father's) kingdom is within you and it is outside you.

When you know yourselves, then you will be known, and you will understand that you are children of the living Father. But if you do not know yourselves, then you live in poverty, and you are the poverty."
Твое лично мислење за евангелиево ако сакаш, ама не мешај црква, биди искрен.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Светот напредува преку појавата на Христоси(гении).....
Класично релативизирање на Христос како конкретна Личност Кој направил се што постои и да постои....

Затоа дали Христос ќе дојде по втор пат - нема да знаете никогаш
Тој што ќе вреска дека „ова е Христос“ баталете - нема да воскреснете, само ќе бидете одвлечкани во заблуда. :)
Христос ќе дојде Втор пат и сите ќе не воскресне, тоа е Неговото Дело, Радосната вест за сите нас! Без Воскресение т.е без Вечен Живот се' друго е заблуда, бесмислено...(y) :love:
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.358
Поени од реакции
19.190
Чека да престане да врне,па ке се врати.

Какфи глупости има у овуј тему.
Џабе верглате, господ како што декларираф ваши религие, не постои.
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Jesus said, "If your leaders say to you, 'Look, the (Father's) kingdom is in the sky,' then the birds of the sky will precede you. If they say to you, 'It is in the sea,' then the fish will precede you. Rather, the (Father's) kingdom is within you and it is outside you.

When you know yourselves, then you will be known, and you will understand that you are children of the living Father. But if you do not know yourselves, then you live in poverty, and you are the poverty."
Твое лично мислење за евангелиево ако сакаш, ама не мешај црква, биди искрен.
Да “не мешам“ Црква=Исус е апсурд, иманентно е.

Ова Евангелие е апокрифно, не е влезено во Канонот на Библијата, и е од гностички автори, кои се сметаат за еретици во Црквата, луѓе кои не го познаваат Исусовот учење автентично, нив ги разобличува во првите векови уште св. Иринеј Лионски...
Ние како теолози ги користиме секако во оние делови кои се автентични кои можат да дадат извесно “инфо“, но ги отфрламе како целина бидејќи се гностички.
Конкретно цитатот има таков карактер, ние преку Исус се идентификуваме и познаваме себеси(интроспективно) и другите, а не во некаква самозатворена, езотерична интроспкеција која води во „ништавило“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom