Далечината е добар тест за една врска. Така секој од двајцата добива можност да види дали вистина не може да живее без другиот, или интересно и забавно си го пополнува времето, многу поквалитетно отколку пред тоа. Ако во врската веќе се подоладиле чувствата, а останало другарство (немало кавги, недоразбирања), тогаш маскираниот недостиг на љубов си излегува на видело, па тогаш далеку од очите е и далеку од срцето.
Но, ако врската навистина е заснована на љубов, таква за каква се сонува цел живот, вистинска, тогаш далечината секој ден прави се повеќе и повеќе да се сакате. Пропорционално со растечката празнина која ништо не може да ја исполни ниту надомести, расте и љубовта.