ДНК тест за татковство

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Остај тој муабет ти дечко, овој 27 годишен дечко што се има видено, you'll shit bricks.
со оглед дека немаш напишано - можам само да си претпоставувам. а со оглед дека ништо не знам да си претпоставам, значи ништо немаш видено?

Епа Наташа ти не си одбрала вол за маж:)
вол - ради роговите? :)
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Што има врска тоа шо имам отворено тема, кога на истата немам ниту еден произволен коментар, ниту осуда, ниту прифаќање...
Конкретно за мојот коментар на темава, јас си се познавам себе си како личност и знам дека никогаш, ама никогаш нема да направам такво нешто и оттаму си земам за право да имам таков став и да ме навредува нечија недоверба, посебно кога се работи за најсвето нешто - дете. Не би направила од повеќе причини, али водечката би ми била иднината на детето и хаосот што ќе му го направам во животот кога ќе се открие цела работа.
Не сакав тебе лично да те внесам со тоа што ти ја кажав темата, сакав само да те потсетам какви не работи се случуваат.
Супер што се знаеш, се знаеме сите, ама не гледам причина ако си се познаваме тоа и да не го докажеме. Ме сопира полиција со кола, не сум ставила капка алкохол..со рака на половина и со осмев ќе дувам да докажам дека не сум пијана (иако ме навредува што мисли полицаецот јас сум алкохоличар), а ако сум крива, ќе поставувам прашања, подпрашања море и ќе се скарам! Доказот смирува.

Ти имаш родено деца,без тест,па уште ти веруваат,нели?
Епа Наташа ти не си одбрала вол за маж:)
без увреди ништо лично
Не, ми нема побарано, но ако...нема проблем. Се си бива, зошто пак да не му докажам дека сепак треба уште повеќе да ја зацврсти довербата? Или треба да му кажам мрш бе, па после да вика „Еве се спротивставува значи нешто крие„
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Наташа, по мене бракот се заснова на доверба. Дали тоа значи дека јас треба да ги барам сите сметки за платена рата за кредит или да му верувам кога усно ќе ме информира дека го подмирил долгот?
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Наташа, по мене бракот се заснова на доверба. Дали тоа значи дека јас треба да ги барам сите сметки за платена рата за кредит или да му верувам кога усно ќе ме информира дека го подмирил долгот?
Драга, сите го засноваме бракот на доверба, но сепак се случуваат порано или покасно пиздарии (не кај сите, но за жал доволно)
Има една германска изрека вели вака: Довербата е добра, но контролата уште подобра.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не, ми нема побарано, но ако...нема проблем. Се си бива, зошто пак да не му докажам дека сепак треба уште повеќе да ја зацврсти довербата? Или треба да му кажам мрш бе, па после да вика „Еве се спротивставува значи нешто крие„
Зарем треба довербата на писмено да ја градиме?
И примерот со полицаецот ми да ја долови поентата.Едно е да докажувам на трето лице,со докази,факти,аргументи,а друго е на човекот кој го бирам за маж.Замисли што ќе се случи,ако за се се докажуваме и си го мериме,па тоа ќе биде бојно поле,а не брак:)

Зоштоо ако ти побара доказ за прво дете,не би ти побарал и за второ?
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Зарем треба довербата на писмено да ја градиме?
И примерот со полицаецот ми да ја долови поентата.Едно е да докажувам на трето лице,со докази,факти,аргументи,а друго е на човекот кој го бирам за маж.Замисли што ќе се случи,ако за се се докажуваме и си го мериме,па тоа ќе биде бојно поле,а не брак:)
Детето не е ситница. Гледано од машка страна потполно ги разбирам.

Зоштоо ако ти побара доказ за прво дете,не би ти побарал и за второ?
Се збори за сите, не за прво, трето и петто (шесто неможам толку да родам :)) ) А и кошта многу пари, па ке му скисне :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Детето не е ситница. Гледано од машка страна потполно ги разбирам.

Се збори за сите, не за прво, трето и петто (шесто неможам толку да родам :)) ) А и кошта многу пари, па ке му скисне :)
Абе лесно е да ги разбираш кога немаш таков до себе,тешко е кога ќе ти го плеснат у фаца :smir:
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Абе лесно е да ги разбираш кога немаш таков до себе,тешко е кога ќе ти го плеснат у фаца :smir:
Нема да биде тешко дека го оправдувам. Значи нема да правам Касандра драма, туку едноставно ќе му го направам кејфот.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нема да биде тешко дека го оправдувам. Значи нема да правам Касандра драма, туку едноставно ќе му го направам кејфот.

На сите теми се сведува,дека за да биде нешто добро треба кеифот да им го правиш.Де за ова попушти,де за она во нормала,де она во граници за да не се налути и на крај пак ти курва.
Туку постилај кебето,доста беше ќефои на мажи:pos2:
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Уствари може да се договориме за тест за татковство, ама како што ми е пројавена недоверба, истата и ќе ја вратам. Тест ќе добие во оној момент кога ќе приложи доказ дека нема дете со некоја друга.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Или кога ќе докаже дека човекот настанал од мајмун.
 

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Уствари може да се договориме за тест за татковство, ама како што ми е пројавена недоверба, истата и ќе ја вратам. Тест ќе добие во оној момент кога ќе приложи доказ дека нема дете со некоја друга.
како се прави таков тест кој ќе потврди дека немам дете со други?


има ли таков тест и за жени, затоа што јас знам една што имаше ќерка, ја даде во битола на посвојување, па сега има 2 сина со мажот и. мислам дека тој знае, но не е ни битно. тестовиве не ти се споредливи.


бајдавеј, дали си се замислила некогаш дека може да ти го сменат детето, па и ти да бараш таков тест? мене тоа поопасно ми е. иако си останувам на ставот дека таткото (и мајката) ќе си го познае детето ако е негово.
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
262
Ако го сменат детето, тогаш бараш тест од друга причина, не од недоверба меѓу партнери.
Не знам каков би бил тој тест, ама знам дека исто колку него сакам да се заштитам од стресови во иднина кога некој би ми потропал на врата со дете и кога би морала да делам од сопствените деца да би платиле негово издржување.

Сакам да ја потенцирам недовербата со примериве и да кажам дека колку што може жената да биде расипана и да "вметне" туѓо дете и да го изобличи животот на семејството, исто толку тоа може да го направи и мажот на сосема поинаков начин. Но, жените за таа ситуација не бараат никаква писмена понуда, туку едноставно оставаат на совеста на партнерот.
 
P

Princ

Гостин
Разликата е во тоа што маж би го побарал тоа пред се за утврдување дека тоа дете е навистина негово (не од недоверба према жената... ако се почнува со недоверба и неверства.. не ни треба да се почне), на документ онака, како што претходно реков дека чуството на ТВОЕ дете е премногу силно, па како што една мајка сака НЕЈЗИНО дете, со сите можни опипливи докази, во спротивно нека и плати на некоја да роди дете за нејзе, или нека посвои, што се замара со трудноќа, па жив трошок, па ти се повраќа, па ти се прди, па не се погодува, па требало често секс а тоа глава боли ли боли... дај и на некоја пари, ти сепак имаш дете... Работата е тоа дете да е ТВОЕ. Мајката знае дека е нејзино, несомнено. Дозволете му и на таткото да знае дека е негово, несомнено. Крај на приказната.

Твојот пример е веќе недоверба во партнерот и содржи доза на себичност. Значи тебе не ти менува ништо ако он има дете со друга, апсолутно ништо, затоашто сепак он има ДРУГО дете со ДРУГА, ти не се вклопуваш никаде во приказнава, освен
а) неверството што го направил
б) делењето трошоци :)))))
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Ја имам прашано, сериозна работа е тоа за мене... и има прифатено. Затоа и ќе ми стане жена, нели.
И за секоја бременост на жена ти ке правите ДНК тестирање (700 еур чини во МАНУ).
Побогу човече зошто да земаш некоја за жена ако немаш доверба во неа. Зар татко ми и татко ти се сомневале на овој начин во нашите мајки и ги носеле тестови да прават.
Ај жити се не забегувај со главата поарно за тебе да не се замараш на тој начин.

Разликата е во тоа што маж би го побарал тоа пред се за утврдување дека тоа дете е навистина негово (не од недоверба према жената... ако се почнува со недоверба и неверства.. не ни треба да се почне), на документ онака, како што претходно реков дека чуството на ТВОЕ дете е премногу силно, па како што една мајка сака НЕЈЗИНО дете, со сите можни опипливи докази, во спротивно нека и плати на некоја да роди дете за нејзе, или нека посвои, што се замара со трудноќа, па жив трошок, па ти се повраќа, па ти се прди, па не се погодува, па требало често секс а тоа глава боли ли боли... дај и на некоја пари, ти сепак имаш дете... Работата е тоа дете да е ТВОЕ. Мајката знае дека е нејзино, несомнено. Дозволете му и на таткото да знае дека е негово, несомнено. Крај на приказната.
Не ви ја сваќам поентата зошто да се бара ДНК тест ако не се сомневаш во верноста на партнерката.

Ако тој побара од мене да правиме ДНК како што вели Наташа нема противење зашто сомнежот ке се зголеми одиме и го правиме тестот, но суштината е во тоа дека тој некогаш се посомневал во мојата верност кон него.

Барањето ДНК тест за докажување на татковство е резултат на несигурност во партнерот и резултат на сомнеж.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom