ДНК тест за татковство

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
ДНК, а зошто? Сомнежи? Па ако гледаме од спротивната страна треба ЦСИ екипата да работи секојдневно и на траги на пенисот на мажот од други жени... Толку сомнежи...не е на арно.
днк тестови-недостаток на доверба. зарем не и веруваш на својата жена, па ако не и верувам воопшто не ја зимам за жена...
од друга гледна точка и ги оправдувам, нели е можно на пример жената да била со некој друг тип вие сте немале односи 1-2 месеци и сеа наеднаш она е бремена...и сеа ој убеди се дека она не била со некој само со нејзини зборови...секогаш ќе ти стои таа сумља макар и да се докаже дека е твое...
Да де, сомнеж е во прашање. Што е тука толку чудно или неприфатливо?
За да се зачне дете и тоа да се роди потребни се девет месеци. Ако претходно парот се дружи 2-3 месеци, заедно се една година. Добро, секоја врска се разликува во однос на тоа колку често се двајцата заедно,дали се гледаат само за викенд или скоро секој ден, дали врската се сведува само на физичка привлечност или се продлабочила и т.н.
И наеднаш бременост. Кај нас најчесто има два начина да се реши работата. Првиот е формирање семејство (по можност брак, свадба) или предвремено и насилно отстранување на „туѓото тело“ од женскиот организам.
Не станува секогаш збор за успешни долгогодишни врски чија логична завршница претставува среќен брак со едно или повеќе деца.
Денес таквите врски и не се толку чести. Динамичен живот, отворено општество, нарушени семејни вредности. Се е релативно, па и довербата. И не е во прашање неверство, туку дете кое треба да се одгледува, воспитува и сака цел живот. Подобро е да се направи тоа на почетокот отколку таткото цел живот да се сомнева околу своето учество во креацијата на индивидуата што ја воспитува (а тоа за беља, само се метнало малку повеќе на мајката :vozbud:).
Башка, ДНК тестот си има и позитивни страни. На пример бел брачен пар раѓа црно дете. Со тестот е потврдено татковството на сопругот, а црниот ген бил последица на некаква авантура на мајката или бабата на невестата, кој се манифестирал една-две генерации подоцна. Кога би го немало ДНК тестот во случајов не би имало среќна завршница.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.784
Поени од реакции
12.255
Башка, ДНК тестот си има и позитивни страни. На пример бел брачен пар раѓа црно дете.
Лоша работа ова, посебно за балканиве каде немало црнци :pos2:

Сабазиј, што се однесува до сомнежот, ако размислуваме на тој начин подобро е да не ни стапуваме во врска туку да функционираме како фриленсери, слободни стрелци.
Ако се сомневаме тогаш што со таа врска која ќе се трансформира во брак? Сомнежот ќе остане. Што понатаму, дали сопругата не би требало да оди на работа, на пазар, во продавница, дали не смее да погледне некого, дали на мсн или чат смее да комуницира-јас тоа лично во семејството не го бранам-немам потреба...

Затоа што не е само зачнување. И без зачнување се вршат прељуби. Ако е врската или бракот со сомнежи, многу тешко истиот ќе опстои подолго време. Тоа веќе ќе премине во љубомора (а можеби и двете чувства се измешани), па болна љубомора, па ...ќе дојде или до развод или до физички и психички малтретирања помеѓу двете лица (весниците се полни со такви случаи).

Од тој аспект никогаш не сум имал проблем со семејството, а сум отсуствувал и по месец дена во сосем други држави. Но довербата која ја имаат кон мене не мислам да ја уништам.
А за тоа дека има се поголема слобода, има. Но тоа не е случај со сите па така ќе се најде соодветна личност, затоа и не се брза многу при вакви постојани врски, склучувања брак, заеднички живот...

А и Македонија е мала, доволно е човек да воздивне па да се дознае се за него, ако малку се сака :smir:
 
Член од
22 јуни 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
здраво на сите,намерно барав форум на ваква тема за да прашам нешто.Не се многу многу разбирам во врска со темата ама еве ме интересира јас имам 22 години,мајка ми има 56 години а татко ми умре на 86 години односно кога јас имав 16 години (2006 година) тој е роден 1920та а имам дедо помлад од него и сеуште е жив,арно ама многу многу не се замарав со тоа дали ми е тој биолошки татко или не,секако тогаш и не ми беше многу битно,едноставно немав време да мислам на такви работи,само се секавам дека секогаш кога ке шетав со татко ми сите што го познаваа го прашуваа,внуката ли е ова?,тоа често се случуваше пошто учев настрана и ретко доагав во мојот роден крај,арно ама со текот на времето има моменти кога дечко ми ми вели нема шанса тој да ти е татко ова она,не може човек на 69 години да оплоди жена тоа медицината го кажува и слично,и сеа ме насочи да сумњам во тоа,вие што мислете дали е тоа можно,човек на 69 години да остави жена трудна и ако не е,тогаш кажете ми дали днк-то може да потврди кој ми е татко тој ако евентуално не е,пошто едноставно не знам,сум гледала многу пати во филмови како днк-то демек кажува дека да речеме дека тој не е татко и кој му е всушност татко на детето плс хелп:unsure:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
sto ako tvojot '' sin'' e na tvojot tatko? kakva ke bide dnk analizata?

ako tatkoto i sinot imat ista dnk?
togas nemat li i sinot i dedoto ista dnk?
kako se vrsi ispituvanje ne mi e jasno?
od edno pokolenie site li imat ista dnk?
Секој човек има различна ДНК, како што не може да има двајца со исти отпечатоци на прсти, така ни под разно не може да има две личности со иста ДНК. И да ако дедото е татко ќе се дознае и тоа на многу лесен начин. Тестот за ДНК е точен 99.99%, а сродството се открива преку големината на нишките на самата ДНК ( човековата ДНК има 12 нишки).
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Да
Не е на
Комшијата тест ... Па мислам ако си со некоја долго време, а на крајот кога ќе затрудни правиш Днк тест, ондах си кретеноид од широки размери. Кој му е татко, ќе му биде најмалиот проблем на тоа дете ако брачните партнери немаат меѓусебна доверба. А днк тестот е нешто кое може да избрише се што претходно сте имале и немале. Е сега ако си со некоја која многу ја сакаш али имаш сериозна причина да веруваш дека детето не е твое ( шо знам ја неверство кое си го или не си го простил, одмор со другарките од кој се враќа трудна...) а не сакаш да ја изгубиш тогаш баце само СКРИШУМ. Она што не го знае , нема да ја повреди. Ништо не боли толку колку немањето доверба.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Секој човек има различна ДНК, како што не може да има двајца со исти отпечатоци на прсти, така ни под разно не може да има две личности со иста ДНК. И да ако дедото е татко ќе се дознае и тоа на многу лесен начин. Тестот за ДНК е точен 99.99%, а сродството се открива преку големината на нишките на самата ДНК ( човековата ДНК има 12 нишки).
О, да, може да има две личности со иста ДНК, дури кои не се ни во крвно сродство. Пример, несродните донори на коскена срцевина имаат иста ДНК со пациентите на кои им се трансплантира истата. Друг пример, татко ми и тетка ми имаат идентична ДНК (а, не се близнаци). Потем, трет пример, едно црнче во САД имало иста ДНК со девојка од Тајван. Зборуваме за ДНК на алелите кои се испитуваат редовно, не за целосната комбинација на ДНК.
 
Член од
1 август 2012
Мислења
7
Поени од реакции
1
мислам дека не е можно да има две исти днк на светот. ама како и да е треба да се провери ако има сомнеж. само овдека кај нас се е можно. за ситни пари ке ни наместат резултати и после животот ќе ни мине во заблуда.
 
Член од
30 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
4
во врска со откривање на татковство можете да погледнете подобро на www.smartdna.gr. не е можно две лица да имаат иста ДНК .
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.900
Поени од реакции
8.477
Јас мислам дека американските филмови,а особено шпанските серии влијаат врз ваков чекор на барање тест.
Принц јас те разбирам целосно и ја разбирам машката страна,но ти неможеш да разбереш колку понижувачки звучи тоа.Јас разбирам да се побара тест за врска од две недели,месец,три,пет,ама за години тест за татковство?Разбирам ако бил изневерен,ако имале чести кавги во врска,ако немале секс со месеци,ако бил на пат,ако има вистинска причина за сомнеж.Ама ако му текне на к**от и само да си го задоволи сопственото его со понижување на девојката,абе веднаш клоца во газ и нека оди кај мајка му да бара тест :smir:
Ако ја немаш мувата на капата, не гледам причина зошто ти не би го направила тестот за да ја зајакнеш довербата, а со клоцава :pos: Па кој ќе те земе самохрана мајка со дете? (освен некој старец 50+) ако нејсе клоцај ти :свиркам:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
во врска со откривање на татковство можете да погледнете подобро на www.smartdna.gr. не е можно две лица да имаат иста ДНК .
Тогаш биди љубезен и објасни како донорите на коскена срцевина имаат иста днк со примателите?
 
Член од
7 август 2012
Мислења
1
Поени од реакции
1
AlternativeF погрешно сте разбрале. Ниедна единка нема иста ДНК . Има една метода која се вика ХЛА - HLA tipizacija со која се одредува компатибилноста на донорот со примателот. Ама тоа е тешко да ви го објаснам на форум. Како и да е , темава ја посетив да се информирам за татковството, т.е. за одредување татковство , ама малку забегав. Сакав да дознаам дали може тајно да се направи ДНК тест за татковство , т.е. да не разберат тетки стринки пријатели и сите по ред кога ќе ме видат пред МАНУ. Дали мора да има судски налог за проверка или може да се направи тоа самоиницијативно без никој да дознае освен мене и мајката на детето ?
 
Член од
30 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
4
Во право сте јонце_јонцевски . Мене многу ми помогна тестот за татковство. За жал ми требаше повеќе време да се одлучам на овој чекор , затоа што ми беше соопштено порано дека "сум направил дете " па морав да чекам д се роди. Голготата беше долга , ама се исплатеше да се чека и да се биде упорен . Ако имаш сомпнеж дефинитивно треба да си го расчистиш тоа во главата . Сепак животот е долг и треба со чисти мисли да се помине . Не треба да се бега од одговорност , ама од друга страна не треба некој да те прави глуп. Мислам дека не треба никакви судски налози. Нека се согласи и мајката и направете си независен тест во странство. Има повеќе лаборатории ама мене ми помогнаа овие http://smartdna.gr/paternity_mk.mk.aspx . Подобро сега да провериш отколку да живееш во прашалници цел живот.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.443
А што, демек еден јузер не е доволен, па сега sigurnost и jonce_joncevski заедно со petre.petreski ќе не убедат дека "SmartDNA.gr" е најдобриот избор при ДНК тест за татковство?
Еј, што мрзам ваков евтин (демек) герила маркетинг. Нема никаква потреба од отварање на 3 различни членства за докажување на некоја поента и потврдување на сопствените ставови, особено кога тоа е забрането и наведено во правилата на форумот, со кои се согласувате при регистрација. Не за друго, смешно е кога гледаш како човек си прави сам со себе муабет преку 3 различни имиња. Прва асоцијација на ова ми е multiple personality disorder. Со почит кон членот погоре, но очекувам приватна порака во сандачето со финална одлука кое корисничко име ќе продолжи да го користи во иднина. Во спротивно, ќе морам да ги банирам сите 3.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Мислам дека кај нас ретко кој маж се одлучува на ваков чекор, што зависно од околностите може да е и добра и лоша страна.

Мое мислење, ако дечко ми со кој идам дооооолго време ми побара тест за утврдување на сродство, не само што нема да добие согласност за тестот, туку најверојатно и ќе го отерам кај што не треба и тоа ќе биде последниот разговор што сме го воделе.

Е сеа ако дечкото бил со девојката една вечер само онака за секс и по некое време доаѓа девојкава трудничка ите како го оправдувам тестот. Не е фер некој некого да го прави глупав цел живот.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Секако би го направил тој тест,без разлика дали било една ноќ или долга врска.Што си е сигурно сигурно си е,не ми се чуваат туѓи деца.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom