- Член од
- 6 јануари 2008
- Мислења
- 1.902
- Поени од реакции
- 722
Ставени нови гуми на 2те коли.Шкодата Barum Quartaris а на Матизот Barum Brilliantis 2.Кај двата автомобили се осеќа полесен волан и полесно маневрирање а Шкодата имав можност да ја возам на снег и угорници во Маврово така да задоволен сум од зимскиот дел од гумата.Летно време гумата чкрипи на асфалтот со што ми наведува дека побрзо некако ке се потроши (?)!Тоа што ми е малку чудно кај Quartarisot е што при побрзо возење(а особено на дожд) гумата како да свири на асфалтот.Не да чкрипи туку баш како тивко да свири,колку побрзо возиш толку повеќе.На Матизот се ептен пресни немаат ни 10 дена меѓутоа оваа гума повеќе ми се свиѓа како лежи на асфалтот од Quartarisot на Шкодата,потивка ми е некако а и многу помалку се осеќаат лежечите на улиците(ова може и да е до амортизацијата на Шкодата како 6 години постар модел и повеќе возен).Brilliantisot 2 уште ги тестирам,сега за сега добар впечаток имам,дури и некако подобар од првите само што малку ми се возени.Со оглед на тоа што морав во брзо време да ги мењам и на 2те коли од финансиски аспект добро поминав,плус ги земав со попуст од пријател и на двете коли ме фати околу 2200~ денари парче.Кој размислува за гуми да мењава еве мое искуство