Гуми (пневматици)

Дискусија во форумот 'Автомобилизам и мотоциклизам' започната од Струмикс, 22 јули 2006.

  1. Струмикс

    Струмикс Еден...не го знаеш!

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    13.791
    Допаѓања:
    3.299
    Што знаеме за нив? Дека возилото стои на нив, така? Еден од најважните делови за стабилноста на возилото, било автомобил или мотор.

    Законски треба шарата да биде 2 мм за летни и 4 мм за зимски гуми. Притисокот во нив треба да биде секогаш оној пропишан од производителот. Препумпаните или издишаните гуми влијаат на стабилноста и на векот на траење на самите гуми, но и на безбедноста. Дали се грижите за тоа?

    Кои гуми ги користите? Зошто? Кажете овде.
     
  2. BoRg

    BoRg Resistance is futile you will be assimilated

    Член од:
    8 декември 2005
    Мислења:
    486
    Допаѓања:
    2
    Avtomobilskata guma go zapocnuva svojot pat uste od pronaoganjeto na vulkanizacijata od strana na Charles Goodyear vo 1844 godina.
    [​IMG]


    No za pronaogac na modernata guma se racuna John Boyd Dunlop koj za prvpat vo 1845 god.
    [​IMG]


    Doaga do idea da se napravat avtomobilski gumi so pneuvmatici.No za zal vo toa vreme se uste ne bile pronajdeni ni avtomobilot ni motorot gumite so vnatresni pneuvmatici se koristat na zapreznite koli.
    Deneska na pazarot postojat povece kompanii koj se bavat so proizvodstvo na gumi

    Bridgestone
    Firestone
    Continental
    Cooper
    Dunlop
    Goodyear
    Kelly Springfield Tire and Rubber Company
    Kumho
    Michelin
    MRF Tyres
    B.F. Goodrich
    Uniroyal
    Pirelli
    Nokian Tyres
    Toyo
    Yokohama
     
  3. Струмикс

    Струмикс Еден...не го знаеш!

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    13.791
    Допаѓања:
    3.299
    Еве отприлика ориентационен калкулатор што димензија гуми може, а што не, да ставите на вашето возило.
    Интересни резултати излегуваат... Мојава носи фабрички 195/55/15, а вели дека не смеам 195/50/15...Но 205/45/15 е сосем ОК
     
  4. neo-geo

    neo-geo The Empire Strikes First!

    Член од:
    17 август 2005
    Мислења:
    533
    Допаѓања:
    2
    Да не знае некој случајно кој продава во државава гуми National? Америчко производство се, еве им го сајтот

    Фала, поздрав
     
  5. stoke_vm

    stoke_vm

    Член од:
    23 април 2007
    Мислења:
    45
    Допаѓања:
    0
    sava eskimo.So sava nema zima.Good year M+S za site godisni vremina so tri kanali za voda i prosirena sarka
     
  6. Dzish

    Dzish unlike any other...

    Член од:
    15 февруари 2007
    Мислења:
    13.995
    Допаѓања:
    2.659
    На фиестата сега ги сменав и ставив Корморан М+Ѕ. Тоа ти било застарен модел на Мишелин (стар 2 години) и се произведуваат во Англија. Многу се добри (меки се, добро држат на пат) а и не се скапи 165/70 R 13 се 2200 денари парче (има и 14 и поскапи се за едно 300-500 денари). Ставив 4 нови + сменав вентили за тубелес (пошо старите беа дотраени) се на се 10.000 денари. Ставајте нови гуми на абтомобилите немојте да се заебавате со половни (кои се по 700-800 денари парче) оти мое мислење е ако биле тие добри никој немало да ги смени.
     
  7. smatka

    smatka

    Член од:
    19 февруари 2006
    Мислења:
    134
    Допаѓања:
    6
    Користам претежно континентал и мишелин, и сум презадоволен, супер квалитет. Инаку Аудито ми носи 225/45/17.
     
    На Spong му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Filip89

    Filip89 Македоникус

    Член од:
    1 март 2007
    Мислења:
    526
    Допаѓања:
    3
    Dobro Audi imas backo
    Inace focusot ima 195/65/15 gumi Michelin
     
  9. smatka

    smatka

    Член од:
    19 февруари 2006
    Мислења:
    134
    Допаѓања:
    6
    Што има врска сеа дека имам Ауди. Ако сакаш да знаеш имам и скутер Пиаџо NRG power. УПМ македонски синдром.:lud:
     
  10. Volkswagen

    Volkswagen

    Член од:
    26 јануари 2007
    Мислења:
    2.703
    Допаѓања:
    22
    На Nubira-та имав Sava па ги сменав на...50,000км и сега имам Nokian. Споредба? Nokian - ДАЛЕКУ подобри од Sava!

    На Голфот се Vredstein и ОК се...нешто подобри од Sava помалку од Nokian.
     
  11. bama

    bama † Револуционер †

    Член од:
    1 февруари 2007
    Мислења:
    2.040
    Допаѓања:
    362
    Модерниот болид од Формула1 е техничко ремек дело. Имајки ги во вид развојот на аеродинамиката, композитните конструкции и моторот лесно се заборава дека пневматиците се најважниот поединечен дел во перформансите. Така просечен болид со одлични гуми може да постигне солидни резултати, додека и најдобриот болид со просечни гуми нема изгледи за успех. Сетете се во сезоната 2002 во Силверстоун кога Монтоја губеше по 4 секунди во круг од Шумахер само поради тоа што гумите за влажна подлога на Мишелин не беа на висината на задачата.
    За разлика од сопирачките кај гумите не може да се каже дека се слични со оние на автомобилите. И да отфрлиме некои технички неусогласеносит, тие сепак остануваат само далечни роднини Нормалните гуми се направени врз основа од плетена челична мрежа со животен век подолг и од 20.000 km, додека пневматиците на болидите можат да издржат до 200 km. Како и секој дел во болидот кој е направен од полесни и поиздржливи материјали така и пневматиците на болидите не користат челична мрежа туку структурата е направена од најлон и полиестер. И покрај ова тие сепак се справуваат со многу поголеми сили (помегу 4 и 5 g) од вообичаените автомобилски гуми.

    Надворешниот дел на тркачките пневматици е изработен од меки компоненти со што се овозможува подобар контакт со патеката. Големото триење создава и високи температури па надворешниот слој е изработен да има најдобри перформанси при работа од 90 до 110 °C. Со промена на температурата на гумата се менува и температурата на гасот, со кој таа е исполнета, и доага до промена на притисокот. Затоа се користат гасови со мала густина за да има помали варијации на притисокот на гумите.Полнолетството тркачките пневматици го добиваат во 1960 год. кога се појавуваат "слик" - глатките гуми. Тие се користат се до 1998 год. кога со измената на правилникот на ФИА гумите мораат да имаат четири должински бразди со минимална константна длабочина од 2,5 mm (на крај од користењето) и одалечени на 50 mm. Со ова се поставија нови параметри кај производителите на пневматици. Тие мораа поради зачувување на браздата да ја намалат мекоста на гумите.

    Во денешно време тимовите за секоја трка добиваат различни гуми за сува подлога и тоа едни со помека и други со потврда компонента. Изборот на гумата е во зависност од конфигурацијата на стазата, временските услови и тактиката на тимот. Мекоста на гумите зависи од пропорцијата на компонентите во смесата, од кои три најважни се: јаглен, сулфур и нафта. Сите останати супстанции се тајна на големите мајстори. Сепак генерално земено мекоста на пневматикот се добива со поголема количина на нафта во смесата.

    Гумите за влажна подлога се делат на два типа, гуми за влажна подлога и гуми за помалку влажна подлога или наречени интермедиа гуми. Кај овие типови на гуми вниманието паѓа на исфрлање на водата од патеката со која гумата треба да има контакт. Ако патеката остане влажна се создава ефект на аквапланинг - тенок слој од вода останува помеѓу пневматикот и асфалтот и тогаш болидот лебди и не може да се управува. Овие гуми имаат и помали температури на работа и користат друга комбинација на компонентите.

    Денешните прозводители Мишелин и Бричстоун имаат свои разлики во конструкцијата на пневматиците па така важи дека Бричстоунките се подобри во свиоците, а Мишелинките пак со својата поцврста средина и меки краеви овозможуваат поголеми крајни брзини. Споредбено помеѓу двата произведувачи, Мишелин има подобри пневматици за топло и суво време, а Бричстоун за влажна подлога.


     
  12. ceza

    ceza

    Член од:
    1 февруари 2007
    Мислења:
    183
    Допаѓања:
    0
    Koristam BF Goodrich, malku skapi se, no so bezbednosta kompromis ne treba da ima.
     
  13. Струмикс

    Струмикс Еден...не го знаеш!

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    13.791
    Допаѓања:
    3.299
    Еден од брендовите на Мишелин (т.е. Мишлен)
     
  14. влатко

    влатко

    Член од:
    29 јули 2005
    Мислења:
    2.981
    Допаѓања:
    176
    Татко ми на ксарата користи мишелин пилот.Ваљда се добри...
     
  15. Струмикс

    Струмикс Еден...не го знаеш!

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    13.791
    Допаѓања:
    3.299
    Тие фабрички одеа на мојата Ксара, моделот Примаси пилот. Гума „за сва времена“ :)
     

Сподели преку: