Еве што им испратиле на А1:
Најостра реакција на Грчкиот марш со фашистички слогани
Македонија е Грчка. Порака со ваква содржина заедно со географска карта во која Република Македонија е дел од Грција го преплави сандачето за електронска пошта на А1.
Испратените се од извесна хакерска група ГХС, која уште и предупредува дека ќе го сруши целиот информатички систем на медиумот.
Нападот доаѓа на само 2 дена по парадата на која грчки војници среде Атина извикуваа антимакедонските пароли на парадата по повод националниот празник на Грција.
Специјалците на грчките поморски воени сили, прво извикуваа „Тие се скопјани, тие се Албанци, ќе си направам нова облека од нивната кожа“, а потоа и „Ќе се лее крвта на албанските свињи".
Грчките власти уште вчера го суспендираа офицерот на единицата, и најавија казни и за војниците. Министерот за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис нареди истрага и порача дека никој нема право да шири омраза и ксенофобија.
Инцидентот го осудија и грчките медиуми. Елефтеротипија прашува „Зошто толку омраза“, и Дали Грција живее во 2010 година со социјалистичка Влада или пак во сеќавањата на воената диктатура.
Расистички слогани денеска жестоко ги осуди и официјална Тирана. Вицепремиерот и министер за надворешни на Албанија паролите ги оцени како скандалозни и насилни.
Македонското МНР пак се уште молчи. Ќе испрателе протест, но откако ќе се увереле во автентичноста на видео материјалот.