- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 899
- Поени од реакции
- 22
03.07.2008 17:00
Карлос Папуљас
Откако Нимиц го прошири својот мандат, со прашања кои индиректно имаат врска со името, а Македонија побара од него да се зборува и за имотите и државјанството на протераните Македонци, Грција во дефанзива.
Ставот на Владата во Атина, која една недела по посетата Нимиц на Скопје молчеше, го пренесе провладиниот „Катимерини“. За високите претставници на Владата на Караманлис, ова барање е неприфатливо затоа што со него ќе се дефокусираат разговорите.
Јужниот сосед затечен од барањето на Скопје, сега обвинува дека Македонија е таа што сака да ги забави разговорите, а дека Атина, која не престанува да се служи со закани и уцени, е заинтересирана за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.
Грчкиот претседател Папуљас, пак, смета дека спорот за името ги оптоварува, не само добрососедските односи, туку и стабилноста на целиот Балкан.
Во изјава за „Виенски стандард“ тој бара евентуалното решение да биде гарантирано со Резолуција на Советот за безбедност на ОН, но и истото да биде внесено во македонскиот Устав. Спорот не е емотивен туку реален проблем, вели Папуљас.
„Не се работи за конфликт од психолошки или сентиментален карактер, туку за проблем со политичка димензија, што е товар за добрососедските односи и стабилноста на Балканот“ , изјавил Папуљас.
дали тоа значи дека егејците во иднина никогаш повеќе нема да бидат спомнати ?