Грција одбива разговори за протераните Македонци

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Нема што да се коментира, многупати си ја покажале гејската страна, и овој пат не очекував исклучок, било како наше е да си го бараме своето... ова ќе биде еден голем минус за гејците пред светската јавност ама ние треба да го експонираме тоа и да изиграме јако пред медиумите.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
А бе лесно му е на Грците имаат стабилна економија богат народ, а за разлика од нив ние сме последни во регионов по инвестиции немаме шанса за влез во нато и еу, имаме 10% инфлација и многу сиромашен народ кој оди токлму во таа грција за да заработи парче леб. Ние можеме да сонуваме за Букурешкиот договор, за враќање на имотите, и тн. а додека Грција може вечно да преговара а и ако сме толкави патриоти тогаш за што преговараме. Кажи еднаш името не го даваме и крај нема што да одиме на преговори на кои сакале или не ќе се договори смена на нашето име на било кој начин.
Да не е ЕУ да и дава пари на грција ќе видеше колку и е стабилна економијата.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Нема што да се коментира, многупати си ја покажале гејската страна, и овој пат не очекував исклучок, било како наше е да си го бараме своето... ова ќе биде еден голем минус за гејците пред светската јавност ама ние треба да го експонираме тоа и да изиграме јако пред медиумите.
А кој сме тоа ние и каква корист имаме од тоа кога актуелнава влада работи зад наш грб со веќе искристализирани ставови окулу името водејќи преговори за кој јавноста добива само штури информации името се однесува за сите нас,а имотите засегаат само дел од популацијата.
Дали Македонците на кој им се одземени имотите ќе ги дадат парите во хуманитарни цели за Македонија доколку ги добијат,или чекаат ние да им го сработиме нивното па тие само да си го соберат бериќетот.?:toe:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
А кој сме тоа ние и каква корист имаме од тоа кога актуелнава влада работи зад наш грб со веќе искристализирани ставови окулу името водејќи преговори за кој јавноста добива само штури информации името се однесува за сите нас,а имотите засегаат само дел од популацијата.
Дали Македонците на кој им се одземени имотите ќе ги дадат парите во хуманитарни цели за Македонија доколку ги добијат,или чекаат ние да им го сработиме нивното па тие само да си го соберат бериќетот.?:toe:
Чоек и вака и така не ебеле и не краделе и А не сме кажале, битно нека си ги добијат и имотите и парите и денар нека не дадат ќе бидам благодарен.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Чоек и вака и така не ебеле и не краделе и А не сме кажале, битно нека си ги добијат и имотите и парите и денар нека не дадат ќе бидам благодарен.
Се сложувам,но доколку за таква цел ние мора да се откажеме од името Македонија а со тоа и од нашиот идентитет,имотите на протераните Македонци воопшто ништо мене барем не ми значат.:toe:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
И јас се сложувам сега со твоето мислење, за таа цена никако.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Дали Македонците на кој им се одземени имотите ќе ги дадат парите во хуманитарни цели за Македонија доколку ги добијат,или чекаат ние да им го сработиме нивното па тие само да си го соберат бериќетот.?:toe:
А види ја па сега другата страна од прикаската.
Што се должни тие Македонци на кои им се одземени имотите ( гледам отишле на гушкање кај премиерот), нивниот проблем да се поставува во едни преговори што по дефиниција ама баш никаква врска немаат со правото на собственост на имот?
Со самото тоа што се ставаат имотите како адут за ценкарење и преговарање, утре може да се случи пазар со нивните имоти при што тие заради "светлата евроатлантска иднина" на Македонија можат да останат без право на имоти.
Не сакам да помислам дека ова може да се случи ама..... skopian-sko и нели викаат, се е можно.
А ако се случи незнам како би можеле да им вратиме ние останатите....:toe:
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Денес сме четври јули, 2008. За некој ден другарчињата од Хрватаска и Албанија ќе влезат во НАТО. Нам дури сега ни текна да ги бараме правата на егејците. Браос! Наместо уште на самиот почеток на преговорите да ја фрлиме оваа карта, за да избуткаме до Букурешт со испреговарани позиции, сега ќе ја тупиме до бескрај. Ни се може. Имаме цела вечност пред нас.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
А на што ќе личи тоа, толку чувствително прашање да го искористуваме како „карта“ (??) за влез во НАТО?!

Да си играме ли „на ти го, дај ми го“ на преговарачка маса со, шиткање со легалните права на своите сонародници?

Ацева?
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Некои луѓе упорно не можат (или не сакаат) да сватат дека спорот нема решение што ги задоволува двете страни освен сосила наметнато.
Сто пати е кажано зошто е така. Испреговарани позициии???? Какви позиции се па тие... или ти сериозно мислиш дека ова ќе смени којзнае што во преговорите???
Македонија во последно време е во полоша позиција (заради (не)подржката од Е.У. и НАТО, заради поделеноста внатре во државата на секоја можна основа...) и ова се користи само за да се запре грчката дипломатска офанзива. Дали ќе се успее или ќе се предизвика дополнителна штета ќе видиме покасно, ама се чувствува дека се поотворени се картите и не очекува финале.
Во една "фронтовска битка" не знам колку ние би успеале вака разединети, задишани и возбудени од евроинтеграциските процеси -шанса што се добивала "еднаш на миљон години"???
Треба да разбереме, и да не се залетуваме дека еве, решен е проблемот на луѓето жртви на тој егзодус, или пак дека е којзнае колку позитивно што Македонија е принудена да го користи како аргумент ова прашање во преговорите за идентитетот. Грција ќе се согласи да ги врати имотите само кога ќе биде сосила натерана. Македонија треба да се согласи да си го промени името само сосила натерана.
Притисокот почна. Кој ќе издржи подолго тој ги зема парите, имотите, името, знамето, жената, га....:toe:
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Македонското малцинство е „непостоечко и неосновано прашање“, изјави денеска портпаролот на грчкото МНР Јоргос Кумуцакос, коментирајќи го неодамнешното барање на македонската Влада во рамките на преговорите за името да се дискутира и за правата и имотите на протераните Македонци од Грција.
Тоа е „несреќен обид да се создаде непостоечко и неосновано прашање“, рече Кумуцакос, коментирајќи ги изјавите од Владата во Скопје за македонското малцинство во северна Грција.
Кумуцакос во првата реакција на Владата во Атина ги оквалификува изјавите на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски како целосно „неоснован, неквалификуван и непоткрепен обид да се создаде впечаток“ од македонска страна.
На прашањето за малцинството Кумуцакос гледа како на потврда на серијата неприфатливи изјави што доаѓаат од Скопје.
За грчката страна единствена цел на разговорите помеѓу Скопје и Атина е „заеднички прифатливо решение за прашањето за името“.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=94923
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Атина не е во можност да бира дали ќе разговара за правата на македонското малцинство и протераните во Грција.
Колективните човекови права се дел од сите меѓународни правни инструменти и стандарди со кои се занимаваат релевантните институции и затоа за Македонците во Грција ќе мора да се разговара, велат владини извори по вчерашното одбивање на Атина во разговорите за името да биде вклучено и т.н. егејското прашање.
Владата има обврски да се грижи за сите свои граѓани, но и за сите Македонци, вели портпаролот Боцевски, вклучувајќи ги и оние кои имаат свој имот во соседни земји.
По иницијатива на Македонија, децата бегалци да бидат дел од разговорите со Нимиц, денеска за првпат сите организации на македонските бегалци од Граѓанската војна во Грција на средба со премиерот Груевски.

„Оваа средба претставува еден паметник за сеќавањето, еден меморијал за голготата на македонскиот народ во 20-от век, еден меморијал за сите оние нешта низ кои поминаа Македонците во текот на 20-от век и во тој контекст се разбира дека очекуваме дека нивните организации ќе ги реафирмираат своите барања што се однесуваат на нивните права како граѓани и се разбира како човекови индивидуи во глобалната светска заедница“, рече Ивица Боцевски, портпарол на Владата.


„Очекуваме наскоро Парламентот да усвои резолуција за заштита на жртвите од Граѓанската и антифашистичката војна, така да кога ќе биде усвоена таа резолуција од новиот парламентарен состав, мислам ќе имаме една целосна слика за еден напор што македонската држава треба да го направи за остварување на тие права, одземени и поништени права од страна на грчката Влада“, изјави Георги Ајановски, претставник на деца бегалци.
„Не би го употребил зборот историски потег на Премиерот и на Претседателот на Парламент итн. Тоа е должност на секој граѓанин во Република Македонија, овие прашања да ги поставува“, вели Ставре Џиков, претставник на деца бегалци.
За Грција македонското прашање е се уште непостоечко. Портпаролот на грчкото МНР еден час по средбата меѓу Премиерот и децата бегалци со изјава во која се тврди дека Македонија нема основа да бара отворање на правата на Македонците, затоа што тие не постојат.
Според извештај на грчкиот Хелсиншки комитет објавен во 1999 година, најмалку 200.000 луѓе во северна Грција го говорат македонскиот јазик.
Поголем дел од стотината илјади луѓе кои ја напуштија Грција по Граѓанската војна во 1949 година беа Македонци. Од нив, 29.000 беа деца.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=94928
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
899
Поени од реакции
22
За грчката страна единствена цел на разговорите помеѓу Скопје и Атина е „заеднички прифатливо решение за прашањето за името“.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=94923
дрн дрн дрн и пак ДРН.

„името„ „името„ „името„ „името„ „името„ „името„ „името„ „името„ „името„ „името„

Не можам веќе да го слушам.

Го знаеме ставот на грците во 2008та година која е заштитена од тоа ЕУ а тоа е убивање на Македонците и завршена работа. Тука нивната последна задача со „името„ е завршена и ќе бидат уште повеќе надарени од ЕУ за таа работа. Битка од 1913 година да не тотално уништат.
Како било лесно да се пишува историја тоа е нешто неверојатно.

Не би ме чудело да почнат наскоро нашите медиуми да им перат пак на народот мозоците, се слагаме на пример : „Заедничко прифатливо решение за прашањето за името ама и ќе разговараме после неколку децении и за егејците„ и не би било лошо по тој предлог да се крстиме Македонска Република или Република банана џо или додавање на прашалници извишници или било што да е.

Треба на сите во глава како песна да им е влезено: ЕДНА МАЛА ЦРТИЧКА НА ИМЕТО, Е МЕНУВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТ. ТОГАШ НИЕ ПОСТОИМЕ 17 ГОД. И НИШТО ПОВЕЌЕ. ТОГАШ НЕМА ПОТРЕБА ДА КУКАМЕ ЗА ПИРИН ЕГЕЈ ВАРДАР МАЛА ПРЕСПА, ПОРАДИ ТОА ШТО ТИЕ НЕ СЕ МАКЕДОНЦИ ВО ТОЈ СЛУЧАЈ. НЕМА МАКЕДОНЦИ ЗНАЧИ, А ТОА ШТО ГО НЕМА, НЕМА НИ ДА СЕ ДИСКУТИРА И ЌЕ НЕ ТРЕТИРААТ ЗА ВЕШТАЧКА НАЦИЈА.

А поради тоа што ние знаеме колку „добро„ работат нашите политичари, одговорот не мора да ви го дадам. Го видовме и пред митинзите, го видовме и последните 17 години и го имаме 54546876545667767879 пати видено.

Првите знаци за ебање на психата на Македонскиот народ веќе се појавија како на пример од тој весникот шпиц како што можевме да приметиме вчера. Со цел да го омаловажат народот и да го издупчат уште толку да не смеат ниту А да кажат ако се решат да го сменат конечно името.

Затоа, кој ќе го даде воопшто името на референдум или се согласи на промена, треба да биде во истиот момент линчуван од животот. Едноставно нема место за разговор, нема излез. Ако размислам, ИМА. Гејлада го прекрши договорот од како ни стави вето, ама нема кај нас јунак да го среди тој проблем.


АМИН
 
Член од
27 ноември 2005
Мислења
648
Поени од реакции
7
Грција одбива, ама ние не можеме да одбиеме:

До крајот на неделава треба да започне нова рунда консултации за името во Њујорк, дознава А1 од неофицијални извори во ОН.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Грција мора да го надрасне демократскиот дефицит

Потребна е реформа на таканаречениот грчки национализам, вели Павлос Воскопулос, лидер на Виножито

Лерин - Како ја коментирате последната изјава на портпаролот на грчкото МНР, кој го нарече „непостојно и неосновано“ прашањето за постоење македонско малцинство во Грција?

Изјавата на Кумуцакос ја отсликува континуираната политика на грчката држава против македонското малцинство од 1912 година до денес. А јас би рекол дека „неосновано“ и „непостојно“ е тврдењето дека Грција е демократска држава.

Грција има легислатива, значи закон од 1981 година, околу репатрирање на „политичките бегалци“ од Граѓанската војна 1946-1948 година, во кој децидно е наведена категорија луѓе кои се „Грци по род“. Зошто самата држава и МВР спомнува „Грци по род“? Дали тоа значи другите граѓани не се „Грци по род“? Дали со „непостојно“ малцинство самата држава индиректно го признава постојното малцинство на овој закон? Ако протераните Македонци за време на Граѓанската војна Грција ги декларира јасно и чисто како „не-Грци по род“, тогаш дали роднините во Грција „не постојат“.

Зошто грчката држава им го одзема државјанството на припадници на „непостојното“ малцинство и им забранува влез во родните села на економските емигранти Македонци, кои живеат во прекуокеанските земји? Во денешно време им одзема грчко државјанство врз законот 20 параграф 1г бидејќи нашите сограѓани декларираат македонски идентитет, на пример, во Австралија или во Канада. Со споменување на „непостојното“ малцинство, грчката држава им испраќа порака на Македонците, па дури и на роднините кои живеат во северна Грција. Модерниот „софистициран тероризам“ има цел да се заплашат Македонците да ја декларираат македонштината не само во Австралија, Канада, туку и на нивните роднини во Грција.

Зошто „самобендисуваната“ грчка политика околу „непостојно“ малцинство не спроведува попис на населението со прашања околу идентитетот и јазикот? На таков начин Грција ќе има јасен доказ за „непостојните“ Македонци. Континуираното одбивање можеби е израз на страв од „постојните“ Македонци?

Ако грко-христијанското малцинство во Турција од околу две илјади луѓе во Истанбул е почитувано и признато од турската држава, колку илјади Македонци треба да има во Грција за да бидат признати и почитувани од грчката држава како македонско малцинство?

. Дали зад спорот постои нешто друго од што стравува Грција: не името, туку нешто посуштинско?

Дел од деструктивната општа грчка политика на Балканот, пред се', е непризнавање на независна Република Македонија и, секако, креирање „спор“ околу името на државата. Во суштина, Грција се надева и посакува да ја дестабилизира соседната држава. Оспорување на името Македонија значи оспорување на националниот идентитет.
. Дали зад спорот постои нешто друго од што стравува Грција: не името, туку нешто посуштинско?

Грција од позиција на членство во ЕУ и во НАТО спроведува агресивна и уценувачка политика, тоа се покажа и докажа во Букурешт и во НАТО. Дали не е политички идиотизам кој било грчки политичар да тврди дека „спорот“ околу името е дестабилизаторски за регионот („спор“ што го форсира Грција), а не грчкото вето против членството на Република Македонија во НАТО?

Овој проблем е големо политичко прашање. Грција игнорира секаков обид за позитивно решение не само за обесштетување за имотите, туку и враќање на државјанствата. Во суштина, со тоа сака да елиминира дел од македонското малцинство. Не сака да го врати државјанството и да ги рехабилитира Македонците, бидејќи сите овие луѓе, нивните потомците и фамилиите се свесни дека се Македонци, со македонски идентитет и со добро познавање на македонскиот јазик. Токму затоа Грција не сака да им го врати државјанството. За да немаат право на статус на грчки државјани, што и беа пред Граѓанската војна.
Многу децении грчкото општество е затворено, самобендисано поради националистичкиот мит како одбран народ. Доминантни ставови на мнозинството се антитурски, антиалбански и антимакедонски, со негативни чувства, па дури и оние отворено антизападни и антиамерикански. Од психолошка гледна точка, навистина повеќето Грци поради комплексот всаден од системот градат односи кои не можат да се наречат како симпатија кон соседните народи.

Ова е дел од
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=95A204B75C09214A967D7D1E60DD6C9B
 

Kajgana Shop

На врв Bottom