Група B (CZE, MKD, AUT, UKR) - Виена

Кои две репрезентации ќе продолжат во наредниот круг?


  • Вкупно гласачи
    99
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
На кого типувате за наш нов тренер?! Данило дефинитивно готово иде ....
Се надевам скандинавец, со скандинавски систем, преку кур со ова спора игра, ко синкир некој резултати ни носи, ако треба Лазаров жртва нека е нека игра по 20-30 мин по утакмица и под итно да се сменит системов на игра.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.724
Поени од реакции
1.482
На кого типувате за наш нов тренер?! Данило дефинитивно готово иде ....
Стевче Алушевски Шега незнам од домашните Зоран Кастратовиќ или некое странско име кое ќе смени процес на напад и ќе донесе побрза транзиција.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.915
Поени од реакции
84.324
Мое опширно видување на ова првенство и иднината на оваа репрезентација

Автоматски споено мислење:

Добри вести, Украина изгуби што значи најверојатно нема да бидеме меѓу најлошите 6 екипи на првенствово што значи ќе играме натпревар помалку во квалификациите за СП 2021

Ептен е зезнат новиот квалификационен принцип ама ако не се лажам ќе играме два баража за да влеземе на СП

Еден со послаби противници (на пример последно пласаираниве екипи од ЕП, што мноооогу веројатно ќе ни се паднат), и еден со посериозна екипа (ваљда некоја од рангот на Австрија,Белорусија, Чешка, Португалија и останатите екипи што нема да играат 1/2 финале или нешто слично)

Ова го зборам малце и на памет, уште ништо не е сигурно со квалификацииве.

Ама ете, добра шанса да се прекине серијата од настапи на големите натпреварувања, можеби уште и во првите квалификации, што да не :D
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Не го споредувајте Брестовац со Шундо ве молам. Шундо се врати дома со освоено 5-то место на ЕП. И покрај "клавајте голој" изјавата, верувам дека е неколку класи над Брестовац.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Не го споредувајте Брестовац со Шундо ве молам. Шундо се врати дома со освоено 5-то место на ЕП. И покрај "клавајте голој" изјавата, верувам дека е неколку класи над Брестовац.
Да му текнеше онака фластер на Хансен да изиграт со Данците на 7 разлика за нас, ќе бевме и во топ 3 онака.. катастрофа од тренер, имавме јака репка тогаш, камо да имавме тренер ко Раул во тоа време.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.627
Инаку прочепкав за следно СП во Египет 2021, првпат ќе има 32 екипи. Она што е интересно и заебано за нас е што ќе се променат и квалификациите.
Screenshot_20200114-215219.png
Имено, овие што ги гледате на сликава се победници од претквалификациите. Тие ќе се измешаат со 6те најслаби на ова ЕП. Според ситуацијата моментално тоа се Србија, Латвија, Украина, Русија, БиХ, Полска и ќе направат т.н. средна бараж фаза. Победниците и пласираните од 5-18 место на ова ЕП, меѓу нив и ние :D, ќе играат финална бараж фаза која ќе даде 9 патници за СП. Од Европа директно ќе одат топ4 екипите од ова ЕП + Данска како светски првак, со претпоставка дека нема да бидат во топ4 на ЕП.
За нашата ждрепка се сомневам дека ќе бидеме во групата фаворити. Таму би требало да се Германија, Словенија, Унгарија, Исланд, Франција, Чешка, Португалија, Белорусија, Австрија :D
Кој и да ни падне од овие, ако не промениме нешто значајно дотогаш, ќе не преебе на мртво. Можеби со нов селектор, некоја натурализација и подобра форма на вечните таленти можеме да избориме уште едно СП ако играме со Чешка, Белорусија па и Австрија..., со другите тешко.
 
Последно уредено:
Член од
29 ноември 2008
Мислења
265
Поени од реакции
349
А пази бев лут на Раул што откако, замина во ПСЖ, некако несериозно се однесуваше кон репрезентацијата. Одвај чекаше да усере па отказ да даде/му дадат.

Оно видиш...

Јако ми е што иако знаеме кои ни се можностите, 3-4 првенства со ред се билдаат ненормални очекувања

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Не знам какви очекувања имал некој, ама реално можевме и моравме да ја поминеме групата. Да имамвме саглам тренер ќе ја победевме Чешка и ќе бевме во топ 12, со факинг Брестовац толку.

Фала богу што бев на работа, па не ја гледав утакмицава.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.768
Напраја грешка во федерацијата,требаа да си се договорат со Вардар да го задржат Парондо и федерацијата да го плаќат и на таков начин ќе му помогнеа економски а и да натурализираат 2-3 играчи.Португалците го имаат голманот Гвантана од Куба.
Не е лошо да пробаат со тренерот Бранко Тамше.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
А пази бев лут на Раул што откако, замина во ПСЖ, некако несериозно се однесуваше кон репрезентацијата. Одвај чекаше да усере па отказ да даде/му дадат.

Оно видиш...

Јако ми е што иако знаеме кои ни се можностите, 3-4 првенства со ред се билдаат ненормални очекувања

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
Раул е страшен професионалец, до последна минута ќе работи и да знае дека колата е тргната низ брдо
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom