Еве откако заврши Европсково за нас и си ги спакувавме куферите редно е и мала анализа да направам за целиот прстап кон едно големо натпреварување.
Откако го избркавме Раул и добивме селектор што ќе се посвети само на репрезентацијата очекувањата рипннаа,плус "група по мерка".
Па еве некој збор за нашиот "Посветен селектор"
Прво би го прашал Брестовац:Зошто одигравме толку пријателски натпревари?
Прво со Грузија 2 пријателски,после со репрезентации од рангот на факинг Кувајт,па Трофеј Карпати 2 натпревари за на крај да завршиме со Словенија и Црна Гора.
На сите овие натпревари Брестовац играше со "млади играчи":Томовски,Серафимов,Велковски,Крстевски,Димитриевки,Димитриоски,Маџовски,Костески итн,за после кога дојде првенството никој од нив да не добие 5 минути шанса,па по генијален потег-здравје!
Второ 2020 дојде ние уште брз центар неможе да одиграме,никаква транзиција,уште играме антички ракомет од 1988 пробувааме некои дефанзивци да правиме од Мишевски и Марковски...
Во напад целата игра ни се сведуваше на шутеви на Кире од 9 метри и спуштање топка на пикер,после 20 пријателски натпревари срамота е ова да ти бидат единствените акции.
Незнаеме со играч повеќе да направиме вишок...
Во одбраната се гледаше дека е работено нешто 5-1 функционираше солидно на моменти,ама со Столе и Марковски неможеш да очекуваш да го задржиш Билик,плус како што спомнав погоре никаква полу контра не пробувавме да направиме.
За играчите само Кире,Митревски,Столе па и до негде Манасков би им дал преодна оценка,другово беше дојдено на зимување до Виена се прошетаа го видоа градот погедаа малку ракомет и ај назад.
Борко незнам ликов што праи уште во репрезентација,37 години натепал ние уште го форсираме,2 топки не одбрани на првенствово една голема НУЛА.
Пешевски за мене е најголемото разочарување на првенствово,очекував дека може сосема добри партии да пружи,на крај искочи дека е тотално неспремен,за разлика од претходните неколку првенства сега е за 2 класи подоле.
Георгиевски откако се распадна Металург се распадна и он со се него,секое првенство е се полош,мислам дека нема потреба да биде викан во репрезентација,јас би ги земал браќата Костески на оваа позиција,едниот млад надежен игра во Загреб,другиов е меѓу првите стрелци во Австиска лига и мислам дека заслужи барем на поширок список да биде.
Талески изиграа нешто ама далеку од тоа што ние го очекуваме,сепак мислам дека и очекувањата спрема него се преголеми,далеку е од новиот лидер на репкава,може да користи како втора-трета виолина во некоја екипа,игра во 2 правци,во напад да дава по 3-4 гола и тоа е тоа од него,толку му се можностите.
Кузмановски од друга страна очаен,се прашувам само каде е она 19 годишно дете што го избуши Омејер,даде 4 гола на Хрватска итн,после 4 години ликот е тотално пропаднат нема ни скок шут ни ништо,единствено додавач до Лазаров беше на првенствово,ако продолжи вака да "напредува' сериозно треба да се размисли дали да го викаат за репрезентација.
Танкоски покажа жалба и храброст на моменти ама да бидеме реални далеку е од некое озбилно играње,кога се кршеше резултатот на сите 3 натпревари он ја изгуби главата,цело време влегува во пробивање и лоши додавања,реално не беше ништо посебно на првенството,се плашам дека ако остане во Металург нема воопшто да напредува,во најдобра ситуација мислам дека може само 50% да биде од тоа што беше Мојсо на времето,ништо повеќе.
Мишевски покажа нешто во одбрана ама и не доби некоја голема минутажа,така да...Може да се надеваме дека во иднина ќе биде столб на одбраната.
Другите и не добија некоја шанса,а искрено и не гледам ни кој ја заслужи.
Да бидам искрен воопшто не ми се допаѓа како функционира федерацијата и репрезентацијата,веќе 4 години се збори некоја "смена на генерации" и на секое првенство одиме не подготвени чекајќи Талески и Кузмановски да 'блеснат".
Сега и форматот на квалификациите го промениле така што најверојатно на следното светско нема да се кавалификуваме,а тогаш ќе се пензионира и Кире што значи дека во наредните 3-4 години нема потреба да се надеваме за големо натпреварување,а може и подолго.