- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.394
- Поени од реакции
- 7.049
Ајде вака неколку коментари со ладна глава:
- Во принцип не мислам дека натпреварот беше така лош. Имаше доста добри работи кои се надевам ќе може да се продлабочат во следните дуели
- Апсолутно честитки за Брестовац што се охрабри да го стави Митревски како прв голман. Со години бараме да се разбие доминацијата на Борко на таа позиција, но досега ниту еден тренер не се охрабрил со таков потег. И Митревски се оддолжи со веројатно најдобрата репрезентативна партија во кариерата
- Очајна ни беше играта од крилните позиции. Георгиевски беше катастрофа. Манасков даде мислам 1 или 2 гола, но имаше и доста промашувања (не ги рачунам пеналите). Можеби требаше да се земе и Костески за на трибини. Ако Георгиевски е пак во ваква форма не е воопшто за на ЕП а не за стартер.
- Точно е дека Талески не требаше да биде man of the match, но мислам дека имаше доста солиден настап. 4-7 шут, неколку асистенции + беше најдобар наш играч во одбрана. Ми личи дека оваа 5-1 со него напред може да даде плод на делови од натпревари.
- Кузмановски отиде во комплетно спротивен правец од тоа што го играше во Октомври против Грузија кога трошеше многу топки. Сега се повлече и буквално играше за да не погреши. Во принцип мислам и немаше ниту една грешка во напад (во одбрана падна и тој во финишот, како и дел од другите играчи), но играта не е само да не згрешиш (ала Мартин Велковски) туку кога си бек треба и да повлечеш и тука Кире и Брестовац се целосно во право за критиките.
- Танкоски беше одличен во прво полувреме, се уплаши после 2-3 незгодни ситуации (едно пробивање и 2 сомнителни судиски одлуки) во второ и го извадија. Се повеќе и повеќе личи дека подобро изгледа екипата со Танкоски на среден а Талески на лев. Мислам дека добро би функционирале и со Кузмановски на лев бек. Треба поголема минутажа за Танкоски во секој случај, макар и погрешил понекогаш.
- Имавме според мене и неколку проблематични судиски одлуки против нас во клучни моменти кога можевме да го прекршиме натпреварот, но не до ниво, за кое треба да се жалиме (пред се недосудени фаули при шут, како и едно катастрифално досудено пробивање на Танкоски кога даде гол - за буквално иста ситуација на другата страна на 2 пати пенал + 2 минути добиваше Украина)
-Украина во принцип мислам дека го изваде максимумот и не одиграа така лош натпревар. Беа добро подготвени и нивната висина, снага и 7-6 ќе бидат проблематични и за другите репрезентации
Се на се, одиме натаму, најважно е дека победивме.