Група B (CZE, MKD, AUT, UKR) - Виена

Кои две репрезентации ќе продолжат во наредниот круг?


  • Вкупно гласачи
    99
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 април 2013
Мислења
3.394
Поени од реакции
7.049
Ајде вака неколку коментари со ладна глава:

- Во принцип не мислам дека натпреварот беше така лош. Имаше доста добри работи кои се надевам ќе може да се продлабочат во следните дуели
- Апсолутно честитки за Брестовац што се охрабри да го стави Митревски како прв голман. Со години бараме да се разбие доминацијата на Борко на таа позиција, но досега ниту еден тренер не се охрабрил со таков потег. И Митревски се оддолжи со веројатно најдобрата репрезентативна партија во кариерата
- Очајна ни беше играта од крилните позиции. Георгиевски беше катастрофа. Манасков даде мислам 1 или 2 гола, но имаше и доста промашувања (не ги рачунам пеналите). Можеби требаше да се земе и Костески за на трибини. Ако Георгиевски е пак во ваква форма не е воопшто за на ЕП а не за стартер.
- Точно е дека Талески не требаше да биде man of the match, но мислам дека имаше доста солиден настап. 4-7 шут, неколку асистенции + беше најдобар наш играч во одбрана. Ми личи дека оваа 5-1 со него напред може да даде плод на делови од натпревари.
- Кузмановски отиде во комплетно спротивен правец од тоа што го играше во Октомври против Грузија кога трошеше многу топки. Сега се повлече и буквално играше за да не погреши. Во принцип мислам и немаше ниту една грешка во напад (во одбрана падна и тој во финишот, како и дел од другите играчи), но играта не е само да не згрешиш (ала Мартин Велковски) туку кога си бек треба и да повлечеш и тука Кире и Брестовац се целосно во право за критиките.
- Танкоски беше одличен во прво полувреме, се уплаши после 2-3 незгодни ситуации (едно пробивање и 2 сомнителни судиски одлуки) во второ и го извадија. Се повеќе и повеќе личи дека подобро изгледа екипата со Танкоски на среден а Талески на лев. Мислам дека добро би функционирале и со Кузмановски на лев бек. Треба поголема минутажа за Танкоски во секој случај, макар и погрешил понекогаш.
- Имавме според мене и неколку проблематични судиски одлуки против нас во клучни моменти кога можевме да го прекршиме натпреварот, но не до ниво, за кое треба да се жалиме (пред се недосудени фаули при шут, како и едно катастрифално досудено пробивање на Танкоски кога даде гол - за буквално иста ситуација на другата страна на 2 пати пенал + 2 минути добиваше Украина)
-Украина во принцип мислам дека го изваде максимумот и не одиграа така лош натпревар. Беа добро подготвени и нивната висина, снага и 7-6 ќе бидат проблематични и за другите репрезентации

Се на се, одиме натаму, најважно е дека победивме.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.672
Поени од реакции
4.367
Кирца истото го прави од 1999та - тоа ми е поентата. Ја го обожавам Кире и го сметам за најдобриот спортист во независна Македонија, ама знае да биде големо терсење и инает, кој го носи и уште на 40 години. Тоа него го воздигнало како индивидуалец, ама тоа не е добра тимска одлика кон помладите.
Кире е најтимскиот играч кој се појавил во било кој спорт во историјата на Македонија. На сите првенства до сега бил и најдобриот асистент во наша репрезентација, освен што бил и најдобар стрелец. Да не е он, пикерите и крилата не би постигнале ни пола од головите кои ги постигнуваат сега. И затоа и е најголем спортист во историјата на државава, затоа што го има издигнато тимот на две нивоа над тоа каде би се наоѓал без него. Да бил само индивидуалец кој нема добра тимска одлика према колегите, нашата репрезентација ќе беше слична на српската кога не можеа да стигнат до втора фаза, а ги имаа сите оние Илиќи, Ненадиќи, Вујини, Рниќи, Стојковиќи, Тоскиќи... во тимот. Со тоа што нашата репрезентација немаше ни да стига до пласман на првенства.
Талески и Кузмановски се веќе 4-5 години во репрезентацијава, не се вчерашни, а на 23 години богами веќе не можеме да ги гледаме како младинци, туку како сениори во најдобрите спортски години. Сигурен сум дека во сите овие години преќутеле милион нивни грешки, во сите негови изјави Кире низ годиниве ги бодрел и бранел од напади од јавност, допрва ќе дошло нивното време, а овие суртуциве не можеа сами на една Ангола да и играат кога ќе ги оставеа. Така да ова беше нормална реакција, малку по harsh изјава, али спорт е да му се плукнам, не е дебата у Хелсиншки комитет, па да се стопат ко снегулки овие двајцава кога ќе им се каже дека треба да придонесат повеќе за тимот. Па побогу деца што се запишуваат на пливање, уште прв ден ги фрлаат у базен за да се научат сами да се снајдат и да се изборат со ситуацијата, овде Кире не смеел да даде онаква изјава за да не им влијаел лошо?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.394
Поени од реакции
7.049
Инаку ова е 8-ма победа на Македонија на Европските првенства.
Интересна перспектива. Многу помалку отколку што мислиме дека имаме. Интересно е и дека верувале или не, највисоката победа ни е од само 6 разлика против Чешка, а нашите очекувања се дека минимум со по толку треба сите да ги победуваме...
Автоматски споено мислење:

море два три пати и 7:5 ни изиграа, емпти гоал кога бевме со казнет играч !!
Туку не ја гледав пријателската со Словенија, што мислите како игравме вчера споредбено со таа со Словенија ??
Тоа беше стварно чудно, никогаш претходно не сум видел 7 на 5, обично го враќаат голманот кога имаат предност со играч повеќе сите екипи.

А за пријателската со Словенија, вчера бевме далеку подобри.
Автоматски споено мислење:

Уште 2 работи што се сетив во меѓувреме:
- Една од главните причини зошто немавме мирна завршница - 4 или 5 од топките кои ги одбрани Митревски отидоа директно во рацете на украинците или во аут и од новите акции мислам дека скоро сите пати дадоа гол. Со тоа практично ја негиравме одличната партија на Митревски. Дел е неспретност, дел е и немање среќа. Можеби дел е и недоволна борбеност во споредба со украинците. Да не беше ова случај ќе имавме многу полесен триумф.
- Во второ физички доста падна Столе, а делумно и Никола Маркоски. Тоа во пакет со фактот што не можеа секогаш да го заменат Кире доведе до ситуации каде буквално цели последни 15-20 минути континуирано ни ја рушеа одбраната на позиција 2, дали меѓу 1 и 2 или меѓу 2 и 3. Не го обвинувам Столе тука, есктремно тешко е да играш таков натпревар цело време во 2 правци. Мора да се најде замена, поширока ротација и други солуции во одбрана, пример Пешевски да е подобар.
 
Последно уредено:
Член од
19 август 2010
Мислења
4.129
Поени од реакции
10.203
За жал се се одвива како што прогнозирав и пред почеток на првенството. Додавачот Кузмановски во целост ги исполни моите очекувања за него, дури и се надмина, за другиот додавач Талевски ќе кажам не беше толку лош у целина иако неговиот придонес е некако у некои 2-3 минути од натпреварот и после нишо, што не е некоја помош за Кирца, Столе и Никуч. Доста лимитирана репка сме, провидна.. ова се коментирав и пред првенство. Среќа тепавме некако па најоптимистите ќе продолжат да сонуваат. Чешка исто не е некоја не знам каква репка ама за Украина е ѕвер. Имаат поразноврсна игра, и што е најлошо имам некаков впечаток дека воопшто не ни се плашат, и итекако веруваат во победа против нас. Нешто што ми дава мала надеж дека можеме да дојдеме до позитивен резултат е Митревски на голот, и секако двоецот Лазаров-Столе. Само Чешка многу добро знае како функционираме, и ако Брестовац нема подготвено некои изненадувања ни таа игра нема да иде така глатко против Чесите. Натпревар во кој не смееме да си дозволиме толкав број на технички грешки и пред се промашени зицери. За играта во одбрана мислам дека тоа е тоа, и реално од секогаш било така. Ќе видиме. Како што кажав и пред ЕП, јас немам никакви очекувања. Како никогаш до сега лагано си глеам, а во минатото летале папучи у телевизор, грмело цело маало итн. Пак ќе кажам, оставам да ме демантираат. Ама коа ќе се сетам на "додавачот главоња", (одиграј бе бар продив Чешка со муда :D ) некако и најмалиот оптимизам ми спласнува.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.677
Поени од реакции
11.765
јас мислам на Кире под хитно споменик и тоа сам да даде предлог за локација
гревови сме, ке видите како ке помине Украина против другиве репрезентации


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Не ми е јасно како е можно играчи кои играат ( или греат клупа би рекол ) во Бундес Лига , пред тоа играле години во Металург и Вардар, на големи натпревари ( или подобро да се каже грееле клупа, ама барем биле дел од огранизирани тимови ) сега да делуваат како изгубени во просторот.
Жарета ПешевсКОГ:place:, леле мори мајко, каде бе златен со тие АЛА ВАНЧО ДИМОВСКИ УДАРИ ОД СЕЗОНАТА 1999/2000?:facepalm:
Кога се крши резултат, кога губиш тло под нозе ти се однесуваш како да играш со РК Ринија.
Цел тим замрзна, алоо на ЕП сте, не играте во Сеха Лига со некојси РК ШАНГАЈ УНИВЕРЗИТЕТ ( или како и да се вика тој клуб).
Движење на топка, укрстување, игра на втор пикер, вишок до крило, ШТО ЛИ БЕШЕ ОВА?
Ако не беше Кире вчера прашање е и дали 15 гола ќе дадевме ( половина од пенал ќе беа)
Кире, со 8 асистенции, со 8 гола, Столе кој сам на грб го изнесе цел ќотек кој го доби од Украинските суртуци.
И покрај сите овие фактори, доаѓаш до ситуација на +5 во второ полувреме, против грогиран противник, кој направи повеќе технички грешки од што даде голови и се тресиш за победа, против Украина, со Жуков, Буиненко ( единствен десен бек, што ќе беше да играше Онафриенко, екс ПСЖ), Острушко кој имаше 4 од 20 реализација и истрчани 300 метри на цела утакмица ( побавен од желка е другарчето )+ цела компанија резервисти од Мотор, ХЕЛОУУУУ.
Пикерот на Украина небаре Бјарте Мирхол, се изнаигра дечково покрај нашата грамадна централна зона.
Нека му се поклонат од стручниот штаб на вечниот талент Николче Митревски, доколку не беше стариот надежен дечко, да скини над 7,8 чисти зицер шутеви вчера со онаа криминална игра ќе изгубевме најмалку 3 разлика.
Упорно и упорно се форсира иста постава, Талески и Кузмановски заедно, која повеќе од очигледно е дека не е компатибилна, се гушат двајцата.
Кузмановски не е среден бек, најдобрите партии во Металург ги даде на лев бек, или кога при укрстување доаѓаше до својата природна позиција.
Не знам од која логика упорно и упорно го играат Талески по 50 и кусур минути, само го мачат детево,сериозно.
Ниту напади пресекува во одбрана, ниту се враќа навремено да го затвори протокот на топка до пикер, ниту има време да постави блок при некој удар.
За напад тотално бескорисен, последен играч во напад, ниту прави простор за другите бекови, нема конекција со пикер, со Лазаров години играат заедно нема никаква квалитетна игра по дијагонала, кога имаме играч плус, да се избегне додавањето со средниот бек и да се скрати времето за напад при создавање на вишок.
Танкоски, во овај би рекол мизерен ростер на бекови што го имаме на лагер е единствено можно решение според мене за плеј, не смее да има други.
Сташ Скубе, АПСОЛУТНО ДА, во ваква ситуација кога немаме диригент на игра, таков играч ни е или во случајот беше за ова ЕП повеќе од потребен.
За да не се доведуваме во ситуација да го касапат Столе, кој добива топка свртен со грб, и да се бори со 3 ца киклопи.
Да не беше Столе вчера и да не ги изнудеше сити тие минути плус кај ќе ни беше крајот, со таа мизерна игра во напад против комплетна одбрана на противникот?
АПСОЛУТНО ВО ПРАВО Е КИРЕ, ЗА СИТЕ КРИТИКИ, ПОПЛАКИ КОН ВЕЧНИТЕ ТАЛЕНТИ.

Скептик сум за натамошниот тек на групата, посебно ако не корегираат нешто драстично во играта.
Гледајќи ја Чешка, како нареден противник.
Имаат далеку поголем и пред се поквалитетен офанзивен потенцијал од Украина, за неколку класи би рекол.
Доколку се игра онаа одбрана како со Украина во второ многу тешко ќе оди, не не спасува ни голман ни ништо.
Техничари како Здрахала, Бабак, Бечвар, тешкаш како Хорак, незгоден левичар и шутер како Каспарек, крила како Јурка и Хрстка, и пикерот Земан доста солиден, кога ќе се види што ни направија Украина на линијата којзнае што ќе биде утре со Чесите.
Мора да се поправат драстично, доколку не, нема што да бараат со Чешка.
Надеж постои, во повеќето мечеви за директен пласман сме успевале да ги добиеме, но сега дојдоа други времиња, други играчи.
Со овај ростер на играчи што го имаме не можеме да се базираме на традицијата.
Го нема Миркуловски повеќе, незаменлив играч.

Чешка низ години и сите тие пресметки што ги имавме извадија далеку поголем број на солидни играчи со кои може да ни парираат, ние од друга страна стагнираме и имаме драстичен пад на квалитет, а нивното првенство и клубови се послаби од нашите, но школите функционираат на некој друг начин.
А и со Австрија, домаќини, притисок, судии и што ли уште не, два расположени супер бекови со стил на игра за кои немаме соодветен тип на играчи во одбрана за да одговориме, ќе биде многу тешко.
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Не ми е јасно како некој може да пишува било што против Кире, па 30 топки да шутне и да промаши пак нема да коментирам ништо. Да не беше човекот немаше да видиме ни европско, ни светско, ќе си тапкавме во место како што тапкаме и со кошаркава сега. Човекот е еден од најдобрите играчи во историјата на ракометот, најдобар спортист на сите времиња во Македонија, па се дрзнуваат луѓе да зборуваат контра него. Класи се во прашање од него па до останативе во репрезентацијата. Човекот неколку напади по ред само креваше раце зошто секоја ебана топка у ја даваа нему, другар ако не те бива за ракомет почни нешто друго да тренираш, и јас можам да појдам и да му ја подавам топката во раце на Кире да шутира само.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
525
Поени од реакции
393
Мене некако ми фалат акции од крила, скоро и да ги немаше,Брестовац вози стил на Червар,две грешки и ги менува играчите делува добро иако нема некои интересни тактики,позитивно е и што Митревски е стартер,лошо испадна кога ние имаме играч повеќе и таа тактика со 2 пикера не направи добра разлика. На среден бек мислам дека би било добро да се оди на изненадувања да става Маџовски,Танкоски,Крстевски,Кузмановски да ротира повеќе со Талески отколку среден. Одбраната дефинитвно е експериментална т.е невоиграна,а тоа троши енергија и ресурси можеби треба бавна игра со повеќе ротација да работиме тие што не добиваат минута да добијат нешто во одбрана да се ризикува со Чешка. Да се надеваме дека Украина и на другите ќе прави проблеми.
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
Тоа само укажува колку ние сме "ракометна нација".
Не само среден ни десен бек нема никаков,20 години неможе никаква замена за Лазаров да се најде барем по 20 минути да го одмара Кире.
Затоа се мотаат низ репрезентацијава ликови како Велковски,Митков итн.
у случајов Митков е ѕвезда за велковски и серафимов,, може и назад да покрие
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.193
Поени од реакции
4.033
Не ја величајте толку Чешка. Најпосакуван противник беше за сите репрезентации од втор шешир па надолу. Исланд ја победи Данска денес, истиот Исланд кој ние на квалификацииве на гости ги тепавме. Утре реванш против Чешка за поразот пред две години (кој според мене беше класична карма за тоа што нашиве им ја пуштија на Шпанците утакмицата).
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.996
Поени од реакции
7.152
Јас мислам дека нема место за некој голем оптимизам. Многу ограничена репрезентација сме и непредвидлива, и за противникот и за самите себе. Може да водиме 5-6 разлика ама мајстори сме да прокоцкаме предност и да се драматизираме последни 3 минути. Исто може и да стигнеме 5-6 негатива ако не фатат на инат и ако се разбрани голманот. Се надевам Митревски ќе го брани 70-80% првенствово, ваков голман со вакви % ни треба, а не министерот кој брани со бирање страна цел живот небаре фудбал е ова па 7 метри е голот мора страна да одбери со време. Со Чешка мислам ќе не водат тие поголем дел 2-4 разлика, ама секако ќе се вратиме при крај, да потрошиме залихите на диазепами на народов. Штета што и да тепаме, тие бодови нема да се пренесат ако Австрија си тепа со Украина, па така би останале ние со ко-домаќинот да се колеме за тие 2 бода во последното коло, каде мислам немаме шанси. Утре кој и да тепа, нема да биде со повеќе од 2 разлика, ама типувам на Х :D.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.773
Поени од реакции
17.000
Не ја величајте толку Чешка. Најпосакуван противник беше за сите репрезентации од втор шешир па надолу. Исланд ја победи Данска денес, истиот Исланд кој ние на квалификацииве на гости ги тепавме. Утре реванш против Чешка за поразот пред две години (кој според мене беше класична карма за тоа што нашиве им ја пуштија на Шпанците утакмицата).
да, го тепавме Исланд, ама тогаш и Столе не беше рековалесцент, Пешевски беше солиден а Гоце искина...
 
Член од
11 август 2017
Мислења
570
Поени од реакции
514
За жал се се одвива како што прогнозирав и пред почеток на првенството. Додавачот Кузмановски во целост ги исполни моите очекувања за него, дури и се надмина, за другиот додавач Талевски ќе кажам не беше толку лош у целина иако неговиот придонес е некако у некои 2-3 минути од натпреварот и после нишо, што не е некоја помош за Кирца, Столе и Никуч. Доста лимитирана репка сме, провидна.. ова се коментирав и пред првенство. Среќа тепавме некако па најоптимистите ќе продолжат да сонуваат. Чешка исто не е некоја не знам каква репка ама за Украина е ѕвер. Имаат поразноврсна игра, и што е најлошо имам некаков впечаток дека воопшто не ни се плашат, и итекако веруваат во победа против нас. Нешто што ми дава мала надеж дека можеме да дојдеме до позитивен резултат е Митревски на голот, и секако двоецот Лазаров-Столе. Само Чешка многу добро знае како функционираме, и ако Брестовац нема подготвено некои изненадувања ни таа игра нема да иде така глатко против Чесите. Натпревар во кој не смееме да си дозволиме толкав број на технички грешки и пред се промашени зицери. За играта во одбрана мислам дека тоа е тоа, и реално од секогаш било така. Ќе видиме. Како што кажав и пред ЕП, јас немам никакви очекувања. Како никогаш до сега лагано си глеам, а во минатото летале папучи у телевизор, грмело цело маало итн. Пак ќе кажам, оставам да ме демантираат. Ама коа ќе се сетам на "додавачот главоња", (одиграј бе бар продив Чешка со муда :D ) некако и најмалиот оптимизам ми спласнува.
100% си во право, Чешка има добар ростер, а ние се молиме во Кире, Никола и Стоилов.
Моја прогноза + 4 за Чешка.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Де некој што е во Германија и ја гледал претходната утакмица нека ми прати линк за да можам вечер да ја гледам на раат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom