Група А (Фра, Пол, Рус, Бра, Јап, Нор)

Кои четири селекции ќе ја минат групата А?


  • Вкупно гласачи
    36
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.456
Поени од реакции
68.735
Франција доби релативно лесна група на патот кон врвот на ова светско првенство.
Пољаците кои треба да им бидат главен ривал и натпреварувањето го почнуваат како екипа која доаѓа од вториот шешир ќе бидат видно ослабени во обидот да ја одбранат бронзата од претходното СП.
Тројцата лидери во тимот Шмал, Биелицки и Лиевски се опростија од репрезентацијата, а Душебаев остана и без Јурецки во пресрет на првенството.
Ќе биде интересно да се види како Шпанецот ќе ја постави играта со сосема нова бековска линија. Во квалификациите за ЕП не се прославија премногу. И покрај тоа што го имаа Биелицки во составот, изгубија како магариња од Романија и од Србија дома.
Имаат среќа што и останатите екипи во групата не се на којзнае какво ниво.
Русите стандардно се секогаш недокажани. Ќе фатат залет, ќе одиграат добри напади, ама ќе потфрлат во одбрана, голманот нема да фати топка и ќе изгубат :icon_mrgr:
Во составот имаат тројца сегашни Вардарци (Дибиров, Шишкарев и Деревен) и тројца играчи кои исто така ни се познати (Чипурин, Атман и Горбок).
Русиве мислам дека ОТСЕКОГАШ играле со истиве играчи. Не знам зошто, ама секогаш ми се чини дека го имаат истиот состав. Месечарот Богданов на голот, Киреев кој знае да изигра добра партија, бековска линија со Шелменко, Житников, Атман, Деревен, Горбок...
И они веројатно го чекаат моментот кога ќе одиграат на ниво во сите натпревари и конечно ќе извадат пласман во најдобрите репрезентации.
Имаат реална можност да финишираат како втори пред Полска и треба да ја искористат шансата.
Французите се фаворити во групата.
Нема потреба да се коментира состав како нивниот :D
За Јапонците немам никаква идеја, не познавам ниту еден нивни ракометар и веројатно ќе имаат само епизодна улога, освојувајќи го последното место.
Бразилците со нивниот брз ракомет ќе вложат напор да стигнат до позиција која води во наредната рунда. Ги имаат Тешеира, Тиагус ПетруШ дос СантоШ :D и Толедо на бековската линија и неколку џинови на пикер, предводени од Вардарецот Фереира.
За крај ја имаме Норвешка која за влакно не стигна до Европската круна минатиот јануари.
Составот предводен од ветераните Мирхол и Еревик, ќе се обиде повторно да не изненади.
Ќе видиме дали овојпат ќе биде прочитана играта на О'Саливен, Сагосен, Тонесен, Реинкинд...

Пошироките состави може да се видат овде. Не знам дали имаат истакнато и конечни состави :(
Франција, Полска, Русија, Норвешка, Јапонија, Бразил.

Првенството го отвораат Франција и Бразил со дуел во Париз, додека останатите натпревари се играат во Нант.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.916
Поени од реакции
84.333
Леле колку е лесна групава, со сите освен Франција и Норвешка може да се носиме...

Франција би требало 5 од 5 да извади во групава и тоа со половични сили..
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Леле колку е лесна групава, со сите освен Франција и Норвешка може да се носиме...

Франција би требало 5 од 5 да извади во групава и тоа со половични сили..
Да и ние ги тепаме Тунис и Ангола, губиме од другите, и нормално вкрстуваме со Франција и јадеме 50 комада
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.456
Поени од реакции
68.735
Само што премногу тешко ќе биде да завршиме барем трети :D

Французиве откорнаа во првиов дуел, Омејер ги отпиша Бразилците уште во први 15 минути. Каква одбрана изиграа, секоја чест.
Се изнаротира Динар во вториот дел, нема кој не доби шанса и повторно си тепаа убедливо.
Колкав скок има овој Ниокас (Њокас :D), мајмун невиден. Кога ја скуца таа од крило, мислев ќе го прескокне голманот. Имаше неколку насилни влезови, како само ги доминираше противниците.
Нашиов Вардарец со неговата конституција беше немоќен и во одбрана и во напад, па сега видете какви животни се Французиве.
Од Бразилциве Толедо блесна на моменти, убаво ги залажа во неколку наврати со селската финта, кога се крева на шут и прави експлозивен влез, па реализира. Во два напади по ред излета тројца противнички ракометари.
Видоа Бразилците дека нема што да бараат денес, па и они се опуштија. Мислам дека ова не е нивното вистинско издание.
Франција со денешното издание со пола гас, одличната атмосфера која мора да се пофали, со сигурност се истакнува како фаворит за највисок пласман.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.141
Поени од реакции
5.264
После тие 10 одбрани за 14 минути на Омејер слободно можеа да исклучат светло да не трошат струја и да заврши утакмицата. Каков ѕвер е човекот .. голманиште на тие години му нема рамен уште како 20 години да има така брани со желба и жар... со лептирот кога му симна зицер на пикерот .. детството му го зема .. а капак беше пречката што се одби директно во раце на Абало тоа уште 100 пати да ја фрлат нема баш така да му падне во раце, можеше со глава да ја спука у гол ..
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.218
Поени од реакции
4.964
Чорба Бразил, очекував барем во подобро светло да се покажат, ниту во второто не се издигнаа кога французите го изротираја цел состав, 5 пати шутнаа на празен гол, 6 пати промашија :pos: Особено тој вториот голман кога шутираше, апла цел гол го промаши, погоди некој редар на трибина :D
Освен Толедо другото е гола вода во цел Бразил.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Колте, ако сакаш правилно да го изговориш бразилецон Петруш, ќе биде ТиагуШ ПетруШ дУШ СантУШ*. :D
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
541
Поени од реакции
284
тешеира а не текшеира, ме нервира коментаторот
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.916
Поени од реакции
84.333
Да и ние ги тепаме Тунис и Ангола, губиме од другите, и нормално вкрстуваме со Франција и јадеме 50 комада
Битно е да се учествува! :D

Јбг, ако победиме против Ангола ќе мора да бркаат некако трета победа нашиве пошто со Франција не ни бега катастрофа
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Игра ли Карабатакот за Франција? Каде може да видам кој играл кој не
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Francuzite se izlezeni na teren pod zakana deka ke bidat ubieni.Ne im se odi.

Japoncite 8 gola do 18-ta minuta i 20 minuti potoa imaa 9 gola.:cuc::tapp::pos:

Rakometot go imaat sfateno so fintata lazen shut..Vo edna akcija po 6 pati go pravat toa.:lolzz:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Добри се Бразилците, според резултатов што го гледам. Цела утакмица водат со минимум 5 разлика.
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.762
Поени од реакции
20.475
Немам гледано поаматерски ракомет од ова Бразил Јапонија и наедниве и на другиве нападот им е исклучиво fake shot, ако пороџе проџе ако не јебига.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom