- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.433
- Поени од реакции
- 68.567
Франција доби релативно лесна група на патот кон врвот на ова светско првенство.
Пољаците кои треба да им бидат главен ривал и натпреварувањето го почнуваат како екипа која доаѓа од вториот шешир ќе бидат видно ослабени во обидот да ја одбранат бронзата од претходното СП.
Тројцата лидери во тимот Шмал, Биелицки и Лиевски се опростија од репрезентацијата, а Душебаев остана и без Јурецки во пресрет на првенството.
Ќе биде интересно да се види како Шпанецот ќе ја постави играта со сосема нова бековска линија. Во квалификациите за ЕП не се прославија премногу. И покрај тоа што го имаа Биелицки во составот, изгубија како магариња од Романија и од Србија дома.
Имаат среќа што и останатите екипи во групата не се на којзнае какво ниво.
Русите стандардно се секогаш недокажани. Ќе фатат залет, ќе одиграат добри напади, ама ќе потфрлат во одбрана, голманот нема да фати топка и ќе изгубат
Во составот имаат тројца сегашни Вардарци (Дибиров, Шишкарев и Деревен) и тројца играчи кои исто така ни се познати (Чипурин, Атман и Горбок).
Русиве мислам дека ОТСЕКОГАШ играле со истиве играчи. Не знам зошто, ама секогаш ми се чини дека го имаат истиот состав. Месечарот Богданов на голот, Киреев кој знае да изигра добра партија, бековска линија со Шелменко, Житников, Атман, Деревен, Горбок...
И они веројатно го чекаат моментот кога ќе одиграат на ниво во сите натпревари и конечно ќе извадат пласман во најдобрите репрезентации.
Имаат реална можност да финишираат како втори пред Полска и треба да ја искористат шансата.
Французите се фаворити во групата.
Нема потреба да се коментира состав како нивниот
За Јапонците немам никаква идеја, не познавам ниту еден нивни ракометар и веројатно ќе имаат само епизодна улога, освојувајќи го последното место.
Бразилците со нивниот брз ракомет ќе вложат напор да стигнат до позиција која води во наредната рунда. Ги имаат Тешеира, Тиагус ПетруШ дос СантоШ и Толедо на бековската линија и неколку џинови на пикер, предводени од Вардарецот Фереира.
За крај ја имаме Норвешка која за влакно не стигна до Европската круна минатиот јануари.
Составот предводен од ветераните Мирхол и Еревик, ќе се обиде повторно да не изненади.
Ќе видиме дали овојпат ќе биде прочитана играта на О'Саливен, Сагосен, Тонесен, Реинкинд...
Пошироките состави може да се видат овде. Не знам дали имаат истакнато и конечни состави
Франција, Полска, Русија, Норвешка, Јапонија, Бразил.
Првенството го отвораат Франција и Бразил со дуел во Париз, додека останатите натпревари се играат во Нант.