пред да стигнеме до единство по одредени прашања треба да направиме разлика помеѓу предполитичкото и политичкото. мене ми пречи што постојано се натураат политички прашања за предполитички теми, јас или било кој не може да бара единство за политички теми но не може да се драпа за теми како што се
идентитет и име тоа право никој го нема и тоа треба
јасно да се каже.
за тоа кога овие ги подржале постапките на оние искрено не знам и двете структури беа заглавени во калта благодарение на кадровското јадро. јас сум оптимист дека со промената на луѓето која се случи кај двете најголеми партии ќе се промени нешто во самото разбирање на политиката и водењето на политичката борба.
мислам дека веќе го постирав ова ама еве уште еднаш моето мислење за нашава ситуација:
“ А, тоа што вели дека Хермоген не е твоето вистинско име, претпоставувам дека тој тоа го кажува на шега; можеби смета дека ти секогаш кога си насочен на пари, ја пропушташ добивката”
Платон
Обидот да се излезе од нашава калакурница е едноставен невозможен, секој ден за нас е проверка [ дал буден сум, ил сонувам ] – притиснати на компромис притискаме за компромис.
Ние не спремаме одбрана ние продуцираме аргументи кои тие ги користат против нас, не ја браниме својата вистина браниме туѓа, не водиме наша војна учествуваме во туѓи.
Нашата интелектуална, медиумска, бизнис елита има фабричка мана таа не е наша елита, таа е слуга во туѓ двор, таа велича туѓи херои убивајки ги нашите идеали.
Ние љубиме да бидеме владеени, нам не ни пречи да плаќаме данок полнејки туѓ буџет, не ни пречи да градиме туѓи театри, споменици – Крал Александар или Цар Борис би прилегале на вашиот мочан плоштад.
.....
Повторно деновиве ја слушаме мантрата компромис, компромис, компромис – наша задача е да ги уточниме работите – за да има компромис мора да има спор а спор нема има само сеприсутна хистерија продуцирана од разно разни интересни групи, чудни миксови на пиљарско-медиумски картели, банкарско-шпедитерски дружини, соросоидни инфилтратори, разни Оливери, Билјани...
.....
Ние не сме репресивна држава веројатно затоа што не сме држава, [ во “европска” смисла на поимот ] ние сме dream come true со мали фалинки кои што можеме да ги поправиме ...
еве
генијалецот пробува да биде
саркастичен:
„Прашањето за името не смее да биде прашање на раздор, туку прашање на обединување“, вели Никола Груевски. Бива. Еве прв чекор од моја страна. Решив да се обединам и сериозно да го прифатам предлогот на Ристо Никовски со Вардар во заграда, со извесна модификација.
Имено, мислам наместо Вардар треба да ја застапиме реката Црна. Таа е подолга, почиста, поубава и поживописна од валканиот и загаден Вардар. Освен тоа, таа е географска одредница, но и одредница за политичкиот поредок во нашата земја.
Значи, предлагам да се обединиме околу „Република Македонија (Црна)“.
http://geroski.mk/republika-makedonija-crna/