Греење со пелети

Член од
18 април 2014
Мислења
373
Поени од реакции
678
Сакав да прашам, сите вие шо сакате секаде да ви е топло секаде и во вц.
Не сакате во лето на 45 степени да ви е 25-26 степени додека сте у вц?
Или зимно на 14 степени у вц е ладно и мора да се топли, ама лето 35 степени е ок и не мора да се лади :)

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
D

Deleted member 95595

Гостин

Iskreno, jas nemozam da razberam shto e problemot so toa da imas ladno WC? Nikogas ne sum mozel da razberam. Pa mozis da zemis eden kalorifer 650 denari, da go pushtis ravno 4 minuti da poduva pred da vlezis da se kapis i to e to, kako shto pravam jas. A ako sakas da kakas samo na 25 stepeni, togas ok, moras da go grees i WC-to.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
23
Поени од реакции
2
Дали има некој искуство со Милкуз?
Сакам да купам котел од типот Boiler King 40kw.
Треба да затоплам три спрата по 90 м2.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570

Не сакаш да купуваш ништо од Милкуз, верувај ми.

Подобро купи си од Еко Шпар, барем нивните котли на пелети доаѓаат со отвор за отстранување на пепелта која останува во внатрешните цевки, додека кај котлите на пелети на Милкуз, мораш да ја отштрафуваш горната плотна, па со правосмукалка да ги чистиш сите внатрешни цевки една по една и да голташ прашина истовремено.

Тоа е еден ден во годината кога воопшто не ми е мило бидејќи користам котел на пелети од Милкуз, така да верувај ми, не сакаш ништо да купуваш од кај нив, подобро купи си од Еко Шпар.
 
А освен тоа со чистењето , дали останатиот дел е во ред...дали загрева како што треба и дали електрониката е о
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
А освен тоа со чистењето , дали останатиот дел е во ред...дали загрева како што треба и дали електрониката е о
Загрева како што треба и немам за што да се пожалам за електрониката, со исклучок на еден од двата грејачи - или запали/упаљачи, како што ги нарекуваат, но во пракса се грејачи исти како грејачите за бојлер или како грејачите кај електричните греалки - кои ги загреваат пелетите додека да се запали огнот, кој се расипа пред некоја година и само го отстранија без да го заменат, па сега котелот работи со само еден грејач, наместо со два, но сепак не се забележува никаква разлика.

Единствено нешто поврзано со електрониката што не ми се допаѓа кај котлите на Милкуз, е тоа што доаѓаат со упатство на англиски јазик во кое нема детален опис за тоа како да се подесува дозирањето на пелети, до денешен ден не ја имам решено таа проблематика.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
270
Поени од реакции
190

По детално пребарување на интернет,форуми итн конечно најдов целосен опис (оригинален документ од Бурнит) со 44 страници составено каде е доста објаснето... Единствен недостаток е тоа што е на бугарски јазик (тоа не би требало да е проблем бидејќи бугарски ко бугарски сличен е како нашиов или основно кажано google translate е тука :p. Ако ви треба овој документ можам да ви го пуштам преку пп (или доколку некој сака). Во однос на потрошувачка односно до врвреметраењето на полжавот на пелети се подесува поединечно за секој степен.. Пример од 1 до 5 (јачина на котелот) треба за 3 дозирањето да се подесува посебно, за 4 посебно итн. . Прашај си за ова преку телефон може преку телефон да ти објаснет како да се подесува веројатно (бидејќи си од Скопје не ќе можат да дојдат само заради тоа бидејќи не е дефект) . За овај проблем известувај ме преку пп све што ќе ти кажат... Поздрав
 
Член од
20 јули 2017
Мислења
18
Поени од реакции
4

Сподели тука ако не ти е проблем https://www.facebook.com/groups/greenjenapeleti/
 
Член од
14 април 2007
Мислења
23
Поени од реакции
2
Дали некој може да сподели искуство со монтирање на котел. Колку чини, каков мајстор да се бара, од кај да се бара?
 
Член од
23 август 2009
Мислења
176
Поени од реакции
31
Здраво, нов сум во темава ја прочитав од почеток до крај, па ме интересира некој расположен да ми објасни за греење на куќа од 200м2 односно два спрата со солидна изолација колкава печка треба т.е зборам за печка на палети за парно греење, дали во просторијата каде што е печката треба радиатор,дали испушта самата печка топлина и знам имаше субвенции дали уште важат?
Фала

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Сакаше да кажеш котел на пелети.

Да ти бидам искрен, ако станува збор за разделено семејство - браќа/сестри со свои семејства, за мир во куќа најдобро би било по два котли на пелети, односно по еден котел на пелети со моќност од 12 киловати на секој кат, по можност во најголемата соба да биде поставен или во големиот ходник - ако го има.

Во спротивно, ако сте сложно семејство, тогаш котел на пелети со моќност од 27 киловати ќе ви биде потребен за греење на 200 метри квадратни, или котел на пелети со моќност од 25 киловати, но таквиот е наменет за греење на 180 метри квадратни, не знам колку ќе ви заврши работа за двокатна куќа.

Ако живееш во Скопје, најдобро ќе биде да побараш совет во Техно Ауто во Три Бисери во Аеродром, тие продаваат котли на пелети од Термофлукс од Босна и Херцеговина.

http://tehnoauto.com.mk/

Термофлукс се добри, а ако сакаш македонски производ со македонска гаранција и македонски сервис, Еко Шпар исто така ќе ти завршат работа.

http://www.ecospar.com.mk/mk
 
zabiste

Ако не ааа ако не...
Член од
8 октомври 2013
Мислења
239
Поени од реакции
699
Здраво на сите, имам прашање до поискусните.

Планирам да земам котел на пелети, од прилика 20-25kw, за куќа на два спрата од по 90м2 т.е. 180м2 вкупен простор. Сакам да наместам парно за котелот. Изолација на прозорци е пвц и е доста добра, изолација на фасада не мн добра, но не е и за жалење (со план за подобра изолација на фасада за брзо време).

Прашањето ми е, колкава би изнесувала потрошувачката за пелети на месечна база? Дали се исплаќа за толкав простор котел на пелети?
 
Котел на пелети со моќност од 25 киловати добро ќе ти заврши работа за загревање на куќата, без разлика дали фасадата има добра изолација или не.

А кога сме кај потрошувачката, истата зависи од моќноста на котелот, од брзината на која е конфигуриран котелот да работи, како и од времетраењето на употребата на котелот.

На официјалниот веб сајт на Техно Ауто, објавена е табела со техничките спецификации на босанските Термофлукс котли на пелети кои ги продаваат. Претпоставувам дека истите или слични технички спецификации важат и за котлите на останатите производители.

Како и да е, на табелата објавена подолу на Интернет страницата кон која води наредниот линк, пишува дека котлите на Термофлукс со моќност од 25 киловати трошат помеѓу 1.6 и 5.2 килограми пелети за 1 час - во зависност од тоа на која брзина е конфигуриран котелот, колку е поголема брзината, толку е поголема потрошувачката.

http://tehnoauto.com.mk/kotli-na-peleti-thermoflux-pelling/

Најверојатно иста е потрошувачката и кај котлите на пелети од други производители.

Јас загревам 4 собен стан од 90 метри квадратни со котел на пелети со моќност од 12 киловати, но оваа зима 2017/2018 е топла, претежно го оставам котелот да се вклучува наутро и да работи 1 час, па понекогаш ако залади навечер го вклучувам и го оставам вклучен 2 до 3 часа, понекогаш и помалку од 2 часа, бидејќи оваа зима навистина е топла. Оваа топла зима трошиме отприлика половина вреќа од 15 килограми за 1 ден.

За разлика од оваа зима, ланската зима 2016/2017 беше студена и вообичаено трошевме помеѓу 1 до 1 ипол, а понекогаш и 2 вреќи од 15 килограми дневно, бидејќи котелот често го остававме вклучен.

Исто така, важен фактор кај потрошувачката е` и квалитетот на пелетите, се` што е под А1 класа се троши побрзо. Оваа зима 2017/2018 потрошивме повеќе од 30 вреќи Bioenergy Point од А2 класа, а изминативе месец ипол користиме 4U пелети од А1 класа и ептен долго време се трошат, а и котелот многу побрзо загрева со нив.

http://www.on-tim.com.mk/peleti.html

Иако на веб сајтот на Он-Тим пишува дека пелетите 4U се италијански, всушност се произведени во Бугарија, но наводно сопствениците на фабриката во Бугарија се Италијанци или фабриката работи со некаква италијанска технологија и со италијанска лиценца. Како и да е, максимално сум задоволен од пелетите 4U.

Мора да се биде внимателен со набавката на пелети, бидејќи пред се`, мораат да бидат чисти, односно да нема остатоци од дрвца или дрвени парчиња во вреќите, бидејќи можат да ја заглават спиралата која ги внесува пелетите од резервоарот во каминот, а ако спиралата заглави, тогаш котелот е надвор од употреба и ќе мора да доаѓа сервисер за да ја одглави спиралата, а во меѓувреме домот останува без греење.
 
Последно уредено:

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
736
Поени од реакции
660
Здраво на сите, имам прашање до поискусните.

Планирам да земам котел на пелети, од прилика 20-25kw, за куќа на два спрата од по 90м2 т.е. 180м2 вкупен простор. Сакам да наместам парно за котелот. Изолација на прозорци е пвц и е доста добра, изолација на фасада не мн добра, но не е и за жалење (со план за подобра изолација на фасада за брзо време).

Прашањето ми е, колкава би изнесувала потрошувачката за пелети на месечна база? Дали се исплаќа за толкав простор котел на пелети?
Возам кола 1600 кубици 110 кс гумите ми се излижани ама амортизерите добри кој може да ми каже колку ќе троши месечно ако ја возам не малку не многу, така чат-пат???
Батко никој не може да ти каже точно колку ќе трошиш и прецизни параметри да наведеш а не од прилика вака така. Ако си се греел на дрва претходно ќе трошиш исто +;- ако си се греел на струја помалку зборам за пари. Греењето на пелети е поефтино од Греењето на струја заради што струјата е поскапа. Инаку инсталацијата на струја е поефтина заради котелот на струја конкретно, цената му е од прилика 1/3 од котелот на пелети. Овие цени беа јас кога местев пред две години верувам нема голема промена.
 
zabiste

Ако не ааа ако не...
Член од
8 октомври 2013
Мислења
239
Поени од реакции
699
Котел на пелети со моќност од 25 киловати добро ќе ти заврши работа за загревање на куќата, без разлика дали фасадата има добра изолација или не.

А кога сме кај потрошувачката, истата зависи од моќноста на котелот, од брзината на која е конфигуриран котелот да работи, како и од времетраењето на употребата на котелот.

На официјалниот веб сајт на Техно Ауто, објавена е табела со техничките спецификации на босанските Термофлукс котли на пелети кои ги продаваат. Претпоставувам дека истите или слични технички спецификации важат и за котлите на останатите производители.

Како и да е, на табелата објавена подолу на Интернет страницата кон која води наредниот линк, пишува дека котлите на Термофлукс со моќност од 25 киловати трошат помеѓу 1.6 и 5.2 килограми пелети за 1 час - во зависност од тоа на која брзина е конфигуриран котелот, колку е поголема брзината, толку е поголема потрошувачката.

http://tehnoauto.com.mk/kotli-na-peleti-thermoflux-pelling/

Најверојатно иста е потрошувачката и кај котлите на пелети од други производители.

Јас загревам 4 собен стан од 90 метри квадратни со котел на пелети со моќност од 12 киловати, но оваа зима 2017/2018 е топла, претежно го оставам котелот да се вклучува наутро и да работи 1 час, па понекогаш ако залади навечер го вклучувам и го оставам вклучен 2 до 3 часа, понекогаш и помалку од 2 часа, бидејќи оваа зима навистина е топла. Оваа топла зима трошиме отприлика половина вреќа од 15 килограми за 1 ден.

За разлика од оваа зима, ланската зима 2016/2017 беше студена и вообичаено трошевме помеѓу 1 до 1 ипол, а понекогаш и 2 вреќи од 15 килограми дневно, бидејќи котелот често го остававме вклучен.

Исто така, важен фактор кај потрошувачката е` и квалитетот на пелетите, се` што е под А1 класа се троши побрзо. Оваа зима 2017/2018 потрошивме повеќе од 30 вреќи Bioenergy Point од А2 класа, а изминативе месец ипол користиме 4U пелети од А1 класа и ептен долго време се трошат, а и котелот многу побрзо загрева со нив.

http://www.on-tim.com.mk/peleti.html

Иако на веб сајтот на Он-Тим пишува дека пелетите 4U се италијански, всушност се произведени во Бугарија, но наводно сопствениците на фабриката во Бугарија се Италијанци или фабриката работи со некаква италијанска технологија и со италијанска лиценца. Како и да е, максимално сум задоволен од пелетите 4U.

Мора да се биде внимателен со набавката на пелети, бидејќи пред се`, мораат да бидат чисти, односно да нема остатоци од дрвца или дрвени парчиња во вреќите, бидејќи можат да ја заглават спиралата која ги внесува пелетите од резервоарот во каминот, а ако спиралата заглави, тогаш котелот е надвор од употреба и ќе мора да доаѓа сервисер за да ја одглави спиралата, а во меѓувреме домот останува без греење.
Ти благодарам за информациите
 
Kajgana Shop

На врв Bottom