Котел на пелети со моќност од 25 киловати добро ќе ти заврши работа за загревање на куќата, без разлика дали фасадата има добра изолација или не.
А кога сме кај потрошувачката, истата зависи од моќноста на котелот, од брзината на која е конфигуриран котелот да работи, како и од времетраењето на употребата на котелот.
На официјалниот веб сајт на Техно Ауто, објавена е табела со техничките спецификации на босанските Термофлукс котли на пелети кои ги продаваат. Претпоставувам дека истите или слични технички спецификации важат и за котлите на останатите производители.
Како и да е, на табелата објавена подолу на Интернет страницата кон која води наредниот линк, пишува дека котлите на Термофлукс со моќност од 25 киловати трошат помеѓу 1.6 и 5.2 килограми пелети за 1 час - во зависност од тоа на која брзина е конфигуриран котелот, колку е поголема брзината, толку е поголема потрошувачката.
http://tehnoauto.com.mk/kotli-na-peleti-thermoflux-pelling/
Најверојатно иста е потрошувачката и кај котлите на пелети од други производители.
Јас загревам 4 собен стан од 90 метри квадратни со котел на пелети со моќност од 12 киловати, но оваа зима 2017/2018 е топла, претежно го оставам котелот да се вклучува наутро и да работи 1 час, па понекогаш ако залади навечер го вклучувам и го оставам вклучен 2 до 3 часа, понекогаш и помалку од 2 часа, бидејќи оваа зима навистина е топла. Оваа топла зима трошиме отприлика половина вреќа од 15 килограми за 1 ден.
За разлика од оваа зима, ланската зима 2016/2017 беше студена и вообичаено трошевме помеѓу 1 до 1 ипол, а понекогаш и 2 вреќи од 15 килограми дневно, бидејќи котелот често го остававме вклучен.
Исто така, важен фактор кај потрошувачката е` и квалитетот на пелетите, се` што е под А1 класа се троши побрзо. Оваа зима 2017/2018 потрошивме повеќе од 30 вреќи Bioenergy Point од А2 класа, а изминативе месец ипол користиме 4U пелети од А1 класа и ептен долго време се трошат, а и котелот многу побрзо загрева со нив.
http://www.on-tim.com.mk/peleti.html
Иако на веб сајтот на Он-Тим пишува дека пелетите 4U се италијански, всушност се произведени во Бугарија, но наводно сопствениците на фабриката во Бугарија се Италијанци или фабриката работи со некаква италијанска технологија и со италијанска лиценца. Како и да е, максимално сум задоволен од пелетите 4U.
Мора да се биде внимателен со набавката на пелети, бидејќи пред се`, мораат да бидат чисти, односно да нема остатоци од дрвца или дрвени парчиња во вреќите, бидејќи можат да ја заглават спиралата која ги внесува пелетите од резервоарот во каминот, а ако спиралата заглави, тогаш котелот е надвор од употреба и ќе мора да доаѓа сервисер за да ја одглави спиралата, а во меѓувреме домот останува без греење.